деновиве пред години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 11:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png деновиве пред години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дуке Бојаџиев сегмент од своето рано детство и музиката на татко му преточи во емотивно документарно-музичко видео: „Запри срце“… ако можеш! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadhiev-segment-od-svoeto-rano-detstvo-i-muzikata-na-tatko-mu-pretochi-vo-emotiven-dokumentarno-muzichki-spot-zapri-srtse-ako-mozhesh-video/ Mon, 19 Feb 2024 11:41:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339123

Викендов по подолга пауза Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски  се најдоа повторно заедно на една сцена во Македонската филхармонија каде ги одржаа најавенитe концерти.   Интимни, искрени, топли и емотивни настапи за паметење. Допатуваа од три континенти, за повторно заедно да ја поведат публиката на незаборавно музичко патување како што само тие тројца вонсериски музичари знаат да изведат и тоа и го направија со своето суптилно музицириње. Ако квалитетот, атмосферата и енергијата на нивните музички перформанси се некако очекувани, она што само неколку дена пред настапите ги изненади и воведно разнежни љубителите на музиката на Дуке Бојаџиев, беше нешто што е поврзано со него и неговот семејство, музиката, но не лично неговата... Иако и во неговиот случај е оддамна јасно дека од гените -  не се бега! Имено, македонскиот пијанист и автор на својот Фејсбук профил неколку дена пред скопските концерти сподели едно документарно видео од своето рано детство. Истото правено со тогашната технологија, но затоа историски „злато вредно“ за самиот Дуке и неговата фамилија. Во суштина се работи за обична прошетка покрај познатата фонтана на влезот во Градскиот парк во Скопје на семејството Бојаџиеви - малиот тригодишен Дуке, неговата мајка и  татко, како и неговиот вујко... И ништо необично во сето тоа, доколку како музичка подлога во позадина не оди една прекрасна македонска забавна песна, еден од оние незаборавни шалагер евергрини од 70-ите... Оние кои живееле во тоа време знаат за какви среќни години се работи и  затоа можеби токму ним оваа документарно-музичка видеоприказна најмногу ќе им го стопли срцето. Ним, а најмногу на малечкиот од видеото, денес познатиот почитуван и признат македонски автор и музичар, во чија музика уживаме денес. Исто како оваа во заднината на споделеното видео, компонирана од неговиот татко, сега покојниот композитор, инаку лекар по професија, Тодор Бојаџиев! За минути на носталгија, патување низ спомените, времето, мислите и сеќавањата на едни навистина повеќе од среќни времиња... Затоа кај многумина што ги доживеале или знаат што значат вистинските вредности, ова музичко видеопарче, иако навидум многу приватно, за миг го запира срцето... Како што вели и насловот на самата песна - „Запри срце“, маестрално испеана од големата Сашка Петковска - Липша. Деновиве пред години...! „Запри срце“... ако можеш! Зашто од гените и спомените - не се бега! Фото и видео: Facebook/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>