дејан георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Sep 2022 08:19:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дејан георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски: „Во диско еднаш сум бил, а на алкохол не смеам да помислам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/olimpiskiot-viceshampion-dejan-georgievski-vo-disko-ednash-sum-bil-a-na-alkohol-ne-smeam-da-pomislam-video/ Mon, 05 Sep 2022 06:07:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265424

Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во теквондо ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија лани од Токио. По освојувањето на олимпиското сребро, во Скопје го пречекаа како херој. Од аеродромот до триумфалната порта вели дека се моменти низ кои минувал како во сон. И цела сала на „Златна бубамара“ му ракоплескаше на нозе, за што вели дека и денес го лазат морници. А, сребрениот медал кој тежи 560 грама е само најава за следната Олимпијада од која очекува злато. За миговите во финалето во Токио вели: „Дента пред финалето дури легнав малку и да спијам, бев смирен. Но, тренерот не ми го даваше телефонот за да не сум под притисок од целата онаа поддршка на социјалните мрежи, за што сум посебно благодарен“, открива Дејан. Почнал да се тренира теквондо во Бутел уште како дете, кога на одморот меѓу часовите дошле да им покажат како изгледа овој спорт. Освен Дејан, и неговиот брат и сестра се занимаваат со теквондо. „Брат ми цел живот се секира за мене и сестра ми па мислам дека и затоа се откажа од ова“, вели Дејан за „Репортер“. На прашањето како е кај нив дома, оти сите се занимаваат со теквондо вели: „Ех, навикнати се. Мајка ми на пример секогаш е со нас, цело време е фокусирана на нас да ни биде сè како што треба. Нашите успеси за неа се најголемата радост“, искрен е Дејан. Дипломец на Факултетот за менаџмент и туризам. Ретко кога излегува, но сепак наоѓа време и да биде со пријателите за да седне на сок или чај. Вели секој свој успех го должи и на своите тренери, а еден од нив е и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. „Јас го знам од дете. И нам во клубот ние е чудно кога е градоначалник, а не кога е тренер. Ама ние од Бутел сме многу успешни и во спорт и во сè“, се шегува Дејан. Од поддршката на Шабан Трстeна до олимпските кругови истетовирани на раката, од детските денови во Бутел во маало до сребрениот медал, за теквондото како спорт и за желбата да донесе злато од ЛО во Париз... Гледајте го интервјуто: ]]>

Олимпискиот теквондо вицепрвак Дејан Георгиевски со „Маја гери“ за македонскиот претседател: Стево не е Путин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/olimpiskiot-tekvondo-viceprvak-dejan-georgievski-so-maja-geri-za-makedonskiot-pretsedatel-stevo-ne-e-putin-video/ Fri, 20 Aug 2021 07:11:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216092

Претседтелот на Македонија, Стево Пендаровски во својот кабинет го прими олимпискиот вицешампион во теквондо од Токио, Дејан Георгиевски. По протоколарниот разговор и кафе-муабетот, Дејан покажа нешто што можеби не е по протокол, ама кога претседателот веќе инсистира, тогаш мора да му се демонстрира. Двоен удар со нога или поточно само симулација на опишаната ситуација, зашто во спротивно ќе требаше заедно со локалните да имаме „нови претседсателски избори“. Вака, „Маја гери“ за Стево, ама само како показна вежба како тоа би изгледало да се 'рчкаш со еден од тројцата најдобри теквондо мајстори на светот. До душа од видеото подолу, се гледа дека и претседателот се обидел да покаже како би се бранел, ама вицепрвак си е вицепрвак... А ни Стево не е Владимир Путин кој како и многу славни ликови имаат тренирано теквондо како на пример, Чак Норис, Барак Обама, Арнолд Шварценегер, Џесика Алба,  Жан Клод Ван Дам... Се разбира сето ова само на шега, зашто во овој спорт вистинските ударите не се дозволени... За разлика од политиката, каде „ниските удари“ се секојдневен „мејнстрим“! Погледнете како изгледаше „блиската средба“ на олимпискиот вицешампипон и македонскиот претседател: ]]>

Добредојде за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски: Овации на скопскиот аеродром (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dobredojde-za-olimpiskiot-viceshampion-dejan-georgievski-ovacii-na-skopskiot-aerodrom-video/ Thu, 29 Jul 2021 13:12:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213256

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пред малку слета на скопскиот аеродром. Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица на аеродромот. Вечерва во 19:30 на скопскиот плоштад Македонија ќе има организирано голем пречек за спортскиот херој. ]]>

Еве кој е Дејан Георгиевски, таеквондистот кој освои сребрен олимписки медал за Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koj-e-dejan-georgievski-taekvondist-koj-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija-vo-taekvondo/ Wed, 28 Jul 2021 07:10:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212863

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба. Георгиевски од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Тој во една прилика истакна дека огромна е чест е да се претставува Македонија на Олимписките игри во Токио. -Голема чест за мене е тоа што ќе бидам знаменосец на Македонија на ЛОИ во Токио. Тоа е момент кој ќе го помнам целиот живот. Голема чест е да ја претставуваш оваа прекрасна земја на Олимписките игри, а уште поголема чест и гордост е тоа што ќе бидам знаменосец на мојата земја. Мислам дека е во ред најдобриот спортист да ја има таа чест да го носи знамето и ветувам дека ќе дадам максимум и да го израдувам македонскиот народ и да освојам медал. Ова е континуитет од четири години во кои освоив пет европски медали, второ место на медитерански игри и воопшто не е туку така како што е дел од јавноста запознаена. Сега сум сигурен дека со оваа олимписка норма луѓето ќе дознаат многу повеќе за таеквондото и дека родителите ќе ги запишуваат децата не само на таеквондо, туку на било кој спорт бидејќи многу е важно младите луѓе и децата да се занимаваат со спорт. Два три пати да дојдат на тренинг на таеквондо децата ќе се заљубат во таеквондото за цел живот. Интересно е секој да проба и искрено се надевам дури и гарантирам дека на секои следни ЛОИ ќе имаме претставник во таеквондо со А-норма“, изави неодамна Георгиевски. Инаку, Дејан Георгиевски e роден на 8 мај 1999 година и е македонски професионален атлетичар во таеквондо. Во 2018 година, Георгиевски го освои сребрениот медал во машка конкуренција во таеквондо +80 кг на XVIII-ти Медитерански игри. Георгиевски моментално е рангиран на 25-та позиција во машка категорија +87 кг (тешка категорија) на ВТФ ранг-листата Киоруги и 39-та во машка олимписка категорија +80 кг. Тој освои неколку медали, вклучувајќи го Олимпискиот квалификациски европски турнир, Купот на претседателот – Европски регион, Софија опен, Отворен турнир, Отворено Грција, Трофеј Галеб Белград-Опен, Србија, Отворено Словенија. На европското првенство во таеквондо во Софија (Бугарија), Дејан, во олимписката категорија над 80 кгр, го освои златниот медал и стана Европски првак во Таеквондо. Георгиевски во првото коло го совлада италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада турчинот Сердар Јуксел. Во четвртина финалето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето го победи Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко по што Дејан се искачи на врвот на Европското Таеквондо. Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското Првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски во четвртфинакето го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Георгиевски во таеквондото се заљубил уште во основно училиште. -Во основното училиште каде што учев во Бутел на голем одмор дојдоа од таеквондо клубот Бутел и ни држеа презентација. Демонстрацијата беше како на филм со кршење даски, со скокање, а јас и брат ми веднаш се заљубивме и решивме да одиме да се запишеме. Како мали ни беше интересно, а со тек на време сфаќаш дека тоа е тоа со кое што сакаш да се занимаваш во животот. Иако како многу млад почнав со таеквондо не мислам дека имам изгубено дел од детството, туку баш напротив многу имам добиено. За излегување со другари секој може да го прави тоа. Многу е потешко некој да биде професионален спортист да се натпреварува, да се бори и да остварува големи резултати. Време во животот има за се, ако си го распоредите денот. Ние сме навикнати сите тие откажувања ни се навика и тоа ни е начин на животот. Така сме воспитани во клубот и не е никаков проблем за мене лично. Таеквондото е начин на живот, вели тој. Македонските јавни личности го подржаа нашиот Дејан, па на социјалните мрежи му испратија честитки. Тијана Дапчевиќ на својот „Инстаграм“ објави видео од финалето, а во описот напиша: „Браво Дејан Георгиевски, гордост македонска“.
Калипои исто така се приклучи кон честитките – „Браво Дејан, горди сме на тебе“, напиша поп дивата во кусите приказни на Инстаграм. Тамара Тодевска сподели фотографија од напис за успехот на нашиот олимпијадец, а во описот напиша „Браво“ „Радувај се Македонијооооо, браво дете“, напиша Игор Џамбазов во кратките приказни на Инстаграм. Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот „Фејсбук“ објави фотографија од Георгиевски додека го бакнува македонското знаме, а во описот напиша: „Срце полно“. Честитки! Радувај се Македонијо. фото: принтскрин/мрт/инстаграм/дејан георгиевски/калиопи/тијана дапчевиќ/тамара тодевска/игор џамбазов/фејсбук/весна бејби петрушевска]]>

Дејан Георгиевски освои сребрен олимписки медал за Македонија во таеквондо https://arhiva.vistina.com.mk/dejan-georgievski-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija-vo-taekvondo/ Tue, 27 Jul 2021 15:58:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212842

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба.     Георгиевски од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Утринава, патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.]]>