денови во ноќи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Jul 2021 08:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png денови во ноќи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДНК инспирирани од македонската реалност ги претвораат своите… „Денови во ноќи“: Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога… во приказната на новиот спот!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-inspirirani-od-makedonskata-realnost-gi-pretvoraat-svoite-denovi-vo-nokji-pancho-priveden-vo-golema-policiska-akcija-za-shverc-na-droga-vo-prikaznata-na-noviot-spot-video/ Thu, 29 Jul 2021 08:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213097

Панчо - ДНК приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Панчо е спроведен истата да ја издржува во затворот во Куманово... Ако сте изненадени, вчудовидени и збунети и ништо не ви е јасно – полека! Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова е само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“. „Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови“ , велат Панчо и Андреј. од ар ен би дуото ДНК во изјават по повод промоцијата во етерот на нивната нова песна и видеоспот. „Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така, проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка. И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полицискиот час“ - велат Панчо и Андреј и уште еднаш упатуваат посебна благодарност до  Министерството за правда и директорот на управата за извршување санкции Марјан Спасовски, КПУ Затвор Куманово и директорот Ненад Цветковиќ, како и клиниката Жан Митрев и Микел кафе кои придонесоа во реализацијата на филмуваното музичко видео. А, што се случило после 5 години, односно по излегувањето од затвор откријте сами откако ќе го погледнете новото видео на ДНК - „Денови во ноќи“: ]]>