дејвид боуви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Feb 2021 09:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дејвид боуви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Леб и сол, Лева Патика, Мизар, Дејвид Боуви, Квин… ќе добијат улици во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-leva-patika-mizar-dejvid-bouvi-kvin-kje-dobijat-ulici-vo-skopje/ Wed, 17 Feb 2021 09:09:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190062

Контроверзна најава дека британските музички ѕвезди Дејвид Боуви и бендот „Queen“ ќе добијат свои улици во Скопје, предизвика бура од реакции и многу коментари на социјалните мрежи. Како што е објавено на веб-страната на Град Скопје, Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. На овој список се најдоа: пејачот Дејвид Боуви, Френк Запа, групата „QUEEN“, Есма Реџепова, Вања Лазарова, Саша Николовски – Ѓумар, оперските пејачки Васка Гајдова – Биџова и Блага Видец, легендарните македонски групи „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Но и документарниот филм „Медена земја“. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот. Град Скопје спроведе on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата. По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот. Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа. Од останатите области на списокот се најдоа: новинарот Никола Младенов, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, покојниот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Од интернационилите имиња тука се: Алтеа Гибсон Алтеа (прва црномуреста жена која го освоила Вимлбдон), Небојша Глоговац (српски актер), Умберто Еко (писател) итн.]]>

Концерт: Mr. Ziggy And The Glass Spiders со трибјут за Дејвид Боуви https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-mr-ziggy-and-the-glass-spiders-so-tribjut-za-dejvid-bouvi/ Tue, 27 Mar 2018 13:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18003

Концертот на Mr. Ziggy And The Glass Spiders, трибјут бендот за легендарниот (David Bowie),  ќе се одржи на 31 март, сабота, во малата сала на ВИП Арената - Борис Трајковски. Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за Дејвид Боуви, а концертот ќе почне во 21 часот. Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 г. се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши - домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Under Pressure, Tonight и Dancing in the Street. Влезниците во претпродажба за концертот ќе бидат пуштени во вторник 6 март во 14:00 ч. по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денри, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП Арената влезниците ќе чинат 500 денари. Влезниците може да се најдат во Југотон, во (ГТЦ) и продажната мрежа на Тикет плус, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.]]>

На 31 март во Скопје: Трибјут концерт за Дејвид Боуви https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-vo-skopje-tribjut-koncert-za-dejvid-bouvi/ Tue, 06 Mar 2018 14:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15144

На 31 март во малата сала на ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт насловен „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ (Mr. Ziggy And The GlassSpiders), трибјут-бендот за легендарниот Дејвид Боуви (David Bowie). Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за познатиот музичар, а концертот ќе почне во 21 часот. Бендот постои од 1991 година и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар трибјут-бенд во Рим“. Групата изведува песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика, како што го нарекуваат тие, големиот Дејвид Боуви.
На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ ќе ги отпеат безвременските дуети на Боуви кои ги отпеја заедно со „Квин“, Тина Тарнер и Мик Џегер.
Влезниците во претпродажба за концертот се пуштени денеска, 6 март, во 14 часот по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП арената влезниците ќе чинат 500 денари. Влезниците може да се најдат во „Југотон“, во (ГТЦ) и продажната мрежа на „Тикет плус“, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.   https://www.youtube.com/watch?time_continue=128&v=mjtI4d-UCZ4
]]>