дејан пројкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 12:30:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дејан пројкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дејан Пројковски со претставите „Ричард трети“ и „Ана Карењина“ е македонски претставник на 10-та Светската театарската олимпијада https://arhiva.vistina.com.mk/dejan-projkovski-so-pretstavite-richard-treti-i-ana-karenina-e-makedonski-pretstavnik-na-10-ta-svetskata-teatarskata-olimpijada/ Mon, 29 May 2023 12:29:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304136

Дејан Пројковски со претставите „Ричард трети“ и „Ана Карењина“, е македонски претставник на 10.издание на Светската театарската олимпијада После изведбата на претставата „Ричард трети“ во режија на Дејан Пројковски,во Печ, Унгарија, уште една негова претстава беше дел од 10. издание на Театарската олимпијада која оваа година се одржува во Унгарија. Се работи за претставата „Ана Карењина“ чија изведба се одржа во Кечкемет. Двете претстави се во продукција на театарот од Нови Сад. Ова ремек дело на Толстој, можеби најпознатото од ерата на реализмот, оживува сцената во Новосадскиот театар и е една од најпосетуваните претстави не само во земјата, туку и во регионот. Имено, оваа претстава ги понесе и наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврџава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање, “Позоришно пролече“ во Шабац и други, беше рангирана и во најдобрите пет претстави во театарската сезона 2019/2020, според проценката на порталот „Едит култура во Белград“. Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион. Ана Карењина наизменично ја играат Марта Береш и Тимеа Филип. Во претставата играат: Атила Немет, Арпад Месарош, Золтан Сирмер, Џудит Ласло, Габор Понго, Бланка Диенеш, Агота Ференц, Роберт О Швар, Ливиа Банка, Терезија Фигура, Мартин Бохоки и др. Кореографка на претставата е Олга Панго, музиката е на Горан Трајкоски, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографка е Марија Пупучевска. Претставата „Ричард трети“ во режија Пројковски претходно беше изведена во Печ, во рамките на Театарската олимпијада. Оваа претстава е исто така добитник на многубројни награди и тоа: наградата за најдобра театарска режија – за цела театарска сезона во Србија, според Belgrade Edt Culture, блог за куктура; апсолутен победник на театарскиот фестивал во Младеновац, и тоа ги доби наградите за најдобра претстава и од жирито и од публиката. Главната улога во претставата ја толкува Арпад Месарош, а играат и Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет. Тука е и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски. Пројковски со години наназад има успешни проекти со театрите низ Балканот, па така ја потпишува режијата и на претставите „Дервишот и смртта“ во Бања Лука, „Браќа Карамазови“ во Софија, „Орестија“ во Сплит, „Ромео и Јулија“ во Истанбул, „Опасни врски“ во Санкт Петербург, „Нема струја за електричниот стол“ и „Инферно“ во Велешкиот театар и други. Дел од 10-тата театарска Олимпијада се 750 продукции на 400 театарски, танцови и куклени театарски трупи од 58 земји, на кои настапуваат 7.500 изведувачи. Програмите се одржуваат во речиси 100 места низ целата земја. Олимпијадата ќе се одржува до 1-ви јули.]]>

Антониа, Ламбе и Златно славејче со трета верзија на – „Вечниот Бог“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-lambe-i-zlatno-slavejche-so-treta-verzija-na-vechniot-bog-video/ Thu, 05 Jan 2023 11:08:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282922

Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ снимена јануари 2023 во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски - директор на фотографија и Стојан Стојановски - камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и „Златно славејче“. Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души. Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме! Останатиот дел од екипата што го создаде ова аудио-визуелно дело за да остави трајна вредност во нашата колективна меморија, е составена од: Актери: Крсте Јовановски, Петар Мирчевски, Валентина Грамосли Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Владимир Димовски - аранжман и оркестрација, Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ - клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу - тимпани, чинела. Хор - Златно славејче, Снимано во студио „Алшар“ кај Ивица Јанкуловски. Маргарита Миновски – шминка, Викторија Бурсаќ – стилист, Венко Пашовски, Летка Филипова, Ромео Петрески, Аце Ставрески, Горан Ангелоски, Дејан Донески, Здружение за грижи и воспитување на деца на Охрид. Да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме со Христовото раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! Христос се Роди! Погледнете го видеото за третата верзија на „Вечниот Бог“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>