деојче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Sep 2022 07:31:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png деојче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се породи македонската “Гранд ѕвезда“: Добредојде Миона – Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ станаа родители по втор пат! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-makedonskata-grand-dzvezda-dobredojde-miona-elena-milenkovska-i-gute-marinkovikj-stanaa-roditeli-po-vtor-pat-foto/ Wed, 14 Sep 2022 09:59:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266841

Македонската „Гранд ѕвезда“, пејачката Елена Миленковска  и нејзината  посилна половина, сопруг и колега Гуте Маринковиќ  утрово, 14 септември 2022 год. го дочекаа моментот да станат родители по втор пат. Елена се породи и на свет овој пат го донесе своето второ дете, здраво и право девојче. Штркот повторно  долета во нивното семејно гнездо и на а малиот Максим му донесе сестричка. Малелечката принцеза уште пред да дојде на овој свет го доби името Миона, а среќното семејство веста за тоа како ќе се вика нивната наследничка ја сподели непосредно пред породувањето на Елена. Затоа пак веста дека добиле ќеркичка, а нивниот син сестричка, гордиот тако Гуте ја сподели уште утрината, веднаш по раѓањето на малата Миона, на приказните од својот Инстаграм! „Ни се роди дада Мионааааа!“ - споделил Гуте возејќи се во автомобилот заедно со малиот Максим, веројатно враќајќи се од породилиштето каде биле да ја видат гордата мајка и малата тукушто родена принцеза. Разбирливо, веднаш потоа честитките почнаа да се редат и пристигаат... Како на мобилните на „Гранд ѕвездите“, така и на нивните порфили на социјалните мрежи. Први членовите на обете семејства, по нив роднините, другарите, пријателите, колегите... Добредојде мала принцезо  на овој свет... Добредојде Миона! Нека е со среќа, да е жива и здрава, среќна и успешна и цел живот мама Елена и тато Гуте да ги прави горди родители! Фото: Инстаграм принтскрин/gute.marinkovic/  ]]>