давор јордановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 13:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png давор јордановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вештачката интелигенција ја оживеа последната отпеана песна од Тоше – „Kажу да време лечи све” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/veshtachkata-inteligentsija-ja-ozhivea-poslednata-otpeana-pesna-od-toshe-kazhu-da-vreme-lechi-sve-video/ Thu, 25 Jan 2024 07:16:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336307

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата  најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. “Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот – нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како DJ Erik Fox. Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. Првата демо снимка е направена во септември 2004-та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (DJ Erik Fox). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – “Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер. “Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”, ни изјави Кирил. За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски ѕвезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект. Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи. Дали времето лечи се?… Се чини дека времето никогаш не излечило ништо, само човек едноставно се навикнува да живее со таа болка. Ние останува да живееме со неговата музика, која буди силни емоции, да бидеме горди на неговите музички достигнувања и остварувања, да ги следиме неговите хумани дела и имаме одговорност да го чуваме и негуваме споменот за него. ]]>

Мартинијан Кириловски со награда на „Макфест“ ја овековечи својата – „Вистина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martinijan-kirilovski-so-nagrada-na-makfest-ja-ovekovechi-svojata-vistina-video/ Mon, 20 Sep 2021 12:09:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219809

На 36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ се одржа изминатиов викенд во Штип, младиот пејач Мартинијан Кириловски го освои второто место.
Неговата песна „Вистина“ веќе ги освои симпатиите на публиката не само во салата на домот на културата во Штип, и онаа на малите екрани која го следеше ТВ преносот, туку таа наголемо се врти и на радиостаниците, а видеото има бројни прегледи на Јутјуб. Текстот и музиката се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го потпишува Давор Јордановски. Пресреќен заради наградата, Мартинијан е полн со емоции и впечатоци по заслуженото признание. „И покрај тоа што знаев дека настапот ќе биде одличен, проследен со силна позитивна енергија, чувствував и доза на одговорност бидејќи се појавувам како победник на Макфест 2019. На секој изведувач му е важно песната да остане, да се слуша и да се запамети. Остануваат да се слушаат само оние песни кои публиката ќе ги избере по завршувањето на фестивалот. Да бидеме искрени, секој очекува успех на фестивалот, но сепак се изненадив од реакциите и позитивните коментари за песната, но и од втората награда на фестивалот која со задоволство ја прифатив. Се надевам дека „Вистина“ ќе биде навистина слушана песна  и дека ќе стане вистински хит“ - истакна младиот пејач во својата изјава. Инаку песната е снимена и миксана од Давор Јордановски и Валентино Скендеровски кој го потпишува и мастерингот на песната, која е реализирана во неговото музичко студио „Enterprise“. „Вистина“ е визуелизирана и со видео кое го потпишуваат Никола Павловски и Марко Јовановски ( “Revolution Pictures“ ), а режијата е на Никица Јанковски. Како звучи и изгледа вицешампионската песна од последниот „Макфест 2021“, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=bg-34RH4dV0&t=2s[/embed]]]>

Васил Гарванлиев сликите од детството ги преточи во песна – „Мојата улица“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-slikite-od-detsvoto-gi-pretochi-vo-pesna-mojata-ulica-video/ Mon, 06 Apr 2020 12:29:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143510

Васил Гарванлиев, кој требаше да ја претставува нашата земја на јубилејниот 65. Евровизиски фестивал на 16 мај во Ротердам, Холандија, периодов, кога целиот свет е во изолација, деновите ги минува во родната Струмица. Во меѓувреме, Гарванлиев го промовираше видеото за својата најнова песна. Станува збор за баладата „Мојата улица“, за која самиот напишал музиката, а на пијано го придружува Давор Јордановски, македонски композитор што живее и работи во Канада. Eмотивниот текст, за кој и самиот Васил вели дека има и биографски елементи, го напишал Игор Џамбазов. Видеото за песната  кое го снимил и режирал Ѓорѓи Вацев, е снимено во старата касарна во Струмица, и тоа во еден потег. „Мојата улица“ фицијално беше промовирана на концертот во неговата Струмица, но се раѓа во комбинација со видео токму во момент кога сите сме дома, и не потсетува на значењето токму на првиот дом и првата адреса. „По најавата за големото телевизиско шоу на 16 мај, на кое ќе бидат претставени годинашните евровизиски учесници пред телевизискиот аудиториум во Европа и во целиот свет, со евровизискиот тим од МРТ ги чекаме деталите за настапот“ - вели гарванлиев канејќи ве да ја преслушате„Мојата улица“ и погледнете виодеото за неа: https://www.youtube.com/watch?v=78oMcdOv6-o&fbclid=IwAR0rMGoGRT_2mrNfb12Zw3G_Zu37HUMdInGtLB-rWmJkZOOaZPY2co-4_G4]]>

Мијата со универзална симболика во новата песна – „Regret“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-uiverzalna-simbolika-vo-novata-pesna-regret-video/ Tue, 17 Mar 2020 13:32:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139986

Македонската поп-пејачка Мијата има нов сингл, „Regret“ песна која се најде и на албумот „Небеска“. „Regret“ e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер, а јас сум автор на музиката и текстот. Иако песната ја темпирав за март, како месец на жената, но со новонастанатата ситуација стиховите на „Regret“ добиваат уште подлабока и универзална симболика“ - вели Мијата. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје, кој воедно беше и издавач на албумот „Небеска“. Видеото го изработил Иван Куртевски. Мијата вели дека му е благодарна до Бане Поповиќ кој дозволил да се користат материјали оригинално снимени од “Томато Продукција“. Како изгледа видеото за „Regret“ проследете во продолжение: ]]>

Васил Гарванлиев, од Марионка до Евровизија… – „Патувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-od-marionka-do-evrovizija-patuvam-video/ Tue, 19 Nov 2019 12:32:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119417

Васил Гарванлиев и стана познат на македонската публика уште од мали нозе, кога како детенце ја пееше познатата детска песничка „Марионка“, која со текот на годините прерасна во вистински детски евергрин.

Во 2018-тата, Васил Гарванлиев со звуци и слики од Македонија го нанижа својот музички – „Ѓердан“ во парче музика и видео, за годинава ( 2019) да биде дел од вокалната екипа која ја придружуваше Тамара Тодевска, во остварувањето на најголемиот евровизиски успех до сега на еден претставник на Република Македонија на „Евросонг“.

Неговиот најнов проект насловен „Патувам“ го реализираше во соработка со македонскиот клавијатурист, композитор и продуцент Давор Јордановски кој е автор на музиката, а живее и твори во Торонто - Канада и текстописецот Тања Брковска. За видеозаписот повторно се погрижи екипата од неговите претходните проекти: Ѓорѓи Вацев - камера и постпродукција, креативниот  директор - Јелмаз Дервиши, и кореографот Иван Ангелковски. “Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект, е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов, и приказна со вистински тим секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон “– вели Васил, канејќи ве да го проследите неговото аудиовизуелно патување низ времето. ]]>