дерик меј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jul 2023 12:55:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дерик меј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По повод 120 години Илинден: Дерик Меј и најдобрите македонски диџеи на плажата „Дупени“ во Преспа https://arhiva.vistina.com.mk/po-povod-120-godini-ilinden-derik-mej-i-najdobrite-makedonski-didhei-na-plazhata-dupeni-vo-prespa/ Mon, 31 Jul 2023 08:52:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312188

Станува збор за проектот „120 Години Илинден“ каде главни протагонисти се легендарниот диџеј Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро, каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера. Пред публиката своите сетови ќе ги претстават најдобрите македонски диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару. Ѕвезда на вечерта е легендарниот американски диџеј Дерик Меј, пионер на електронската музика и еден од основачите на техното, кој остави низбришлива трага ширум светот и во Македонија со неговите револуционерни продукции и изведби. Сите негови настапи во Македонија, без исклучок, се незаборавни по многу нешта а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.]]>

Џијан Емин и Дерик Меј ќе настапуваат во Франција https://arhiva.vistina.com.mk/dzijan-emin-i-derik-mej-kje-nastapuvaat-vo-francija/ Fri, 23 Mar 2018 12:54:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17432

Македонскиот музички уметник Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на националниот оркестар „Де Лорен“, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано. Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзума – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротивставени. Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј се случи во Антички театар - Охрид во 2014 година, и оттогаш двајцата уметници, со различни оркестри, го прошетаа светот, настапувајќи во Европа, САД и во Австралија. Извор: Н.М.]]>