дечиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 09:58:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дечиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Среќен 8 ми Март од креативните рачиња на дечињата на познатите мајки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sreken-8-mi-mart-od-kreativnite-rachina-na-dechinata-na-poznatite-majki-foto/ Thu, 09 Mar 2023 09:58:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292447

Дефинитивно нема поголем и поубав подарок или честитка  за една жена од креативната изработката на малите, вешти рачиња, кои се потрудиле со голема љубов да ја создадат сами. Денот на жената како и секогаш беше исполнет со многу насмевки, а на профилите  познатите Македонки на „Инстаграм“ ги споделија рачно изработените честитки од нивните најмили. Се разбира, вештите прстиња создале прекрасни изработки кои нивните горди мајки со големо задоволство и ги претставија и на Инстаграм заедницата. Пејачката Тамара Тодевска сподели фотографија на нејзините кратки приказни две прекрасни честитки изработени од нејзината ќеркичка Хана и синот Дарен. Пејачката, модел и екс мисица,  Кристина Димитри сподели емотивна фотографија од подароците кои ги добила од нејзиното синче Давид. „Рачињата мајкини ме разбудија со подароци“ - стоеше пак во објавата која ја напиша таа за изненадувањето што го добила од малиот Давид. И Пејачката и докторка Симона Поповска го доби најубавиот подарок од поголемото синче Никола. „Најубавиот и најемотивниот 8 ми Март“ - напишаа таа на нејзиното „стори“, откако ја сподели рачно изработената честитка до која имаше  и прекрасна црвена ружа. Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова се пофали колку се вредни и креативнинејзините дечиња. Па, убавата струмичанка објави кратко видео од честитка и рачно изработени цвечиња од рацете на нејзините најмили, двете ќеркички Емили и Селена.   Атрактивната ТВ водителка на Канал 5, Милена Антовска сподели фотографија од нејзината ќеркичка Лана Марија. Додека пак во објавата пишуваше: Лана Марија и мама држат срце - надополнето со  емотикони од црвени срциња.   Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм и Фејсбук принтскрин        ]]>

„Ниедна хуманитарна акција нема да е успешна доколку за истата не се расчуе“- Елена Ристеска се дружеше со дечињата со атипичен развој (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/niedna-humanitarna-aktsija-nema-da-e-uspeshna-dokolku-za-istata-ne-se-raschue-elena-risteska-se-druzheshe-so-dechinata-so-atipichen-razvoj-foto/ Tue, 17 Jan 2023 06:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284484

Елена Ристеска до неодамна поголемото внимание го имаше насочено кон козметичката линија и парфемот од нејзиниот бренд „Ера“, но се обидуваше да менаџира и млади македонски пејачи. Пејачката сега повторно се активираше на музички план, па пееше на предновогодишните забави, беше дел од новогодишната емисија заедно со нејзината колешка Каролина Гочева, а пееше и на Нова Година на плоштад „Македонија“. Таа неодамна издаде и песна по петгодишната пауза, токму кога славеше 20 години кариера, а тогаш изјави: „Во овие 20 години кариера секогаш несебично помагав“ - изјави тогаш на нејзиниот Инстаграм профил. Тоа го потври и сега кога пејачката изјави дека пред Новата година била дел и од еден настан со хуманитарен карактер и ги посетила дечињата со атипичен развој. Пејачката тоа го објави на социјалните мрежи со цел што повеќе да допре до луѓето бидејќи смета дека ако не се  расчуе како да не се случило. Таа изјави дека не сака да зборува за хуманитарните настани бидејки звучи како „фалба“, но иако делата зборуваат сами по себе ако за тоа не се сподели во поновото општество јавноста нема да знае со што се соочуваат некои луѓе. Затоа смета дека ниту една хуманитарна акција нема да биде успешна доколу за истата не се расчуе. Затоа таа објави еден подолг текст на Инстаграм и напиша: „Нешто за кое што најмногу мразам да зборувам јавно се хуманитарните настани, затоа што во поновово општество би се сфатиле како “фалба”, всушност тие хумани дела треба да зборуваат сами за себе. Но, спортивнo на мојата желба, сепак ако за некои теми не проговориме јавно никогаш јавноста нема да знае со што се соочуваат некои луѓе. Ниедна акција хуманитарна нема да е успешна доколку за истата не се расчуе , макар по социјалните медиуми. Затоа ова што го споделувам е дружење со дечињата со атипичен развој, кое се случи пред новата година. Дечињата се дружеа преку заеднички вежби координирани од овие прекрасни луѓе, тренери по физичка култура, дефектолози, психолози, логопеди и волонтери. Нешто што е важно и за физичкото, но и за психичкото здравје кај сите деца, а особено кај овие дечиња на кои им е потребна и социјална интеграција. Убаво би било да ги чуете нивните судбини и да пробаме заедно да промениме нешто за општо добро, а најмногу за нив и нивните родители. Не заборавајте дека вие имате нормален живот, а на нив им се потребни многу финансиски средства и грижа за да живеат нормално. Да се освестиме. Да направиме да се чувствуваат сите дека припаѓаат на овој свет. Дека не се различни од другите. Затоа што сите сме исти. Сите сме луѓе. Ветувам дека наскоро пак ќе се дружиме.“
А потоа и се запраша „Се прашувам колку од вас би го лајкнале постов и колку би го споделиле“. Но, се разбира со добар план, посветеноста и истрајноста секогаш резултираат со успех, а помошта од срце е најголемото богатство кое може да го понуди секој од нас. Фото: Пинтскрин/Инстгарам/elenaristeska_era]]>

Вака се подготвуваат малите дечиња за фестивалот „Поточиња 2022“: Прекрасни кореографии и песнички од малите музички ѕвездички (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-se-podgotvuvaat-malite-dechinja-za-festivalot-potochinja-2022-prekrasni-koreografii-i-pesnichki-od-malite-muzichki-dzvezdichki-foto/ Thu, 09 Jun 2022 10:56:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253703

Новото претстојно издание на „Поточиња 2022“, како еден од најпознатите и најреномирани детски музички фестивали, ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. Што значи дека е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала. Но, за да биде се како што треба и како што е замислено, мора однапред да биде и беспрекорно подготвено. А подготовките за новите песнички траат цела година. Од момнтот на нивното создавање, преку селекцијата на децата што ќе ги изведуваат, нивното студиско снимање, па се до последните подготовки околу танцувањето, кореографијата, сценските движења, настапот на големата сцена. Сето тоа мора да се синхронизира и увежба, па најмалите музички ѕвездички под будното око на организторот, нивните музички ментори и кореографи, ги подготвуваат и увежбуваат чекорите, игрите, танците, кореографиите за секоја песничка одделно. Дека се е како под конец и ќе биде соврешено и беспрекорно на големата сцена во Македонската филхармонија, потврда се фотографиите и видеата кои  ги забележивме на пробите на „Поточиња 2022“. Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн.  Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл.]]>

И децата на некои од познатите лица од српската естрада тргнаа на училиште: Првачиња и останати слатки ученичиња (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-decata-na-nekoi-od-poznatite-lica-od-srpskata-estrada-trgnaa-na-uchilishte-prvachinja-i-ostanati-slatki-uchenichinja-foto/ Thu, 02 Sep 2021 06:14:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217652

Дел од познатите личности од српската естрада исто така вчера, 1-ви септември, традиционално ги испратија своите малечки во прво одделение, а сега мајките на социјалните мрежи покажаа колку се горди. Марија Каран, Снежа Борјан, Ана Штајдохар, Душица Јаковљевиќ и многу други ги покажаа своите наследници првиот ден од септември со широки насмевки на нивните лица. Марија Каран го пофали своето прво дете, Марк Лео, кое го доби со поранешниот сопруг, режисерот Џоел Лубин, а честитките од нејзините следбеници на социјалните мрежи,  не изостанаа. „Мал сум за предучилишна возраст, мал за прво одделение, но денес тргнавме во нулто, односно прво одделение во Кембриџ! Со среќа синко“- емотивно му порача Снежа Борјан. „Продолжуваме понатаму, седмо одделение, и како вчера прво да  почнавте! Те сакам“ - восхитено му порача на својот малечок ТВ водителката Душица Јаковљевиќ. Пејачката Ана Штајдохер и нејзиниот сопруг, музичарот Немања Демоња, ја испратија својата ќерка Ниа на училиште. Учесничката во реалното шоу „Задруга“, Драгана Митар, исто така го испрати својот син Јован на училиште. Фото: Немања Николиќ, Принтскрин / Инстаграм, Дамир Дервишагиќ]]>

Мали борци: Четири ангелчиња кои го победија ракот позираа насмеани и весели https://arhiva.vistina.com.mk/mali-borci-chetiri-angelchinja-koi-go-pobedija-rakot-poziraa-nasmeani-i-veseli/ Fri, 21 Sep 2018 13:15:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49058

Некои личности уште од мали нозе ја водат најтешката битка – борбата за живот. МекКинли, Клои, Ава и Лорен се храбри девојчиња кои успеаја да извојуваат победа над ракот и денес среќни и насмеани да го живеат своето безгрижно детство.
МекКинли, Клои, Ава и Лорен Четирите ангелчиња се запознале во детската болница „Johns Hopkins“ во Флорида каде сите се лекувале од различни форми на рак. На Клои ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, што е многу ретка дијагноза кај децата, додека на Ава на двегодишна возраст ѝ била откриена акутна лимфоцитна леукемија. МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен МекКинли, Клои, Ава и Лорен Неодоливите другарки денес имаат по 4 и 5 години. Нивната прва заедничка фотографија им била направена во 2016 година кога сите примале терапија и се обидувале да ја „згазат“ страшната болест. „Сите беа на активна терапија првиот пат кога го направивме ова. Неверојатно е да се види колку далеку стигнаа, од тоа што беа ќелави мали бебенца“ – изјавила една од мајките на девојчињата. МекКинли, Клои, Ава и Лорен Малите ангелчиња во 2016 година МекКинли, Клои, Ава и Лорен Малите ангелчиња во 2017 година МекКинли, Клои, Ава и Лорен „Кога твоето дете ќе се разболи од рак, тешко е да си замислиш ‘нормален’ живот повторно. Многу специјален е моментот кога ја гледаме со нејзините слатки пријатели со кои се зближи додека сите беа многу болни“ – отворено признала мајката на Ава.

ВИДЕО

„Овие девојчиња имаат уникатна врска. Апсолутна радост е кога гледаме како растат и се прилагодуваат надвор од болницата, да бидат децата кои отсекогаш требаше да бидат. Ова никогаш не требаше да им се случи ним“ – изјавил докторот кој ги лекувал четирите девојчиња.]]>

Реконструкција на головите од финалето на СП изведена од дечиња! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rekonstrukcija-na-golovite-od-finaleto-na-sp-izvedena-od-dechinja-video/ Tue, 17 Jul 2018 12:46:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38644

Финалето меѓу Франција и Хрватска беше необично, со многу несекојдневни елементи собрани во еден натпревар, како на пример автогол, ВАР-пенал, голманска грешка... Сето тоа беше доволна мотивација некој да се инспирира и да направи оригинална реконструкција на финалето. 22 дечиња облечени во дресови на Хрватска и на Франција направиле веродостојна реконструкција на шесте постигнати гола. Сличноста и точноста со кои си ја завршиле работата ве тера да се заљубите во нив. ]]>