дени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 21 Aug 2021 06:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ја паметите ли атрактивната Дени, некогашниот македонски модел, популарна ТВ водителка и пејачка? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-pametite-li-atraktivnata-deni-nekogashniot-makedonski-model-i-popularna-tv-voditelka-i-pejachka-foto-video/ Sat, 21 Aug 2021 06:36:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62175

Оние малку повозрасните, или подобро речено што се родени пред 2000 години, сигурно се сеќаваат на девојката  која ја  гледавме како ТВ водителка во забавно-музичките  емисии од типот на (Зона-Х), како модел во видеоспотовите, како пејачка во своето видео, ни се смешкаа од насловниците на списанијата и магазините, календарите…
Русокосата убавица со ангелско лице и совршено складно тело, скопскиот „крем“ ја запозна како убавата келнерка од „Чао“, култното скопско кафуле во ГТЦ, каде долго работеше.
Но, Даниела тогаш само Спасовска, денес и Гошевска - Дени беше како  создадена за фотомодел. Со лице кна моден камелеон кое трпи  исклучителна моќ на трансформации на фотографиите, некои дури и ја споредуваа со тогаш најпоозната манекенка на светот, славната Кејт Мос.
И не беа далеку од вистината, барем според убавината и појавата. Непосредноста, широката бисерна насмевка и секако убавината беа нејзините заштитни знаци, кои од кафулето ја однесоа пред фотобјективите и камерите, па Дени ајнцерот го замени со микрофонот.
Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум,  но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што  ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.
Долгогодишната врска со нејзиното момче, денес сопруг Миле Гошевски, ДЈ, автор  и продуцент и еден од пионерите на електронската музика кај нас ќе придонесе водителката да се обиде и како пејачка.
Песната и особено  видеото насловени „Овој град е магичен“ на ДСГ (Даниела Спасовска Гошевска) беше своевидна револуција за тоа време. Не заради вокалниот потенцијал на пејачката секако, ама заради сето останато - чекор од „7 милји“ пред другите. Сепак, пејачката кариера на Дени остана само на обид, фотомоделството остана само хоби од минатото, а водителството полека го замени со друга професија. https://www.youtube.com/watch?v=yp667bBCV8E Стана сопруга, наскоро потоа и за прв пат мајка,  се вработи во секторот за  продажба на тогашниот Мобимак, па мајка по втор пат... И така времето полека си минуваше...
Денес, Даниела Спасовска Ѓошевска или Дени е семејна, деловна жена и мајка на двете слатките дечиња: поголемиот Максим и помалата Мила. Сега е целосно ориентирана кон бизнис сегментот, во кој веројатно возбудата од пред фотобјективот или ТВ камерата ја нема, но затоа има нешто друго... нешто што животот на една семајна дама посветена на фамилијата го бара: мир, стабилност, сигурност, солидна егзистенција.
Останатото е само спомен од младоста, фрагменти и сеќавања на годините што поминале, историја на животот на една некогашна јавна личност.
Но и покрај се', едно е сигурно: убавината за ногумина е минлива, но не и за неа. Дени и денес изгледа подеднакво атрактивно, возбудливо, сексапилнио и заводливо како и келнерката од „Чао“ од пред повеќе од две децении или водителката од „Зона Х“ или пејачката која се криеше зад кратенката ДСГ.
Без проблем може слободно да застане пред објективите и да засени многу од оние што во мометов важат за главни  во светот на модата, убавината, фотомоделството... кај нас!  ]]>

Татјана Лазаревска му честиташе годишнина на својот фризер со песна, а тој и направи иста фризура како на… неговиот партнер! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-mu-chestitashe-godishnina-na-svojot-frizer-so-pesna-a-toj-i-napravi-ista-frizura-kako-na-negoviot-partner-foto-video/ Thu, 24 Sep 2020 07:48:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168328

Поминаа неколку години откако македонската фолк пејачка и брачна двојка Татјана Лазаревска - Новица Василевски се преселија да живеат и работат во Австралија. Не им требаше многу време да се снајдат, здомат, ситуираат и адаптираат во едно од најпосакуваните општества и системи на планатета земја воопшто, за какво што важи австралиското! Малку „даскалување“, малку песна и Тања и Новица за кусо време станаа еднакво популарни меѓу Македонците, но не само меѓу нашите, туку и останатите иселеници од целиот Балкан на привремена работа на најјужниот континент. Естрадниот магазин „Свет-Австралија“ кој го прослави својот втор роденден ги прогласи за највљубена, најромантична и најубава естрадна двојка на музичката сцена воопшто. А кога сме веќе кај естрадата и родендените, естрадните ѕвезди, особено дамите не би биле тоа што се, ако покрај пеењето не понудат и поинаква, визуелна магија, која се огледа во нивниот имиџ, стајлинг, гардеробата, шминката, фризурата... Татјана како и секоја естрадна ѕвезда тоа добро го знае, па затоа и во Австралија си има свој шминкер и фризер, кој пак е повторно - Македонец. Сашко Захариевски и неговиот партнер Дени го славеа првиот роденден на нивното студио за шминка и фризури, салонот за разубавување „СЗС“, но корона пандемијата им ја оневозможи замислената прослава со многу луѓе, клиенти, пријатели... па забавата мораше да се сведе на онлајн журка со честитки од најблиските. Македонската фолкерка прва им ја честиташе првата годишнина од постоењето на бизнисот и тоа со песна... Со микрофонот во едната и чаша македонско вино во другата рака, па пеј, пиј и мешај, мешај... А потоа и песната и журката им ја препушти на славениците. Неколку дена по роденденската онлајн журка, Татјана дојде во салонот кај својот фризер и шминкер на разубавување. А штом фолкерката се појави, песната одново е неизбежна. Се разбира, несреден, и недотеран не се излегува на сцена, та било тоа и во фризерско студио, па затоа претходно - сеанса разубавување за пејачката: мејкап и нова фризура. За шминката не е и некој проблем, зашто на Саше од претходно веќе му беше познато како Татјана се шминка, ама пејачката овој пат побара нова фризура, сакајќи днешто да смени на себе, во својот изглед. Промената најпрвин започна од бојата косата, па русокосата стана розова, а фризурата кратка, „машка“, ако така може да се каже?! Зашто нејзиниот фризер дали од љубов кон својот партнер, дали заради немање време за размислување и барање поинакви идеи, на Татјана и направи иста фризура како онаа на неговиот партнер Дени! Само бојата им беше различна: Тој рус, а фолкерката пинк! Татјана на нејзината „двојка разубавувачи“ им возврати со песна од среде дуќан, чии стихови некако се поклопија со претходно изведеното. Тања ја пееше „ Ти си тој што лудува“ од Маја Оџаклиевска, во чиј рефрен меѓудругото се пее: “...Да бидеш еднакво добар како што сум јас...“!  
 
View this post on Instagram
 
Maja Odzaklievska #myfavoritesinger #myfavoritesong @szs_hairstyle_makeup 🥰

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

Ако е до пеењето, оддамна знаеме дека Татјана подеднакво добро пее како и Маја, ама, ако е до фризурата...? И нејзината нова фризурата излезе „подеднакво добра како што е неговата“... Онаа на Дени, партнерот на нејзиниот фризер Сашко!  Или што би рекле во Австралија: „Copy - paste, for every taste“!   Фото: Инстаграм принтскрин/tatjanalazarevska_official
]]>