дејвид гета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Aug 2021 12:06:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дејвид гета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не можат да ги скријат страстите ниту пред полната плажа на Миконос: Дејвид Гета е лудо заљубен во атрактивната Кубанка https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozat-da-gi-skrijat-strastite-nitu-pred-polnata-plaza-na-mikonos-dejvid-geta-e-ludo-zaljuben-vo-atraktivnata-kubanka/ Thu, 12 Aug 2021 10:30:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214986

Генерациската разлика во нивниот случај не е присутна, а познатиот диџеј очигледно дека никогаш не бил посреќен. Планетарно познатиот диџеј Дејвид Гета живее вистинска љубовна бајка со 25 години помладата избраничка Џесика Ледон која со неговите латино гени успеала да го заведе. Жешките августовски денови тие ги поминуваат на летување, а не се кријат ниту од папарацо фотографите и медиумите, а нивните страсти и емоции можеле да ги воочат сите присутни на преполната плажа во Миконос. Дејвид и Џесика постојано разменувале нежности, а Гета во шестата деценија од животот очигледно ја живее својата нова младост. Диџејот до 2014 година бил во брак со сопругата Кети Лоб, со која има двајца наследници, а до денес се шпекулира дали атрактивната Кубанка е причината за нивниот развод. Настапите ширум светот се во тек, а на Гета сега единствено му е важно избраничката да биде покрај него во животот. ]]>

Дејвид Гета уловен со атрактивна девојка како ужива на плажа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dejvid-geta-uloven-so-atraktivna-devojka-kako-uziva-na-plaza-foto/ Fri, 22 Nov 2019 11:58:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120040

Францускиот диџеј Дејвид Гета (52) е уловен како ужива на плажа во  Мајами со својата 27 години млада девојка, актерката Џесика Лидон. Гета од својата прва сопруга Кети по 22 години брак се разведе во 2014 година, а својата нова љубовна врска со Џесика ја започна во 2017. Многумина тврдат дека Дејвид со разводот ја изневерил жената која го засака пред да стане популарен. Кети во една прилика истакна дека раздебелата со Гета и го скршила срцето, но дека мора да продолжи понатаму. Без оглед на се, Дејвид кој веќе е во шестата деценија од животот ужива во љубовта и не се грижи за коментарите.]]>

Сите гледаат во атрактивната Кубанка: Девојката на Дејвид Гета во црвена танга ги препоти мажите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-gledaat-vo-atraktivnata-kubanka-devojkata-na-dejvid-geta-vo-crvena-tanga-gi-prepoti-mazite-foto/ Fri, 22 Mar 2019 11:30:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78862

Дејвид Гета наскоро ќе замине на голема турнеја, а пред да започне со настапите низ светот, тој се препушти на уживањето.
Славниот диџеј беше фотографиран на плажа со Џесика Ледон. 53-годишниот музичар и 29-годишната Кубанка се релаксираа на плажа.
Популарниот диџеј ја започна врската со Џесика во 2015-та година, една година по разводот со Кетрин Лоб со која беше во брачна заедница 22 години и со која има две деца.
Сите гледаат во атрактивната Кубанка, девојката која го засени славниот ДЈ. Девојката на Дејвид Гета во црвена танга ги препоти мажите. Фото: profimedia  ]]>

Го фрли во сенка: Ова е 27 години помладата девојка на Дејвид Гета, најславниот ДЈ на светот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-frli-vo-senka-ova-e-27-godini-pomladata-devojka-na-dejvid-geta-najslavniot-dj-na-svetot-foto/ Wed, 21 Nov 2018 13:41:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59099

Најпознатиот ДЈ на светот, мегапопуларниот Дејвид Гета, може да се пофали со уште нешто освен со своите хитови.
Неговата девојка е толку згодна, атрактивна и сексапилна, што на Гета му завидува половина планета.
Џесика Ледон (24) е по потекло од Куба и е од Гета помлада цели 27 години, а секој дел на нејзиното тело е речиси совршен.
Двојката неодамна одмораше на песочните плажи во Мајами, каде славниот ДЈ падна пво сенка на својата девојка, која во минијатурно бикини ги мамеше погледите привлекувајќи го вниманието на околината.
Складна фигура, бујни атрибути и однапред и одзади, рамен стомак... совршенство кое освојува на прва.
Инаку,  Дејвид и Џесика се во врска околу 3 години, откако ДЈ -от се разведе од сопругата Кети со која има две деца: 13 - годишниот син Тим и 9 - годишната ќеркичка Енџи.
Џесика се занимава со фотомоделство каде обилно ја користи  својата латиноубавина.
Фотографиите покажуваат дека Кубанката го подмалидила ДЈ-от, ама и нешто друго: дека зад, пардон, ПРЕД секој успешен маж, стои убава жена!
Фото: Профимедиа и Инстаграм принтскрин]]>

Ел-Пи ќе го го отвори, а Дејвид Гета го затвора „Егзит 2018“! https://arhiva.vistina.com.mk/el-pi-kje-go-go-otvori-a-dejvid-geta-go-zatvora-egzit-2018/ Sat, 10 Mar 2018 10:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15658

Откако светските медиуми неодамна го прогласија „Егзит“ за „најголем досега“, оваа година како ниедна претходно, од главната фестивалска бина ќе одекнуваат бројните хитови на денешницата! Иако некои од медиумите овогодинешната програма веќе ја прогласија за „агресивна“, вистината е дека конечната листа со главни ѕвезди ќе биде двојно подолга! Првите ѕвезди од новиот бран се веќе тука! Главната бина во четврток на 12 јули ќе ја освои незапирливата американска рок кант-авторка Ел-Пи (LP), која ја освои светската музичка сцена со синглот, „Lost On You“, една од највпечатливите љубовни песни на оваа деценија, но и преку соработките со Ријана, Кристина Агилера и бројни други ѕвезди.
Големото музичко финале, пак, и спектаклот за затворање на главната бина во недела, на 15 јули, ќе биде под диригентската палка на најголемиот светски хитмејкер и францускиот танцов Голијат – Дејвид Гета! Најуспешниот музички продуцент на 21. век и единствениот диџеј кој има продадено 50 милиони албуми и синглови, се враќа на еден од своите омилени фестивали каде беше поканет и пред 12 години додека го градеше патот до денешниот статус на музичка икона! За неговата водечка позиција во музичката индустрија говорат и податоците, односно Гета зад себе има над девет (9!) милијарди прегледи на Јутјуб и над 100 милиони обожаватели на социјалните мрежи!
Најголемиот хитмејкер на денешницата, Гета зад себе има бројни награди, две Греми и песни кои ги има продуцирано со најголемите музички имиња како што се Дејвид Боуви, Ријана, Снуп Дог, Сиа, Ники Минаж, Емели Санде, Ејкон, Авичи и многу други, а од неодамна ја објави и втората заедничка нумера со помладиот пандан, Мартин Гарикс. Песната „Like I Do“, полнокрвниот хит во најава, Гарикс ја изведе и на затворањето на овогодинешните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг! Моментално невозможно е да се избегне на радио уште еден хит „So Far Away“, додека во етерот се и подеднакво свежите и заразни синглови, „Mad Love“ – кој Гета го сними со ѕвездата од минатогодишниот фестивал „Си денс“ – Шон Пол, и еден од најголемите хитови од минатата година „2U“ со Џастин Бибер. Моментот дека на овој познат Французин очигледно не му е комплицирано да создава хит по хит, говори и фактот дека песната  „Complicated“, за која соработува со хедлајнерите на овогодинешниот фестивал „Си стар“ и „Скопје колинг“, дуото Димитри Вегас и Лајк Мајк, по единасетти пат го освои првото место на листата на „Билборд денс“. Лаура Перголизи е рокерката со бунтовничко педигре која ја споредуваат со Џони Кеш и Стиви Никс, додека нејзините кадрици и одело неодоливо потсетуваат на Боб Дилан. Оваа млада артистка од Њујорк со адреса во Лос Анџелес веќе остави трага како уникатна уметница, одлична авторка и рок ѕвезда во најдобра смисла на зборот. Користејќи го укулелето и продорниот глас исполнет со фини емоции, Ел-Пи се изгради веќе во препознатлива ѕвезда. Додека самостојната кариера ѝ се „крчкаше“, талентот го користеше пишувајќи хитови за Ријана, Шер, Бекстрит Бојс и многу други, а веднаш по објавувањето на албумот „Forever for Now“, таа стана миленичка на критичарите. Кратко потоа го оствари и-пи албумот „Death Valley“ кој ја катапултираше во светската стратосфера, благодарејќи на главниот сингл, „Lost on You“ кој брои над 260 милиони прегледи на Јутјуб, како и преку 75 милиони стримови на Спотифај. Дури и нумерата „Muddy Waters“ го пронајде своето место во четвртата сезона на популарната серија „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black)! Нижењето на ваквите успеси природно ја доведе до издавање на новиот студиски албум, „Lost on You“, со кој тргна на големата американска турнеја по која доаѓа и на овогодинешното отворање на „Егзит“ каде сировата енергија на борбената њујорчанка ќе го поведе годинешното мото на фестивалот: EXIT Freedom! Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе ги претстави некои од најбараните светски ѕвезди како што се: „Мигос“, Дејвид Гета, Зиги Марли, Фивр Реј, Ел-Пи, Алис Мертон, Нина Кравиц, Ричи Хотин, Адам Бејер со Ајда Енгберг, Масео Плекс, Соломун, Амели Ленс, Бен Клок, Џекс Џонс, „Офенбах“, „Слепшот“, „Дог ит дог“, „Слејвс“, „Ајдлс“, Махмут Орхан, Карл Крег, „Тејл оф ас“, Севдализа, Бурак Јетер, „Медбол“, „Врухерија“, „Бомберс“ и многу други. Влезниците по промотивна цена со 60% попуст од финалната, за 3.580 денари се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат) , а на сајтот на официјалната туристичка агенција, exittrip.org се достапни и туристички пакети кои покрај влезницата, содржат можности за сместување и превоз до ЕГЗИТ фестивал. Извор:РадиоМК]]>