деби албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png деби албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Емотивно го доживеав тоа“ – Антониа Гиговска по промоцијата на нејзиниот деби-албум „2001“ им се обрати на обожавателите (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/emotivno-go-dozhiveav-toa-antonia-gigovska-po-promotsijata-na-nejziniot-debi-album-2001-im-se-obrati-na-obozhavatelite-foto/ Mon, 04 Mar 2024 09:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340980

На првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, се одржа промоцијата на  младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска. Пред многубројната публика Гиговска вчеравечер на 3 -ти март, пееше со многу емоции и полно енергија, а на фановите бесплатно им беше поделен албумот на  усб со ликот на Антониа. Пред настапот таа преку Инстаграм  ги потсети сите да дојдат во 18 часот, а тон пораки пристигнаа на нејзината адреса со потврден одговор. Настанот имаше и хумана нота, а како што им откри  таа усб се делеше бесплатно, но имаше кутија за собирање пари за лекување на Леонид Индов кој се повреди во Грција. Исполнета со емоциите на нејзините обожаватели пејачката пееше и не криеше колку ужива на својата промоција и на нејзиниот прв албум, а им вети дека ќе има уште многу албуми. - Луѓе мои, не можам да ви опишам колку емотивно го доживеав ова денес и едвај чекам да ги видите видеата. Фала ви на сите што дојдовте на секој отпеан рефрен и на сите прегратки и насмевки! Вие сте ми најголемата поддршка и ветувам уште многу албуми, Ве сакам - напиша таа.   Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa]]>

Девојката со “X Factor” Илма Карахмет го најави својот деби албум со – „Гинем поносно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/devojkata-so-x-factor-ilma-karahmet-go-najavi-svojot-debi-album-so-ginem-ponosno-video/ Mon, 12 Dec 2022 13:06:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279644

Илма Карахмет, сега веќе девојката која јавноста ја памети по учеството во музичкото натпреварување “X Factor” во кое победи нашиот Даниел Кајмакоски, пред крајот на оваа година на публиката ѝ ја носи својата најемотивна песна досега. Илма избра оваа, за неа успешна година да ја заокружи и своите обожаватели да ги израдува со композиција за која многумина рекоа дека ќе биде нејзиниот најголем хит. Темата со наслов „Гинем поносно“ е дело на авторот со кого Илма и досега најмногу соработуваше - Бане Опачиќ, кој  ја смета Илма за една од најперспективните пејачки, а освен на оваа тема автор е и на нејзините големи хитови „Неко није“ и „Нешто твоје“, додека аранжманот го потпишува Марио Пајиќ. Проверениот тим не треба да се менува, па и овој пат заедно ја создадоа магијата. Илма истакнува дека од почетокот знаела оти ова е песната со која сака да го најави својот прв албум на кој работи во изминатите три години. „Горда сум на нашата досегашна соработка и навистина сум среќна што секој пат успеваме да ги поместиме границите што претходно сме си ги поставиле. Денес е многу тешко да се дојде до квалитетна и добра песна, но Бане е вистинската адреса за мене затоа што ни се поклопија енергиите. Сите ние кои се бавиме со оваа работа често доаѓаме во ситуација да се прашаме што да се сними и каква песна да се избере. Во секој случај, со оглед дека не трчам по трендови, сакам да го градам својот стил по кој многумина веќе ме препознаваат. Со „Гинем поносно“ го најавувам својот албум првенец и едвај чекам во 2023 да слушнете што ви подготвив“, вели Илма (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Концертна промоција на деби албумот „Чудо“ на бендот „Лилит“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncertna-promocija-na-debi-albumot-chudo-na-bendot-lilit-vo-skopje/ Wed, 21 Sep 2022 12:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268097

Македонскиот музички состав „Лилит“ во недела (25.09) ќе одржи концертна промоција на својот деби албум „Чудо“ пред скопската публика. Со почеток во 18 часот, бендот ќе настапи во кафе-барот Филхармонија. „ЧУДО“ е дете на искрена, бескомпромисна љубов кон музиката. Без желба за идентификација со било кој музички жанр, бидејќи секоја идентификација е рамка, овој албум ги дава контурите на еден слободен ентитет кој стои позади името Лилит. На албумот се наоѓаат 12 композиции. Дел од композициите се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини. Влезот за концертот е слободен. Концертна промоција на албумот „ЧУДО“ ќе се одржи и во Охрид, еден ден претходно, односно на 24 септември од 18 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.]]>

„Југотон Кроација Рекордс“ го издаде деби-албумот на Зарина Првасевда https://arhiva.vistina.com.mk/jugoton-kroacija-rekords-go-izdade-debi-albumot-na-zarina-prvasevda/ Tue, 24 May 2022 08:39:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251742

Југотон Кроација Рекордс“ го претставува „Ехо“ – деби-албум на македонска уметница Зарина Првасевда. Зарина Првасевда е македонски уметник, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. На неодамна одржаниот концерт во Македонската филхармонија по повод издавањето на албумот Ехо, Зарина ја воодушеви публиката, а наста беше распродаден до последен билет.

Таа за себе вели дека ја црпи својата инспирација од природата, од секојдневниот живот на античките луѓе низ историјата, во споредба со она што го живееме денес, од моменталната културна и емоционална еволуција, како и од карактеристичните карактеристики на културите на луѓето за кои е заинтересирана и постојано истражува. Зарина се стреми да ја смести традиционалната музика во една поинаква, единствена и алтернативна форма, бидејќи самата музика ја задржува својата автентичност, се со помош на вокални техники кои одговараат на традицијата. Кога станува збор за инструментална работа, таа создава изобилство на различност и чувство за простор и слобода, комбинирајќи различни стилови, ритми и украси типични за карактеристичните култури и региони што ги запознала.

Нејзиниот деби студиски албум, во издание на најголемиот регионален издавач Југотон Кроација Рекордс“, има 11 традиционални песни од различни делови, изведени на четири различни јазици, и е создаден во соработка со: Васил Хаџиманов, Исмаил Лумановски, Александар Петров, Оливер Јосифовски, Дарко Фурнаџиски, Гоце Димовски, Филип Михајловски, Оливие Самоилан, Ратко Даутовски, Благојче Трајковски, Газменд Бериша итн.

]]>

Деби албумот на „The Chicks“ надополнет со „Бакнеж“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/debi-albumot-na-the-chicks-nadopolnet-so-baknez-video/ Tue, 09 Jun 2020 11:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153008

Откако во месец април годинава го објавија првиот сингл „Travelers“ за истоимениот деби албум, трите велешанки од музичкиот бенд „The Chicks“ сега имаат ново музичко надополнување. Имено, тие го промовираат вториот сингл „Бакнеж“ кој ќе се најде на албумот, а за новата музичка тема објавија и видео. Автор на музиката и аранжманот е Александар Чекреџи- Чекре, тeкст и аудио продукцијата се на Александар Ристовски- Принц, додека микс и мастеринг работеше Златко Симионски- Зеко, а видео го изработија „Тhe Chicks“. И додека ја чекаме промоција на албумот која ќе следи понатаму, во некои посреќни времиња кога за тоа чќе се создадат вистински услови, слушнете ја и погледнете го видеото за „Бакнеж“: ]]>

Нешо (ќе го) промовира „Балканизам“ https://arhiva.vistina.com.mk/nesho-kje-go-promovira-balkanizam/ Thu, 02 May 2019 10:13:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85595

Најавен со истоимената тема, деби-албумот „Балканизам“ на велешкиот рап-уметник  Нешо ќе ја доживее својата промоција на 10 мај во пивницата „Паб“ во родниот Велес. Музичарот и член на хип-хоп групацијата „Авторизација“ на претстојниот настан премиерно ќе го претстави и видеото за дуетот со својата колешка и сограѓанка Валери Димовска – „Ќе биде“.
Освен Валери, на албумот гостуваат и колеги како што се Кацар, Влади Ортографија, Кискинов, Авторот и Бојан, како и матичната екипа „Авторизација“, а продуцент на материјалот е Темелко Андреев. „Сè што сакаме да склопиме таа вечер на 10 мај е прекрасна дружба под отворено небо заедно со диџеј Попај зад грамофоните…. Ќе имате можност од таму поставениот штанд да си изберете и по некоја маичка или дуксер ’БАЛКАНИЗАМ’ изработени квалитетно од македонскиот бренд ’REVOLUTION’!“, пишува во соопштението за промоцијата, а за сите новости следете го настанот на Фејсбук.]]>

ТЕА со „Кога најдобро те познавам“ го промовираше албумот „Која сум јас“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-so-koga-najdobro-te-poznavam-go-promovirashe-albumot-koja-sum-jas-video/ Thu, 13 Dec 2018 12:30:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62946

Младата македонска поп пејачка Теа Трајковска, заедно со промоцијата на своето дебитантски дискографско остварување - албумот „Која сум јас“, таа промовираше и нова песна заедно со видеото за неа.
Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напишала самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на проверениот македонски хитмејкер, Лазар Цветкоски, додека за реализација на видеото беше задолжена „Томато“ продукција.
Албумот содржи вкупно 10 песни, чиј автор е  Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот старт на нејзината кариера, како и неговата сестраМагдалена Цветкоска – Ена, која ги напишала стиховите за дел од песните.
„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“ - ќе изјави Теа на неодамнешната промоција.
„Веќе 5-6 години работиме и мислам дека имаме добар албум и навистина сум задоволен од сработеното. Теа е специфичен лик што има некоја своја различна нота и сето тоа ме мотивира да работам. Ние, сепак, црпиме инспирација од изведувачите“ - додаде Цветкоски на промоцијата.
А, Вие можете да го проследите видеото за песната „Кога најдобро те познавам“ во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=NZxz0J8gZFE Извор: РадиоМК

„Браќата Нуне“ го промовираа деби албумот „По патот“ https://arhiva.vistina.com.mk/brakjata-nune-go-promoviraa-debi-albumot-po-patot/ Thu, 28 Dec 2017 10:49:52 +0000 http://vistina.mk/?p=8090

„Браќата Нуне“ односно Филип и Раде Нуневски, минатата недела го промовираа своето првенче, албумот насловен „По патот“. Во хотелот „Квинс“, пред многу гости, соработници, новинари, пријатели, се одржа промоцијата каде Филип и Раде отсвиреа во живо и дел од музиката на албумот, а водители беа Лила Стојановска и Ване Маркоски.

Овој албум е прв солистички и авторски на браќата Нуне. Во него се појавуваат и соработници и гости како Светолик Нуневски ,Милан Завков, Милан Кацарски, Николче Мицевски, Златко Миладиновски, Војче Петрушев, Никола Митровиќ, Али Латифов, Далибор Ефтимовски, Дејвид Демир и Горан Гешовски, воедно и продуцент на овој албум. „На овој албум е работено повеќе од една година и се состои од 11 композиции. Очекуваме истиот да наиде на добар прием oд публиката“, велат браќата. На промоцијата гостите имаа можност да го набават новиот албум, кој веќе е во продажба, а со средствата собрани од истиот, Филип и Раде ги израдуваа дечињата од „СОС Детско село – Македонија“ со новогодишен подарок. Пред овој прв солистички албум, најзначајна за нив е и соработката во оркестарот на Есма Реџепова. https://www.youtube.com/watch?v=7i04QFuf1DI]]>