денот кога замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Oct 2022 08:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png денот кога замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада и јавните лица и 15 години подоцна не го заборавија Тоше: Вака познатите се потсетија на нашиот музички ангел https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-i-javnite-lica-i-15-godini-podocna-ne-go-zaboravija-toshe-vaka-poznatite-se-potsetija-na-nashiot-muzichki-angel/ Mon, 17 Oct 2022 08:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271497

Годините минуваат грутката во грлото останува, празнината во градите се уште ја има, сеќавањата не бледеат... Деценија и пол без нашиот ангел, 15 години без македонската музичка икона, без најголемата музичка ѕвезда што некогаш сме ја имале. Момчето кое иако замина прерано, има само датум на раѓање... Но денот на заминување во вечноста која оддамна ја заслужи, можеби најтажниот ден во поновата историја, Македонија не заборави да го одбележи, да се потсети на големата ѕвезда, на момчето со златно грло, ореол на  хуманоста и големо срце... Тоше - засекогаш! Затоа и кога те нема најприсутен си тогаш. Зашто како што тој ги сакаша сите, сите го сакаа и никогаш не престанаа да го сакаат и него! Физички го нема, а сепак е тука, меѓу нас, во сечиј дом, автомобил, просторија, во стотици илјади срца... Зашто Тоше беше, е и ќе биде за навека... Еден и единствен, неповторлив, незаменлив, уникатен... И како лик и како глас и како човек... Поточно, како душа од човек, како едно големо хумано срце кое вечно ќе чука за сите... Како и неговите песни кои секош ќе ги пеат уште многу генерации. И оние кои  растеа со нив и нивниот Тоше, како и оние што низ спомените на своите постари браќа и сестри, родители, баби и дедовци допрва ќе ги отриваат. И песните и големината на вечниот идол на сите генерации, нашиот Тоше,  чија поседна порака до публиката од големиот концерт на Градскиот стадион во Скопје и денес одекнува во нашите уши греејќи ни ги како кандилце што никогаш нема да згасне, нашите души: „Направете ѕвездено небо, никогаша да не се угасне“! Македонските личности од естрадата  и јавниот живот и 15 години подоцна не го заборавија Тоше. Вака некои од познатите се потсетија на нашиот музички ангел. Весна Бејби Петрушевска, една од неговите најблиски пријателки, онаа во која ТВ емисија „Вртелешка“ за последен пат се појави во јавноста, само неколку часа пред да замине на пат од кој за жал, никогаш не ни се врати... А сепак, ако ни е  некаква утеха,  замина на пат кон вечноста... Нашата музичка поп дива Калиопи беше веќе профилирана ѕвезда кога се појави тој на естрадната сцена. Таа го запозна Тоше како дете... „По Тоше нема време... Тој и денес е присутен...„Го запознав кога беше дете, а во моите очи тој остана дете долго време… Она што најмногу го сакав е тоа што тој секогаш остана приземен и никогаш не престана да ги сака луѓето…. Прекрасна трансформација од дете во маж…и ми беше мило што созрева…. Не можам да кажам ниту еден збор...нема збор да го објаснам моето чувство во моментов...За мене нема време по Тоше, бидејќи тој е сè уште многу присутен... Тој е тука...“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Новинарката и ТВ водителка Анита Даева исто така со сопствени сеќавања исткаени од „златни мисли и неминлива тага“ се сеќава на херојот на нејзиното време... Тамара Тодевска исто така беше една од најблиските колешки и пријателки со Тоше. Споменот на него таа го споделила заедно со видеото кое најгледаниот македонски ТВ магазин „Бекстејџ“ го објави. На него Тоше обраќајќи и се на својата публика концерт вели: „Ве сакам од срцето и од душата...“! тамара само допишала: „И ние тебе Тоше“! [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/B14EC17F71471B034D614EFFD6D9888B_video_dashinit.mp4"][/video]   Македонската мисица, модел и во последно време пејачка, Кристина Димитриевска која и самата беше во брак со голема музичка ѕвезда, пејачот Даниел Кајмакоски, не заборави да се потсети на тоа кој е најголемиот и единствениот... Па Кристина сподели видео од едно гостување на Тоше во познато ток шоу во регионот и при тоа видеото го закити со големо срце и еден збор: „Единствен...“! [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/20405B59EDCEB4ECB656306A077EF782_video_dashinit.mp4"][/video] Младата македонска музичка ѕвезда, Антониа Гиговска која токму својата кариера ја градеше и со учеството и улогата во мјузиклот за Тоше, насловен по неговата вечна балада „Тајно моја“ поставен и премиерно изведен во 2017 година во МОБ, не заборави да се сети на човекот со чии песни порасна, а истите ја издгнаа вивнувајќи ја на ѕвезденото естрадно небо. Антониа сподели фотографија од Тоше... ...Но и и парче од своето гостуање во еа од најпознатите емисии кај северниот сосед во Србија, каде меѓудругото отпеа и песна од Тоше... „Боже чувај ја од зло“. [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/A84991BB529EC5D508E8A50E75DE6FA0_video_dashinit.mp4"][/video] И нејзината колешка и блиска пријателка, младата пејачката Мартија Станојковиќ не го заборави Тоше иако кога тој беше на врвот и таа беше детенце... Но песните и спомените на најголемиот, на единствениот никогаш не бледеат и не се забораваат... На Тоше и „денот на најголемата тага“ се присетија уште многумина јавни и познати лица, естрадни ѕвезди, пејачи, ТВ водител(к)и, манекенки и модели, спортисти, маратонците кои и годинава трча до неговиот вечен дом во негова чест... Некои само со фотогрфија, со емотиукони на скршено срце, со по некој напишан збор, со исеок од некоја негова песна, концерт или ТВ гостување... Зашто Тоше никој не го заборава... Од обичните луѓе, неговта верна публика, до неговите колеги и останатите познаи лица... Сите се потсетија на големата трагедија, на денот кога замина, како на ден на кој тој вечно остана... Во сите нас, во нашите мисли и срца. Сите не сакаше... Те сакаме и ние тебе... И вечно ќе те сакаме Тоше!      ]]>