Денови на европско Скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Nov 2021 13:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Денови на европско Скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба на фотографии во „Мала станица“: „Лицата на Европа“ од Александар Кондев https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-fotografii-vo-mala-stanica-licata-na-evropa-od-aleksandar-kondev/ Wed, 03 Nov 2021 09:29:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225870

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ ја поместивме и оваа изложба со наслов „ЛИЦАТА НА ЕВРОПА“ на нашиот познат фотограф Александар Кондев, соопштуваат од Дирекцијата за култура и уметност.
Фотографии настанати во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со Ансамблот „Орце Николов„ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа. Која беше целта на авторот со оваа изложба. Едноставно да се сретнеме со лицата на европските граѓани од Кипар и Турција до Германија, снимени на еден друг начин, вон стандардните места и стереотипи на кои сме навикнати. Покрај портретите во нивната средина на живеење, овде можеме да ја видиме сета убавина на традицијата и фолклорот кој сеуште се негува во целиот овој простор. Можеме да видиме како традицијата и современоста се преклопуваат во она што ние го нарекуваме живот и постоење. Гледајки ги фотографиите доаѓаме до заклучок колку луѓето на Европа се културолошки блиски, поблиски од што мислиме во секојдневието, велат оттаму.
]]>

Дирекцијата за култура и уметност по трет пат организира “Денови на европско Скопје” https://arhiva.vistina.com.mk/direkcijata-za-kultura-i-umetnost-po-tret-pat-organizira-denovi-na-evropsko-skopje/ Fri, 30 Oct 2020 12:22:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173907

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје” која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Македонија. Oвогодинешната програма, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне на 30-ти октомври (петок), со почеток во 12 часот, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје, Данило Коцевски. Одломки од богатото творештво на Данило Коцевски ќе интерпретираат: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски. Данило Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Пишувал драми, од кои неколку се изведени и наградени. Сепак неговото име се поврзува како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди” во „Нова Македонија”, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје, а во 2017 година Дирекцијата за култура и уметност со истиот наслов издаде книга која е една од трите изданија на Дирекцијата посветени на творештвото на Коцевски заедно со „Го сакам Скопје” издадена во 2000 година и „Магијата на Скопје” издадена во 1997 година. Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија” во 1962 година и оттогаш објавувал континуирано се до денес. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но пишувал и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот. На 5-ти ноември во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” ученици од основните и средните училишта ќе настапат со свои литературни творби по повод празникот на градот Скопје. Книжевно-поетското дружење ќе се одвива на европски и на балкански јазици со почеток во 12 часот. Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје” Дирекцијата за култура и уметност во соработка со Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје, на 20.11.2020г., ќе доделат награди за најдобрите три авторски текстови изработени од новинарите и од студентите по новинарство во рамки на конкурсот „Мостовите на Скопје”. Ќе се одржи и работилница насловена „Мостовите на Скопје” со учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски” под менторство на Љупчо Илиевски – фотограф, со додела награди за најдобрите три фотографии. Исто така, ќе се одржи работилница со наслов „Мостовите на Скопје” со учениците од средните училишта во Скопје, каде ментор ќе биде Александар Кондев – фотограф, вклучувајќи и додела награди за најдобрите три фотографии. Наградите ги доделува Градот Скопје. Согласно протоколот за организација на настани во време на Covid-19 задолжително е: -носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; -задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; -задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.]]>