дерматолог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Sep 2020 12:06:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дерматолог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ако се туширате во ова доба од денот, правите голема грешка – дерматолог открива кога е најдобриот момент за туширање https://arhiva.vistina.com.mk/ako-se-tushirate-vo-ova-doba-od-denot-pravite-golema-greshka-dermatolog-otkriva-koga-e-najdobriot-moment-za-tushiranje/ Thu, 10 Sep 2020 13:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166535

Секој има некоја своја рутина за туширање - некои не можат да го замислат излегувањето од дома наутро без да се „фрлат“ под туш, додека за други е незамисливо да си легнат без да се опуштат со топол туш. Експертите откриваат која од овие навики е подобра и поздрава за нашето тело. Утринското туширање е добра опција и за оние со масна и за оние со сува кожа - без разлика каков тип на кожа имате ќе ви прилега мало утринско освежување доколку се будите испотени. Многумина токму затоа ја прескокнуваат вечерната рутина на туширање, но тоа не е баш паметно - на кожата во текот на денот се таложат нечистотии и маснотии, како и пот и остатоци од козметички производи за нега кои сте ги нанеле во текот на денот. Дерматологот Лорета Сиралдо вели дека утринското туширање освежува и го буди организмот, особено ако водата е студена бидејќи бројни истражувања покажале дека студениот утрински туш ја поттикнува дневната продуктивност. Од друга страна, вечерното туширање ќе ве смири по напорниот ден. Купка или туш еден час пред спиење ја намалува температурата на телото и помага полесно да потонете во сон. Што можеме да заклучиме од овие неколку тврдења? Всушност, одлуката е на вас - се е работа на вкус и навика, но и прашање колку се движите и се занимавате со активности во текот на денот. Исто така, можете да се туширате и по будењето и пред спиење, во зависност од околината во која престојувате, типот на кожа и активностите со кои се занимавате во текот на денот. Но, ако веќе треба да одберете страна, се чини дека вечерното туширање има повеќе предности. Со него ја отстранувате потта и бактериите кои се наталожиле на вашата кожа и кои можат да доведат до затнување на порите и оксидативен стрес. Доволно е само да се измиете со вода, а притоа да се фокусирате на местата на кои повеќе се потите. извор:точка.ком.мк]]>

Дерматолог открива дали на децата и бебињата им е потребна посебна крема за сончање https://arhiva.vistina.com.mk/dermatolog-otkriva-dali-na-decata-i-bebinjata-im-e-potrebna-posebna-krema-za-sonchanje/ Mon, 15 Jul 2019 13:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97721

Децата, а особено бебињата, за разлика од возрасните бараат посебна заштита на кожата од сонце. Нивната кожа е многу почувствителна од кожата на родителите и ако незаштитена е изложена на сонце, брзо може да дојде до оштетување и изгореници. Дали треба да купиме посебен фактор за сонце за најмалите? Експертите велат дека не мораме! „Кога зборуваме за крема за сончање, многу поскапо не значи и подобро. Најдобро е да купите фактор кој вашите деца најмногу ќе сакаат да го нанесуваат. Можеби ова ви звучи неверојатно, но постои разлика во чувството кога нанесувате различни креми, па не би било лошо да запамтите која крема вашето дете сака да ја нанесува и задржете се на неа“, вели дерматологот Метју Гас. Според негово мислење, децата треба да бидат намачкани со фактор 30 и кога не е лето, односно од март до октомври. Важно е факторот за сончање да има заштита не само од УВ, туку и од УВБ зрачењето. СПФ е ознака која ве штити од УВБ зраците или од настанување на црвенило на кожата, а од УВ зраците треба да се штитиме преку цела година. извор: точка.мк]]>

8 знаци дека мора да посетите дерматолог https://arhiva.vistina.com.mk/8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog/ Wed, 29 Nov 2017 09:27:47 +0000 http://vistina.mk/?p=5132

Нашата кожа е склона на промени, како заради разни надворешни влијанија, така и заради стареењето. Меѓутоа, некои промени на кожата може да бидат аларм за посета на дерматолог. Погледнете кои состојби на кожата се причина за загриженост.  

1. Имате осип кој трае повеќе од една недела

Ако на кој било дел од кожата имате осип кој ве чеша и трае повеќе од една недела, задолжително побарајте помош од вашиот доктор.

2. Имате црвени дамки на телото

Црвените дамки кои се појавуваат на лицето и вратот може да бидат поврзани со стресот, со одредена алергиска реакција или пак со осипот кој го имате. Без разлика на причината, посетете дерматолог, особено доколку дамките се шират.

3. Вашата кожа е пречувствителна

Ако имате проблем да го пронајдете вистинскиот производ за нега на вашата кожа, тогаш задолжително посетете дерматолог кој ќе ви препише соодветен производ. 2-8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog-www.kafepauza.mk_

4. Вашата кожа одеднаш е полна со мозолчиња

Ако отсекогаш сте имале чиста кожа, а одеднаш забележите дека имате многу мозолчиња, проверете ги кај дерматолог. Акните како нарушување во работата на лојните жлезди не се само естетски, туку и здравствен проблем.

5. Вашите акни не се подобруваат

Ако безуспешно ги лекувате вашите акни, прашајте го вашиот доктор дали може да ви препише некоја нова крема или лек. Акните може целосно да се излечат, но само со соодветен третман и упорност.

6. Не сте сигурни дали вашите акни се „само“ акни

Можеби е во прашање алергија за која сметате дека се акни или станува збор за инфекција која е малку потешка за лекување. Ако се сомневате дека е нешто повеќе од акна и вашиот производ кој го употребувате за лекување не делува на нив, тогаш посетете дерматолог. Запомнете дека кожата е еден од најдобрите показатели на целокупната здравствена состојба. 3-8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog-www.kafepauza.mk_

7. Имате изгореница на телото која не поминува

Зависно од степенот на оштетување, изгорениците може да бидат следени од бројни потенцијални компликации. Но, ако се лекуваат правилно за неколку дена изгореницата би требало да заздрави. Ако тоа не се случува со вас, задолжително посетете доктор.

8. Губите премногу коса

Необјаснетото, одеднаш и изразено опаѓање на косата може да биде загрижувачки. Ако не сте под стрес или не сте промениле ништо во вашата рутина за нега на косата, а сепак ја губите, немојте да чекате да стане уште полошо. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог кој ќе ви ја прегледа косата и ќе открие во што е проблемот. извор:кафепауза.мк]]>