ден на трудот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 30 Apr 2023 20:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ден на трудот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Честит 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот https://arhiva.vistina.com.mk/1-vi-maj-megjunarodniot-den-na-trudot/ Mon, 01 May 2023 06:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201073

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време. Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените. Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна. Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот. Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник. Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември. Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Северна Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.]]>

Во Македонија и во светот се одбележува 1 Мај – „Меѓународниот ден на трудот“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-makedonija-i-vo-svetot-se-odbelezuva-1-maj-megjunarodniot-den-na-trudot/ Fri, 01 May 2020 07:25:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147510

Меѓународниот ден на трудот се празнува на 1 Мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, полицијата употреби сила, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, по што четворица од нив беа и погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 година, донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. Во Македонија денес е неработен ден за сите граѓани. извор: фактор]]>