давид миладинов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Jul 2020 08:11:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png давид миладинов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оперскиот пејач Давид Миладинов со обработка и моќна изведба на легендарната македонска патриотска песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/operskiot-pejach-david-miladinov-so-obrabotka-i-mokjna-izvedba-na-legendarnata-makedonska-patriotska-pesna-poslushajte-patrioti-video/ Thu, 16 Jul 2020 08:05:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158976

Оперскиот пејач Давид Миладинов го промовираше спотот за неговата најнова преработка на легендарната македонска народна патриотска песна „Послушајте патриоти”, во која се пее за големиот јунак Александар Караѓуле Охридски,кој бил мачен и убиен од Бугарите во софискиот затвор во 1892 година. https://denesen.mk/video-junak-od-poznatata-makedonska-pesna-poslushajte-patrioti-e-ispeana-za-karagjule-koj-bil-machen-i-ubien-od-bugarite-vo-sofija/ Видеото е снимано на неколку убави локации во стариот дел на Охрид, како и во неговата околина, поточно во атарот на селото Куратица. Спотот го изработи ИН Продукција, а истиот беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија. „Сметам дека македонското национално чувство треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни. Ние најпрвин треба да гледаме нашите песни да ги промовираме. Послушајте Патриоти' доби нов израз, односно  модерен аранжман и повторно во моја оригинална изведба,  во стил на претходната претходната  песна која ја препеав „Кога падна на Пирина” - истакна Миладинов во неодамнешното интерјву за ИН ТВ. Погледнете го видеото и слушнете ја неговата емотивно, но моќна изведба на оваа македонска патриотска песна, која никого нема да остави рамнодушен. ]]>

Зоран Миладинов со моќна изведба и видео за македонската патриотска песна – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-miladinov-so-mokjna-izvedba-i-video-na-makedonskata-patriotska-pesna-koga-padna-na-pirina-video/ Thu, 18 Jun 2020 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154480

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна „Кога падна на Пирина”, овој пат во фантастична изведба од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов. Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди. Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”. Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот. Откако беше промовирано видеото за „Кога падна на Пирина“, Давид за  македонските медиуми открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Голем број Македонци не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните македонски песни со патриотска содржина. “Огромна благодарност до маестро Зоран Џорлев за звукот на виолината да го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица” - напишал Миладинов. Aранжманот на песната е заедничко дело на  Александар Митевски и Зоран Џорлев, а видеото го изработила Ин продукција. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=e1z7DB8IqLo&feature=emb_logo]]>