деловен простор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 08:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png деловен простор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новата госпоѓа Ѓоковиќ од корен му го смени животот на сопругот: Сашка од станот на мажот направи деловен простор (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/novata-gospoga-gokovik-od-koren-mu-go-smeni-zhivotot-na-soprugot-sashka-od-stanot-na-mazhot-napravi-deloven-prostor-foto/ Mon, 03 Apr 2023 08:39:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296244

Сашка Веселинов, сега Ѓоковиќ, поранешната водителка која набрзо по започнувањето на кариерата дала отказ затоа што решила да започне приватен бизнис и да се омажи за Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак Ѓоковиќ, неодамна го промени животот на својот сопруг за 180 степени. Како што пренесуваат медиумите, Сашка ергенскиот стан на Ѓоле го претворила во деловен простор, а потоа решиле да се преселат. Таа, неодамна го роди синот Александар, а пред раѓањето на синот во поодмината бременост, деновите ги поминувала со мајсторите со кои станот на сопругот го пренаменила во деловен простор. Сосед на оваа млада брачна двојка открил дека пред неколку месеци решиле целосно да го урнат станот на Ѓоле во Нов Белград, кој бил луксузно наместен, за да го приспособат за деловни простории, поточно за модно студио каде Сашка ќе креира гардероба за жени и мажи, а најмногу ќе изработуваат венчаници и костуми. - Ѓоле долго време живееше сам во тој стан, а кога почна да излегува со Сашко, таа брзо се пресели кај него. Тие се многу фини и културни, никогаш не сме имале проблеми со нив - ја започнал приказната еден од нивните соседи. - Пред неколку месеци, како што слушнав, Сашка дошла на идеја тој стан да го претвори во луксузно модно студио, што и го одобрил нејзиниот сопруг. Иако веќе беше на крај на бременоста, таа цел ден беше со мајсторите и се трудеше ништо да не препушти на случајноста. Станот, кој инаку беше комплетно опремен и исклучително луксузен, беше урнат многу брзо. Се уриваа ѕидови, се правеше нов распоред... Па, имавме чувство дека  нашиот стан ќе се урне - рече соседот на Ѓолет и Сашка. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Старсспортфото  ]]>

Избор на вистински простор за вашиот бизнис – најчести грешки кои ги прават компаниите https://arhiva.vistina.com.mk/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/ Wed, 13 Nov 2019 11:02:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118231

Непланирање на иден развој

Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен - канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија. Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.

Цена на закуп – фактор број 1 при изборот

Избор на деловен - канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор. Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.

Дизајн на просторот

Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.

Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата

Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност - брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.

За крај

Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како  на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.]]>