дебар маало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дебар маало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-stefanovski-dobi-svoj-mural-vo-skopsko-debar-maalo-foto/ Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248068

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Муралот го  наслика младиот уметник и тату-артист Блаже Атанасков- Нејмлес. Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. Свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани со зачувувањето на делото на драматургот. „Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, гласеше одјавата на Игор Стефановски.]]>

„Емоции за еден град“ – „Celebrate Life“ https://arhiva.vistina.com.mk/emocii-za-eden-grad-celebrate-life/ Wed, 16 Jan 2019 12:09:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67781

Изложбата „Celebrate Life / Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало со почеток во 20 часот. Изложбата опфаќа илустрации што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери што ќе биде промовирана во рамките на изложбата. Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година. „Проектот Емоции за еден град е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија“
Што е „Celebrate Life“?
„Celebrate Life“ е создаден во 2011 година како платформа за дизајнирање на унисекс-облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници веројатно во најтешките мигови на нашето општество. Покрај практичниот аспект, платформата има и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. – Луѓето престанаа да се смеат. Заборавија на животот и радоста. Агресија, гнев и омраза насекаде и непрепознавање на средината доведоа до стадиум на размислување во нова форма на уметничкиот израз. Впрочем, бедата се пренасочи во продуктивност. Своевиден потсетник за луѓето што повеќе да се радуваат бидејќи навистина е бесцелно да се троши енергија и време на грди работи. „Celebrate Life“ е за моментите кога танцуваме и славиме убави нешта. Стилски различни, но оптимистични, концептот „Celebrate Life“ имаше за цел од првата продукција на маици дел од средствата собрани од продажбата беа наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош. Иако секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу. Горан Костовски – ind.o.g е арт директор, дизајнер и видео уметник роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Амстердам, Берлин, Цеље. Во 2016 година ја реализираше изложбата Емигрирани во слобода дел од Културните приказни на Европската комисија во Скопје. Во 2010 година беше одговорен за визуелизациите на гала-отворањето на јубилејното 50 издание на фестивалот „Охридско лето“. Во 2007 година во галеријата „Точка“, во рамки на фестивалот за урбани уметности„Kонструктор“, ја имаше изложбата на графички дизајни и видеоарт насловена „Human Communication“. Во претходните години своите дела ги претстави и во Младинскиот културен центар, во „Мала станица“, а на фестивалот „Кока кола саундвејв“ во 2005 година одржа перформанс со цртање во живо. Неговото творештво беше дел и од низа групни изложби во рамки на фестивали и проекти како „Родовод“ (2007), „Армитраж“ (2006) и „New Planet 2006“.  Ind.o.g живее и работи во Скопје.]]>