десет дена крушевска република – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Aug 2022 09:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png десет дена крушевска република – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Завршува манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshuva-manifestacijata-deset-dena-krushevska-republika/ Wed, 10 Aug 2022 09:52:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262119

По синоќешната монодрама „Женска утопија“ во изведба на Димитрина Мицкоска, вечер завршуваат традиционалните научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“. Манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ја организира Општината. Почна на 1 август, на Гумење во Крушево, со настап на бендот „Љубојна“, а ќе заврши вечер, со спуштање на бајракот и настап на Дац & Александар пред споменикот Илинден. На 4 август беше организирана Влашка вечер, а на 5 август се одржа џез-концерт. Во текот на културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“ се одржа и „Кога си во Крушево“ со бројни гости и рекреативни настани. Извор:Курир.мк]]>

„Десет дена Крушевска Република“ со настап на македонски артисти и уметници https://arhiva.vistina.com.mk/deset-dena-krushevska-republika-so-nastap-na-makedonski-artisti-i-umetnici/ Fri, 29 Jul 2022 12:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261041

На отворањето на Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ на 1-ви август ќе настапат 2 оркестри, 4 македонски артисти, заедно со импровизиран напад на градот и читање на Крушевскиот манифест. Настанот ќе биде отворен на споменикот Илинден во 20 часот со настап на Македонска филхармонија и Македонска опера и балет. Околу 22 часот настанот ќе продолжи на „Гумење“ со настап на Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба. „Досега најбогата програма не’ очекува за Илинден и Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“. На отворањето имаме плејада од македонски артисти и уметници, а во текот на манифестацијата ќе имаме програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар, проекција на македонски филмови и друго.“, велат од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“. Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета“ со ди џеј сет на Томи Бојаџи. „Star Wars & Makedonium – Изложба на илустрации инспирирани од серијалот Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот. Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи. Настанот е дел од овогодинешната програма на Десет дена Крушевска Република.“.]]>

Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска република“ https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-vo-chest-na-toshe-proeski-na-deset-dena-krushevska-republika/ Thu, 05 Aug 2021 11:06:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213864

Третиот ден од манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска република“ помина во знакот на ликовната уметност, со презентацијата на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески. Пред споменикот „Македониум“ на Гумење во Крушево се одржаа ликовна изложба и презентација на модни креации, подготвени од студенти од Технолошко-техничкиот факултет, од Катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и од млади од Крушево. Потоа на т.н. „летна сцена“ во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл“ од Влатко Груевски – тенор, и Андреј Наунов на пијано. Концертот, како и секоја година, е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески. Во рамки на четвртиот ден од манифестацијата, денеска е програмата на влашката заедница. Програмата, проследена од влашки песни, е вечер, од 20 часот, на летната сцена пред Музејот на НОБ во Крушево на Гумење. ]]>