Ден на македонската револуционерна борба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Oct 2023 06:42:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ден на македонската револуционерна борба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/chestit-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-video/ Mon, 23 Oct 2023 06:40:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224303

На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. ]]>

23. Октомври – Ден на македонската револуционерна борба https://arhiva.vistina.com.mk/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba/ Sun, 23 Oct 2022 06:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172718

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Според Законот за празници, 23 Октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.]]>