давид темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Nov 2023 10:43:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png давид темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За сите длабока есен, а за Давид Темелков и сопругата Елена е лето на Бали: Брачната двојка во љубовна екстаза од тропските краишта (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-site-dlaboka-esen-a-za-david-temelkov-i-soprugata-elena-e-leto-na-bali-brachnata-dvojka-vo-lubovna-ekstaza-od-tropskite-kraishta-foto/ Wed, 15 Nov 2023 08:10:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327014

За поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како и за неговата тазе сопруга Елена, моментално е лето. Вљубените гулапчиња се решија за есенска авантура на далечниот Бали, односно на Нуса Пенида, остров кој се наоѓа во близина на јогоисточниот индонезиски предел. Таму температурата е иста во текот на целата година, така што Давид и Елена отидоа на сигурен терен каде ќе се препуштат на топлото време, егзотика и комплетна синергија на природата. Давид откако ја направи големата македонско- хрватѕска свадба во месец јуни, некако се повлече од социјалните мрежи, а особено резервиран остана со моменти од приватноста и брачниот живот. Сега за промена почувствува потреба да го покаже благодетот во кој моментално уживаат. Приватен базен, егзотична храна, звуци и мириси на природата, а целото тоа во спој со романтика која само ја интензивира љубовта и страста... Капење под дожд, што поромантично и необично од тоа, да посакаш да си на негово место! Гушнати, разнежнети, преплавени од емоции и убаво на душа, Давид и Елена создаваат спомени како од разгледница за првата година од бракот и едно необично есенско лето. фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков]]>

Македонско -хрватски свадбен микс: Пејачот Давид Темелков ја ожени Хрватката Елена, таа беше невеста како принцеза, а тој младоженец со необичен детаљ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-hrvatski-svadben-miks-pejachot-david-temelkov-ja-ozheni-hrvatkata-elena-taa-beshe-nevesta-kako-printseza-a-toj-mladozhenets-so-neobichen-detal-foto/ Mon, 12 Jun 2023 07:15:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305779

Поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како што најави, така и направи. На голема свадба со преку 250 гости тој ја славеше својата венчавка со хрватската водителка Елена Јунг која се случи викендов. Најпрвин си го дадоа заветот пред Бога во црквата Св.Богородица во Скопје, за потоа забавата да продолжи во еден скопски ресторан каде се помеша македонско –хрватската свадбена традиција. По желба на невестата свадбата се случи во Македонија, па околу 80-тина сватови и гости од Хрватска дојдоа во чест на младите, да им посакаат среќен брак и да наздрават во име на љубовта. Желба на младоженецот пак, беше на свадбената веселба да пее Анета „Молика“, што и се случи. Давид понесен од еуфоријата не го пуштил микрофонот од рацете, а споените вокали со Анета, биле празник за уши. Невестата на себе имаше венчаница во принцеза крој со волуменозна кринолина, младоженецот елегантен во црн костим и со еден необичен детаљ, цветно венче какво носеше и невестата. Се виореа македонското и хрватското знаме, а Елена и Давид успеаја преку својата љубов да ги спојат обичаите. Инстаграм профилот од делот за „стори“ беше густо набиен кај младоженецот кој објави цела галерија фотографии од највпечатлите моменти. За потсетување, во 2021 година Давид јавно на еден настап во Градишка ја запроси Елена Јунг, која кажа – ДА. фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков]]>

Се’ е подготвено за големиот ден: Давид Темелков ќе се жени со убавата хрватска водителка, а на свадба ќе им пее Анета „Молика“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-e-podgotveno-za-golemiot-den-david-temelkov-ke-se-zheni-so-ubavata-hrvatska-voditelka-a-na-svadba-ke-im-pee-aneta-molika-foto/ Tue, 11 Apr 2023 07:19:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297568

Велат дека по дождот доаѓа сонце, а за пејачот Давид Темелков ова навистина и се случува. Откако излезе како победник по тешката операција на тумор на ногата, Давид како да живее нов живот, благословен што Бог повторно му даде шанса се’ да биде како порано, дури и поубаво. Сега Давид има само една цел - цврсто да чекори кон целите и соништата! А еден од тие големи соништа е и бракот со неговата сакана, хрватската водителка Елена Јунг. Темелков во изјава за хрватска Глорија открива дека се’ е подготвено за свадбата која ќе се случи во месец јуни во Скопје. Младите најпрвин имале план да прават свадба и во Хрватста и во Скопје, но на крај се решиле големата прослава со 250 гости да се случи на македонски терен и да им пее Анета и „Молика“. „Случајно ни се споија патиштата и јас само ѝ реков: ‘Анета, јас нема да се женам сè додека ти не ни пееш на свадба’. Таа само праша на кој датум ќе се одржи свадбата и рече дека ќе ги помести сите обврски. Има феноменална група, ќе бидат присутни и неколку мои колеги од Хрватска, сите ќе запееме по нешто, така што репертоарот ќе биде прилагоден и за македонските и за хрватските гости. Навистина сакам секој да се почувствува задоволно на тој ден“, раскажа Давид Темелков за „Глорија“. За потсетување, во 2021 година Давид јавно на еден настап во Градишка ја запроси Елена Јунг, која кажа – ДА. Македонскиот пошироката музичка јавност во регионот го запозна при учеството и успешните настапи во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор-Адриа“, потоа продолжи да ја гради својата регионална кариера во Хрватска. фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков]]>

Давид Темелков мин(ув)а низ животна голгота: „Ми открија тумор на ногата, а лекарот ми соопшти дека шансите да останам инвалид се 98 %“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-min-uv-a-niz-zhivotna-golgota-mi-otkrija-tumor-na-nogata-a-lekarot-mi-soopshti-deka-shansite-da-ostanam-invalid-se-98-foto/ Wed, 22 Feb 2023 09:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289974

Македонскиот пејач Давид Темелков, кого пошироката музичка јавност во регионот го запозна при учеството и успешните настапи во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор-Адриа“, потоа продолжи да ја гради својата регионална кариера во Хрватска. Низата песни од кои некои станаа и хитови му обезбеди место меѓу познатите, па така во 2021 година тој јавно на еден настап во Градишка ја запроси и тогаш неговата девојка Елена Јунг, која кажа - ДА. За жал, животот не е исполнет само со радости и среќни мигови, па така на почетокот на минатата година пејачот ќе се соочи со својот најголем страв, откако ќе му биде соопштено дека има здравствен проблем кој сериозно може да му го промени животот. Имено, на Темелков тогаш ќе му биде дијагностициран тумор на десната нога, кој ќе мора да му биде отстранет со хируршки зафат, по кој биле можни последици од катастрофални размери. Или поточно, лекарот му најавил дека шанситре за траен инавалидитет на стопалото на десната нога се огромни... Дури 98 %, по што тој не ќе може да ја движи ногата, зашто десното стапало повеќе нема да му биде во функција. Една година од истиот тој ден измина.  Давид Темелков мин(ув)а низ животна голгота, која за среќа се покажа дека чудата се сепак возможни. Својата животна приказна за најтешкиот период во животот досега, пејачот ја раскажа и сподели на Инстаграм профилот со своите следбеници. „Една година подоцна.. истиот ден... Оваа сторија ја пишувам со насмевка на лицето и не мислев да ја споделам јавно.. не знам зошто, но можеби некому ќе биде охрабрување, баш такво какво што на мене ми требаше пред една година! Минатата година започна жестоко, така што веднаш по Нова Година дознав дека на десната нога, во Паронеалниот нерв кој ја движи ногата, имам тумор со големина од 5.7цм.. Докторот кој ме прегледа јасно ми искомуницира дека ситуацијата е сериозна и дека постои можност од 98% за инвалидитет на десното стопало и дека ќе остане неподвижно и нема да има функција. Дека тој ќе даде сè од себе за да спаси што може да се спаси но дека е видливо како туморот веќе го има оштетено нервот.. Нема да кажам дека таа информација не ме погоди.. Ме погоди! Но во првите 10 минути.. Седнав во кола и почувствував како телото ми гори.. Не знаев како да им го соопштам тоа на најблиските.. По кратка тишина, на глас си реков "Господе, сè е во Твои раце.. Ако е ова Твоја Воља, достојно ќе ја понесам.. ќе пеам на штаки, во количка, ќе седам на работ на бината и ќе пеам да те прославам колку ме држи глас! Сум победил многу битки, спремен сум и за оваа!" До денот на операцијата не дозволив да ме изеде психата, напротив.. Се радував на секој нов ден и на сите нови обврски, на секој тренинг, на секој концерт.. Фокусот ми беше остар! И гледај Чудо.. Операцијата помина одлично!!! Стопалото сеуште не е на 100%, ама духот е! Само Господ знае зошто ни дава искушенија, и Фала Му за сè! Огромна благодарност и до професорот Раде Жиц кој веруваше и во оној 1% дека може да се спаси стапалото и што ми овозможи цврсто да чекорам према целите и соништата! Животот е чудо, сите имаме воздигнувања и падови, но кога ќе паднеме најважно е да станеме и да продолжиме! Не се откажувајте од вербата.. Верувајте! Верувајте во Добро, верувајте во чуда.. Верувајте во Љубов.. и да бидеме благодарни! Благодарни на Бога за сè што имаме и немаме! Не ми замерувајте, долга е сторијата ама е од срце!“ - сподели Давид Темелков на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by David Temelkov (@davidtemelkov_)

Фото: Инстаграм принтскрин/davidtemelkov_]]>

Давид Темелков во битка со самиот себе во баладата – „Штом бидеш без мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-vo-bitka-so-samiot-sebe-vo-baladata-shtom-bidesh-bez-mene-video/ Sat, 02 Apr 2022 06:35:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245158

Со завршувањето на двогодишното затишје во музичката индустрија заради коронапандемијата и со доаѓањето на пролетта, конечно на виделина излегуваат песните кои Давид со својот тим ги создаваше за време на lockdown-от. Овој пат по низата неколку енергични песни, Давид ни носи балада која не е само љубовна песна, туку песна со порака. Да се пренесе на публиката искрена емоција преко љубовна песна не е нималку лесно, но за него тоа било само дополнителен предизвик. Како што вели и самиот оваа песна му прирасна за срцето на прво слушање и нетрпеливо го чекал денот кога ќе ја сподели со својата публика, па затоа и овој пат ја превзема одговорноста за режијата и сценариото. „Со големо нетрпение чекав да ја споделам со вас оваа љубовна балада како и новиот видеоспот. Секој од нас во себе проживува борба помеѓу срцето и разумот, борба која не е нималку лесна ни едноставна. Во светот во кој живееме понекогаш е тешко да избереме што е исправно, не е едноставно да се одлучи помеѓу срцето и разумот и исто така верувам дека тоа не се само мои битки, туку и битки во секого од нас. Оваа песна ме заинтригира на прва и во мене разбуди слики кои ме инспирираа да ги преточам во спот бидејќи и самиот сум многу често во позиција да морам да победам во битката со самиот себе. Верувам дека во секого од нас се крие сила која се покажува во вистинскиот момент. Оваа песна е само потсетник и охрабрување дека ја имаме таа сила во себе и дека треба да ја искористиме“ - вели Давид заблагодарувајќи им се на соработниците и екипата која учествувала во реализцијхата на новиот проект. „Голема благодарност на уште една убава и плодна соработка на нашите партнери и пријатели: Warrior Spirit, Cammeo Taxi, Pappar bistro & bar, Dicta, ELFS, Monte Caffe и Adriatic Scuba.< За борбените кадри особено им заблагодарувам на момците од АСК DOGS и АТ WARRIORS за големата посветеност и професионалност! Споделувајте, Лајкајте, Коментирајте, а јас пред сé се надевам дека ќе уживате!“ За каква песна и спот станува збор, дознајте во видеото што следува. ]]>

Давид Темелков праведно го допре – „Прстот на судбината“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-pravedno-go-dopre-prstot-na-sudbinata-video/ Tue, 30 Nov 2021 07:29:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229450

Во понеделникот, на 29.11.2021 г.  во најгледаниот естрадниот магазин „Бекстејџ” кој се емитува секој работен ден на Телма во 16.15 и 22.15  ќе се случи промоцијата на  новиот сингл на Давид Темелков со интригантен наслов „Прстот на судбината” и уште поинтригантен видео спот, кој е како краткометражен игран филм проследен со одлична приказна што се гледа во еден здив од почеток до крај. Спотот ја следи песната за чии стихови е заслужен Драгиша Баша, додека самиот Давид го потпишува препевот, а Миро Буљан стои зад музиката и  аранжманот. „Поставувањето на големи очекувања и високи стандарди за овој спот беа единствен избор и единствен пaтоказ. Особено голем предизвик беше тоа што дознав дека Нетфликс неодамна  снимаше серија на истата локација каде што беше сниман и овој спот, и поради тоа, се требаше да биде на врвно ниво. Никогаш до сега не сум уживал во некое снимање како во снимањето на овој спот. Целосно уживав во улогата на режисер и продуцент, снимајќи со своите пријатели кои со својата глума, безпоштедност и позитивната енергија го направија овој спот таков каков што е. Ова снимање ми представуваше едно големо задоволство“ – изјави Темелков на денот на ТВ промоцијата на спотот за естрадниот магазин од зад сцената. Режијата на видеото како што рековме е на самиот Давид Темелков, додека  снимател бил Јосип Нинковиќ - Нинац, а монтажата ја направиле тие двајцата заедно. Спотот изобилува со многу ликови, а во него свои улоги како актери имаат: Карла Ринчиќ, Сара Силаѓи, Доминик Делиќ, Ловро Иштваничиќ, Среќко Франовиќ, Абрахам Салимон Аре, Марин Молиќ, Матео Ракитиќ, Иан Румац, Мартин Стојковиќ, Лаура Мариќ. Шминката ја изработила Кана Ковач-Михаљчевиќ. Ако се' уште не знаете за каква песна и спот станува збор, ќе дознаете доколку го проследите видеото во продолжение: ]]>

„Кажа да“: Давид Темелков ја запроси својата девојка на јавно место https://arhiva.vistina.com.mk/kaza-da-david-temelkov-ja-zaprosi-svojata-devojka-na-javno-mesto/ Sat, 14 Aug 2021 06:58:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215291

Македонскиот пејач Давид Темелков кој гради кариера и во Хрватска ја запроси својата девојка Елена Јунг, а таа кажа „да“. Се тоа се случи на „Глазбено лето“ во Градишка. Имено, пејачот ја запроси својата девојка на јавно место. Тој излезе на сцената и на својата девојка го постави главното прашање. Целата атмосфера од запросувањето ја снимаше водителот Далибор Петко  кој воедно и беше водител на програмата. „Ова се случи“, напиша тој и објави снимка на која Елена стои збунета на сцената. Таа на микрфон кажа „да“, а потоа потрча во прегратки на Давид. „Се запознавме по концертот на Тони Цетински и тоа на забава по концертот на која случајно се удрив со Елена. Не знаев која е таа, ни таа не знаеше кој сум јас. Уште на првата средба се родија искри меѓу нас. Не знам што ме привлече кај Елена, но тоа е нешто посебно“, изјави Давид „Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и неговата симпатичност. Ми беше итнересно што на почетокот не знаеше хрватски јазик, па се смеевме. Ја сакам неговата скромност“, изјави Елена. Публиката го запозна Темелков преку неговото учество во „Х фактор“. Тогаш, Тони Цетински го забележа Давид со кој подоцна и стана пријател, а]]>

Давид Темелков со песна и мобил видео како роденденски подарок за себе и своите фанови во – „Не кревај раце“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-so-pesna-i-mobil-video-kako-rodendenski-podarok-za-sebe-i-svoite-fanovi-vo-ne-krevaj-race-video/ Wed, 23 Jun 2021 12:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208134

Македонскиот пејач Давид Темелков, кој веќе десеттина години гради музичка кариера и во Хрватска,го прослави својот 29-ти роденден. По тој повод, тој на своите обожаватели им подарува нова песна и спот. Не кревај раце“ („Не дижи руке“) е снимена на македонски и на хрватски јазик, а за неа музиката ја напиша Миро Буљан, текстот е на Соња Буљан, додекаа препевот на македонски го направи Давид. „Интересно е дека мојата долгогодишна девојка Елена е главна актерка во спотот, кој, верувале или не, целосно е снимен со мобилен телефон, во монтажата имав помош, а режисер сум јас самиот. Инаку таа е телевизиска водителка, заедно сме веќе шест години и ми е огромна поддршка во сѐ. Имав мала незгода, пред снимањето скршив нога, но, за среќа, тоа не се забележува во кадрите. Снимавме на Истра, во Водњан, Ровињ и во Пула. Всушност, ова е наша автентична приказна, бидејќи Елена е од Истра, поточно од Водњан, па во видеоприказната ја овековечивме и нејзината улица“, вели Темелков за Нова Македонија. Темелков наскоро ќе го одржи и својот прв солистички концерт. Имено на 12-ти август, тој ќе го отвори годинашното „Новоградишко лето“. „Ќе пеам пред 40.000 луѓе два часа, а по мене настап ќе имаат легендарните „Парни ваљак“. Планирам за таа пригода да направам еден сплет од песните на Тоше, кои многу ги сакам, а меѓу нив секако ќе биде и „Илузија“ на композиторот Кире Костов, која како да е за мене пишувана“- додава Темелков, повикувајќи ве да ја слушнете неговата нова песна и погледнете видеото. ]]>

Бадниковата поворка ќе започне од црквата Св. Димитриј: “Бадник за сите – радост за сите” https://arhiva.vistina.com.mk/badnikovata-povorka-kje-zapochne-od-crkvata-sv-dimitrij-badnik-za-site-radost-za-site/ Fri, 03 Jan 2020 11:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127295

Под мотото „БАДНИК ЗА СИТЕ! – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”, Здружението “Бадникови поворки” и оваа година, ги повикува граѓаните на 6-ти јануари – Бадник, да земат учество во манифестацијата настани, што се организираат во чест на Празникот на Христовото Раѓање – Божиќ. Според овогодинешната програма, најпрво од 10:30 до 11 часот, Здружението “Бадникови поворки” ги повикува сите семејства со деца, да дојдат пред црквата Св.Димитриј во Скопје за да подигнат бесплатни ѕвездички за децата и да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Давид Темелков и Златните славејчиња. Според објавениот распоред на настани, во 11:15 часот, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што оваа година, ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод, како што најавува Здружението, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури 3 метри и тешко над 100 килограми, ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат гореспоменатите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”. Со пакетчиња за децата, благословени бадникови колачиња за возрасните и пригодна музичка програма, ќе го заокружиме овогодинешното чествување, и со најголема љубов ќе ве испратиме дома, за благословот да го понесете во своите домашни огништа – стои во поканата од Здружението. Освен во Скопје, традиционално и оваа година, во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста ќе се одржуваат во уште 39 градови и населени места во Македонија. “Вечниот Бог” ќе се пее, и радост ќе се сее, низ улиците на Битола, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Дебар, Велес, Штип, Крушево, Куманово, Струмица, Богданци, Виница, Ростуше, Луково, Велгошти, Кривогаштани, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Ресен, Могила, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Неготино, Кочани, Делчево, Македонска каменица, Дојран, Вратница, Брвеница, Старо село, Беловиште, Рогачево и Теарце, каде распеаните коледарчиња ќе бидат исто така дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.
]]>

„Помислив дека е Тоше“: Фановите го опсипаа Давид Темелков со коментари (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/pomisliv-deka-e-toshe-fanovite-go-opsipaa-david-temelkov-so-komentari-video/ Fri, 01 Nov 2019 09:21:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115822

Поп-пејачот Давид Темелков, кој се прослави како успешен учесник во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор“ неодамна ја издаде својата нова песна „Чувај ме Боже“. Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, кој е познат и по соработката со Тоше Проески, а дел од спотот е снимен во Санкт Петербург.
„Давид ме привлече со својата посебност и глас кој ретко се слуша. Да се работи со него е вистинско задоволство, а оваа песна е една од најдобрите мои песни“ изјави Рус.
Давид вели дека ова песна му е посебно драга и се заблагодари на публиката која секогаш му е инспирација.
„Ова е песна со која Рус и јас се запознавме, а започнавме убава соработка. Се надевам дека ќе го најде патот до срцето на публиката“ вели Темелков.
Видео записот  за „Чувај ме Боже“ е објавен на „Јутуб“, а има повеќе од 400 000 прегледи.Меѓутоа под објавата фановите го опсипаа Давид со позитивни коментари. Некои од нив го споредија со Тоше, некои велат дека песната потсетува на „Боже, брани ја од зла“ од Тоше, други го пофалија талентот на македонскиот млад пејач. „Слична на Тошевата: „Боже брани ја од зла“, „Тоше,само тоа помислив кога ја слушнав песната, браво Давид“, „Можеби  се појави и наследникот на Тоше, убаво момче и спот“, „Потесетува на Тоше, браво Давиде, одлична песна“ се само од некои од коментарите.     Инаку, ова не  е прва соработка на Рус и Темелков односно тие и соработуваа и на песните „Дишем за нас“, „Љубави“, „Све је пролазно осим твоје љубави“.... Во продoлжeние слушнете ја новата песна на Темелков. https://www.youtube.com/watch?v=FSFl_eAFbq8&feature=share&fbclid=IwAR3_3lffkD17vIhWOotZd3Jh78tFITCF0QrTI_wDklxIElgfKgpXI3Eq-Ck]]>