денови на македонска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:03:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png денови на македонска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата на СОКОМ за Љупчо Константинов https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-na-sokom-za-ljupcho-konstantinov/ Mon, 31 Oct 2022 13:03:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273588

Во рамките на традиционалната манифестација „Денови на македонска музика“ на 31 октомври (понеделник) , највисокото професионално признание на СОКОМ за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата ,наградата “Трајко Прокопиев“,ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Кoнстантинов.Така по минатогодишната награда -Голема звезда на македонскиот филм, која му беше доделена на Интернационалниот фестивал на филмска камера во Битола “Браќа Манаки“, ова е второ големо признание од Македонија по бројните награди кои тој порано ги освои на големите театарски и филмски фестивали во културните центри на Југославија:“Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула за филмот “Среќна нова 49“, “Златни ловорови венци“ на театарскиот фестивал МЕС во Сараево за музиката во претставите “Електра““, “Шехерезада “(режисер Томаж Пандур), за која ја доби и награда на критиката на меѓународниот фестивал во Мексико ......
Љупчо Константинов е автор на музиката на филмвите “Црвениот коњ„“Јужна патека““Хај фај“, “Тетовирање“,“Македонска сага“,“Преку езерото“...Тој соработувал со познати имиња од светот на филмот како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Митриќески.....
Неговите музички квалитети ги откри и познатиот театарски режисер Паоло Маџели кој го ангажира како посотјан соработник на сите негови претстави “Црна дупка“, “Вујко Вања“,“Тетовирани души“,“Метастабилни грал““Добариот човек од Сечуана“,“Буздо“ и многу други кои тој ги работеше за отварање на Сплитско лето и Дубровнички летни игри и за театрите во Загреб и Европа.
Љупчо Константинов не зборува многу но за неговиот креативен и творечки потенцијал најдобро зборува музиката во 60-тина театарски претстави ,30-тина играни филмови и бројни телевизиски драми и документарни емисии која беше високо вреднувана од филмските критичари и театарските уметници и публиката.
За Љупчо Константинов,( роден на 11 декември 1946 во Охрид дипломирал на Музичка академија во Белград) критичарите ќе напишат дека: „Тој со своето долгогодишно искуство и фанатична посветеност во потрага по креативното, убавото, по оние тајновити музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа ,се вбројува во онаа плејада на врвни наши оргинални, автентични творци-уметници, кои се достојни за почит и респект“.
]]>

Концерт на маестро Симон Трепчески на „Деновите на македонска музика“ во Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-maestro-simon-trepcheski-na-denovite-na-makedonska-muzika-vo-makedonska-filharmonija/ Mon, 23 Nov 2020 14:11:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177583

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески по подолго време е повторно пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници: Влатко Нушев, Илинка Велкова, Александар Стојчески, Владимир Крстев, Паскал Краповски, Гонца Богоромова, Иван Наумовски, Милена Арсовска и Шкељзен Бафтијари. Трпчески ќе настапи на 43. Денови на македонска музика, утре (24 ноември), во 19 часот, во соработка со „КултурОп“ во големата сала на Филхармонија. На програмата се дела од: Гоце Коларовски, Борјан Цанев, Димитрије Бужаровски, Панде Шахов, Александра Наумоски-Потиск, Томислав Зографски, Томе Манчев, Стојан Стојков, Фатос Лумани, Дарија Андовска и Александар Лековски. „Уметноста на Трпчески е да истражува длабоко под нотите и да ги извлекува неопходниот карактер и суштината на партитурата…. Умешноста и страста создадоа перформанс што беше вонредно привлечен со својата свежина и со неговиот капацитет да го разоткрие срцето на музиката“ – напиша престижниот „Телеграф“ за неговото музицирање. Симон Трпчески настапувал со оркестри како Кралскиот Концертгебау оркестар, Националниот оркестар на Русија, ВДР Синфониеоркестер, Националниот оркестар на Франција, Њујоршката филхармонија, Кинескиот филхармониски оркестар и Симфониски оркестар на Сиднеј. Тој редовно изведува солистички рецитали во културните престолнини Њујорк, Париз, Минхен, Прага, Сао Пауло, Сиднеј, Пекинг, Токио и Лондон, каде што неодамна беше резидентен уметник во салата Вигмор. Настапува на престижни фестивали, меѓу кои Вербие, Берген, Фестивал Балтичко Море, Мекленбург Западна Померанија, Робеко, Аспен, Кабрило, Равинија, Блосом и БиБиСи Промс. Во текот на сезоната 2020/2021, Трпчески ќе се врати како солист со Националниот оркестар на Франција, Филхармонија оркестар, Руски национален оркестар, Филхармонија на Монте Карло, Симфониски оркестар на градот Бирмингем, Тонхале – Оркестер Цирих, Минесота и Санкт Петербург филхармонија, како и симфониските оркестри на Балтимор и Чикаго. Тој ќе ја заврши сезоната настапувајќи со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул на последниот концерт на Василиј Петренко како музички директор.]]>

„Drive In“ концерт за 43-те „Денови на македонска музика 2020“ https://arhiva.vistina.com.mk/drive-in-koncert-za-43-te-denovi-na-makedonska-muzika-2020/ Mon, 14 Sep 2020 12:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166902

Понеделник, 14-ти септември 2020 г. за прв пат во земјава ќе се одржи drive-in концерт. Концертот е по повод свеченото отворање на 43-те Денови на македонската музика во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Концертот ќе биде на Биг-бендот на Здружение на џез музичари, а под диригентска палка на Владимир Николов. Почетокот е закажан за 20 часот. Локацијата е паркиралиштето на А1 арена односно СЦ Борис Трајковски. ]]>