дарко влогс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Jan 2022 09:47:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко влогс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко – Влогс тргна да им ги „отвори очите“ на нашите маркетинг менаџери или себе си вратите, па жестоко удри по познатите: Лила, Маријанчето, Зоки-Фаци… и останатите познати „Инстаграм профитери“ се „фејк инфлуенсери“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-vlogs-trgna-da-im-gi-otvori-ochite-na-nashite-marketing-menadzeri-ili-sebe-si-vratite-pa-zestoko-udri-po-poznatite-lila-marijancheto-zoki-faci-i-ostanatite-poznati-instagram-profiteri-se-fejk/ Fri, 21 Jan 2022 09:42:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235625

Стана познат како „чикашкиот камионџија“ кој од кабината зад воланот имаше што да каже.  Дарко Јефремов, или попознат како Дарко - Влогс, наше дете на привремена работа во САД “ кој на македонската јавност и стана познат по тоа што тргна да  ги прави „пуздер“ домашните јавни фаци како на пример: Сергеј Варошлија, Боки13, Тамара, Лила, Зоки -Фаци, Зоран Заев… Бргу стана Интернет атракција со очигледна имагинација креативно да ги задева познатите, при тоа билдајќи ја сопствената популарност иако не е јавна личност, па така и влета во она што на социјалните мрежи стана нова професија, наречена инфлуенсер. И додека некои од македонските ѕвезди помалку или повеќе му се лутеа,  други му возвратија, трети не го есапеа дека постои, неговата популарност на социјалните мрежи вртоглаво растеше, бројот на следбеници постојано му се зголемуваше,  а Влогсот од обичен шегаџија зад воланот на камионот, стана познат дарител и хуманитарец. Од новогодишни пакетчиња за сиромашните дечиња од маргиналните групи по скопските улици пред Нова Година, до речиси секојдневни подароци од фирмите или брендовите кои тој ги рекламира, а како што самиот сега вели и нагласува, од тоа тој не профитира. Едноставно изгледа како да е еден вид современ, „сајбер Робин Худ“ од зад камионџискиот волан, кој има желба, доблест, храброст, елан... да помага или да го подарува она до што доаѓа или го добива како производи од таканаречените „спонзори“ за кои се тепаат, според него, таканеречаните македонски „инфлуенсери“! Токму до ваков „конфликт на интереси“ или поточно „конфликт на квалификации“ дојде по еден напис во македонските сајтови, за тоа кој е најголемиот од македонските инфлуенсери, односно, кој има најголемо влијание на социјалните мрежи во Македонија? Веднаш по објавата на написот, остро регираше самиот Дарко - Влогс тврдејќи дека тој не припаѓа во таа, според него таканаречена „фејк инфлуенсерска“ група познати македонски фаци и јавни личности! Ден-два потоа, одново се јави на своите Инстаграм приказни со појаснување за своето „пишано однесување“, за тоа кој е и што е  тој, што му е неговата цел и намера кога се социјалните мрежи и Инфлуенсерството во прашање. Патем се обиде одново да појасни, која е разликата помеѓу него и споменатите јавни личности како „божемни“ инфлуенсери и зошто е можеби и единствен во светски рамки?! Потоа Дарко - Влогс тргна тргна да им ги „отвори очите“ на нашите маркетинг менаџери или себе си вратите, па одново жестоко удри по познатите и нивниот, според него, „фејк имиџ“. После ваквите наводи и тврдења, останува да видиме дали македонската „инфлуенсерска империја“  од јавни фаци ќе го возврати ударот и кои од нив први ќе му се „втурнат в лице“ на Влогс како камиикази? Или можеби сите и понатаму „ќе си туркаат и свиркаат“, правејќи се „наудрени“, како „ич мува да не ги лази“? Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/lilafilipovska
]]>

По аферата со владините тендери на Жарко Димитриоски, неговата емисија го менува името: Падна предлог како да се вика „Еден на еден“ и еве кој е новиот кум на името (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-so-vladinite-tenderi-na-zarko-dimitrievski-negovata-emisija-go-menuva-imeto-padna-predlog-kako-da-se-vika-eden-na-eden-i-eve-koj-e-noviot-kum-na-imeto-foto/ Tue, 19 Oct 2021 09:35:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223494

Откако медиумите објавија дека фирмата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила  на 9 тендери од различни институции околу 18 милиони денари или 300.000 евра, лавината реакци не запира. Порталите не престанаа да пишуваат за неверојатните суми кои владините институции и компании кои му дале тендери на Димитроски, меѓу кои   и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација” - напиша порталот Експрес. Откако тендер сумите беа обелоденети,  социјалните мрежи се усвитија и не престанаа да горат, а народот насмеаниот водител  „да не го вади од уста“. Твитерџиите, фесјбукџиите и инстаграмџиите исто така... Меѓу сите оние што фрлаат „дрвја и камења“ по „Жаре - „бизнисменот“ осамнаа и некои  довитливи постови или споделени хумористични „сечени, лепени, монтирани“ фотографии, иако вистината немонтирана и сурово реална. По џебот на народот, секако! Најпознатиот македонски камионџија ем истаграмџија, Дарко - Влогс исто така го „зеде водителот под свое“, па  сликовито кажа и прикажа се' во една слика и три збора. Емисијата на ТВ водителот Жаре Димитриоски го менува името. Ток шоуто повеќе нема да се вика „Еден на еден“... Сега има дебела причина за тоа. Камионџијата е новиот кум на името. Ја искористи банер рекламата на водителот за му го прекрсти шоуто. „Еден на еден“ сега прераснува во „Тендер на Тендер“... Дефинитивно пологично, а и поискрено звучи, иако е само Инстаграм шега на Дарко - Влогс, на сметка на водителот... И тоа  во четири очи, без тендер! Тендерите претходно завршија... на истата сметка! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/edennaeden    ]]>

Дарко-Влогс и Зоки-Фаци „ги закопаа воените секири“: Примирје со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и… јадење бурек! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-vlogs-i-zoki-faci-gi-zakopaa-voenite-sekiri-primirje-so-pregratki-nasmevki-onakvi-pogledi-i-jadenje-burek-foto/ Tue, 20 Jul 2021 08:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211689

Дарко Јефремов, попознат како Дарко - Влогс, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“. од најпознат камионџија, набргу Влогсот стана еден од најпознатите „инстаграмџии“ а да не инфлуенсер, иако и такви обиди има во неговите фотографии и особено видеа,  кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи. Најпознатиот инстаграмџија меѓу камионџиите особено се прослави своевремено со своите пародии на модното шоу на Сергеј Варошлија, ставајќи го модниот гуру во „подредена положба“ на себесвојствен хумористичен, забавен, а на моменти и не баш пријатен третман. По Варошлија  на „вербалниот револвераш“ во времето додека царуваа на сега веќе непостоечката „1ТВ“ на мета му беа и Боки 13-ка и естрадниот новинар и ТВ водител, сега казино и локал менџер Зоран Василевски, попознат како Зоки - Фаци... Македонскиот камионџија од САД, со новогодишно „ситдаун шоу“ од кабината: Овој пат „на тапет“ е Зоки – „Фаци“ (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Препукувањата потоа долго траеа, а се користеше секоја можна прилика за нова „зајадлива реплика“, коментар, штос, виц, „јадачка“... кои беа на работ на „закачка“  помеѓу двете страни. Деновиве Дарко - Влогс се врати во Македонија, користејќи го својот летен „камионџиски одмор“. Шеташе по  родната земја, посети разни места, села, градови, езера и планини во својата татковина, па дојде и во нејзината престолнина - Скопје! Покрај традиционалното седнување на утринска чорба, пиење лименка на клупите во Градски парк... ...и неизбежното селфи кај фонтаната со коњот, сосе воинот на него и поубавата половина до себе, Влогсот реши да направи уште еден потег со кој многумина изненади! Имено, инста-камионџијата реши да склучи примирје со „завојуваните“ противници. Да ги закопа „воените секири“ со оној со кој најмногу се препукуваше - Зоки Фаци! Најде начин  да го пронајде, па со или без најава, не објасни, ама затоа покажа дека му отиде „дома“... Односно речиси таму каде што во последно време бившиот водител сега локал-менаџер „кисне“... Познатиот, елитен скопски локал. Преговорите се одвивале зад затворена врата, во четири очи и двајца сведоци, секој од по едната страна, додека „верификацијата на мировниот договор“ се одвиваше на отворено. Пред портите на локалот и тоа со посебен протокол: Примирје  со прегратки, насмевки, „онакви“ погледи и...  јадење бурек! Гушкањето и погледите видливи, а Бога ми и јадењето бурек... И тоа бурек -„спешл едишн“, со кој Зоки - Фаци како добар домаќин „го нарани“ Дарко - Влогс, како и мировниот договор за понатамошно „не јадење бурек“ беа овековечени со неколку фотографии. „Јадењето бурек“ заврши, видеото за Фаци го снема од Инстаграм кај Влогсот, ама „јадачките“ и „мемињата“ на околината штотуку тргнаа: „Најди си некој/а да те гледа, како Дарко - Влогс што го гледа Зоки - Фаци“... Или: „Ми каса“? Не каса, ама како е насмеан додека те гушка, ако те касне, ќе да те изеде во еден потег“! Како и да е, важно е да е „мирно“...  Другото - ќе мора некако да се истрпи... Се' за љубов! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs

„Але, але Македонија“ – уште една навивачка химна за македонските фудбалери на ЕУРО (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ale-ale-makedonija-ushte-edna-navivachka-himna-za-makedonskite-fudbaleri-i-euro/ Tue, 08 Jun 2021 12:40:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206158

По Саше Љолес и Пеце од „Суперхикс“ односно ВИС „Рисови“ и нивната официјална навивачка химна за Македонија на ЕУРО 2020 насловена: „Одиме на Европско првенство“, ,се појавија ДНК и дел од македонската естрада со нивната „Македонија на Европско“, а сега еве ја и третата навивачка песна за неполн месец. Невена, Наум и Калина Нешкоски создадоа уште една химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која веќе е во Букурешт и ќе настапува на Европското првенство. „Але, але Македонија“ е дело на ова трио, кое за песната сними и видеоспотво кој се појавува и популарниот македонски камионџија и инстаграмџија, Дарко Влогс. Музика и продукција се на Невена Нешкоска, стиховите ги напишале Невена Нешкоска, Наум Нешкоски и Калина Нешкоска, додека миксот и мастерингот ги изработила Ребека Марти. https://www.youtube.com/watch?v=-8K0ygYd5jU&t=14s]]>

На познатиот македонски камионџија и инстаграмџија Дарко Влогс ЕВН и БЕГ му се најдоа: Сметките за потпала, ефектот – за машала, а доброто гравче, надалеку се слуша… и чувствува! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-poznatiot-makedonski-kamiondzija-i-instagramdzija-darko-vlogs-evn-i-beg-mu-se-najdoa-smetkite-za-potpala-efektot-za-mashala-a-dobroto-gravche-nadaleku-se-slusha-i-chuvstvuva-foto/ Tue, 01 Jun 2021 08:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204946

Старите не попусто постојано велат: Деца, чувајте ги сметките, еден ден да не ви затребаат... Оти што знаеш, во оваа „луда“ држава, сешто може да ти се случи. Поучен од ова „свето правило“, познатиот македонски камионџија и уште попознат инстаграмџија Дарко Влогс, кој работи во САД, но во моментов е дома во Македонија, си ги сочувал фактурите за стуја, парно и останатите давачки, па дојде денот кога поуката од старите и тоа како му се најде. И тоа практично... Имено, Дарко и пајташите решија дел од времето да минат во природа, покрај Тиквешккото езеро.  Камион е камион, ама во езеро да влеташ, та било тоа и вештачко, а тоа да не е со глисер, па макар тој наликувал на малку посилен чамец,  исто како да не си „натурализиран Американец“. Нејсе, откако направија неколку круга, ја разбрануваа водата за поарно да работи хидроцентралата и ги исплашија рибите, риби не фатија... Арно ама, затоа досетливиот Дарко имаше алтернативна идеја. Гравче за ручек, сварено на отворено, во бакарно котле на оган во дворот на викендицата каде што отседнаа. А за гравче покрај мастраф и котле, ти треба и оган, ама и нешто за потпалување... Во викендица весници не се чуваат, а и се помалку се печатат и купуваат. Тоалетната хартија - дефицитарна, па греота да се троши и кога ќе видиш - не видиш, од хартија за потпала единственото што ти преостанува се сметките... За струја, вода, парно, телефон... што се нашло. Патем, уште ако се високи, а си морал да ги платиш, можеш да споиш и корисно и убаво... на душата. Со нив да го потпалиш огнот, а ЕВН, БЕГ и останатите... нека „горат во пеколот“! Нашиот камионџија, ем инстаграмџија, така реши и да направи.  На Дарко Влогс, ЕВН и БЕГ му се најдоа... Сметките за потпала, ефектот - за машала! Ниту градот што падна тој ден на Тиквешко не успеа да му ги „помати сметките“ и да му го расипе гравчето. Камионџијата добро знае дека во секоја манџа вкусот го дава запршката, само треба да внимаваш од која страна ќе ја фатиш дршката... на жешкото тавче со мастрафот, се разбира! А после тоа...  Доброто гравче, надалеку се слуша... и чувствува! А, чувството - единствено: Полн стомак и празна околина околу тебе... Во баеги широк радиус! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs]]>

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-grad-vo-makedonija-ima-svoja-novogodishna-elka-eve-kakva-imaat-skopjani-bitolchani-prilepchani-ohrigjani-strumichani-foto/ Thu, 12 Dec 2019 11:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123491

Прва асоцијација за Нова Година се Дедо Мраз и новогодишната елка... На најпознатиот и најпосакуван дедо на светот најмногу ни текнува токму во овој период во година, а елаката...? Неа сите ја китиме отприлика сите исто: со новогодишни украси, лампиони, сијалички, фигури... Иста, ама кај сите, сепак различна. Ама дека секој град во Македонија има свои специфики во китењето и своја тип на новогодишна елка сигурно не сте знаеле. Токму чикашкиот камионџија Дарко „Влогс“ Јефремов дојде на идеја да ви ги претстави новогодишните елки по македонските градови. не сите, се разбира, ма затоа најинтересните и најуникатните... Како што секој град, секое подрачје или регион во Македонија има свои специфики, така има и своја елка. Затоа, погледнете какви елки имаат скопјани, битолчани, прилепчани, велешани, струмичани, крушевчани... 1. Скопската е најнакитена со украси. И најмногу личи на вистинска елка, ама само ако можеш да ја видиш... од маглата и смогот. 2. Скопје има многу општини, свои региони, населби... „држава во држава“ што би рекле, а Драчево е една од  најпрочуените... по кромидот! 3.  Битола е вториот најголем град во Македонија... ама важи и за најградскиот, а и чупињата им се „јака штикла“. 4. Охрид е најпознатиот туристички центар. Рибарине кога не фаштет пастрмчиња, трските ги чуваат за елка! 5. Велес е близу до метрополата, ам уште поблизу до Америка. Откако расчистија со „Франкфурт мафија“, велешани се префрлија на изборна интернет Трампманија, па редно е и елката да им биде „америчка“! 6. Тетово е исто така блиску до престолнината, ама уште поблиску до рафална стрелба. Таму кога се слави, не се штеди на муниција... Ни за сунет, ни за свадба ни за Нова Година!  Затоа и елката им е „пушка“... Море „бомба“!!! 7. Кочани е познат по оризот, а оризот ситно зрнце, не се гледа да го ставиш на елка... Чаре - накитија елката со второто што најмногу го имаат кочанчани после оризот - бугарски пасош! 8. Да не Ресен, Европа јаболка нема да помириса, а камо ли да проба... Затоа и елката на ресенчани им е така богато наредена. Што да ги фрлаат кога нема откуп, вака барем украсни  елки може да извезуваат! 9. Прилепчани со извоз немаат главоболки... Тутунот се' уште се пуши наголемо... Го „пушиме“ сите, па и фазла има... Тоа што прекарот на прилепчани им е каков што им е,  а на нивното поднебје банани не виреат,  не значи дека треба да им правите мајмунлоци, па елка од увоз не треба да имаат? 10. На прилепчани бизнисот со пушењето полека им го превземаат струмичани... Само не со тутунот... А какво ти е пушењето, такава ти е и елката... Релакс - плантажна! Од кај братот или брачедот... 11. Кој пуши, кој пие... Тоа ти е Македонија. А кај се пие најмногу, ако не таму кајшто најмногу се прават виното и рачијта... Разбира се у  Тиквешијата... Алкохолот сигурно не оди фира, ама за да не се фрла амбалажата како скисната зелка, еве ти од шишиња направена новогодишна елка... 12.Малешевијата нема ни тутун, ни јаболка, ни грозје, ама затоа има нешто што се сади, а не се гледа, оти расте под земја... Компир во вреќа, а вреќа по вреќа и ете ти беровска елка, за новогодишна среќа... 13. И за крај највисокиот град во Македонија... Крушево! Таму ништо не вирее од земјоделски култури... Само Лобито им е јако и богато, ама затоа елката сиромашка... оти е Влашка! Ах, да... И оваа последнава елка да не ја заборавиме. Неа на нашиот премиер, францускиот претседател му ја подари... И тоа уште пред извесно време... Како „мали знак пажње“ за Преспанскиот договор, да си ја постави во двор: „ From Paris with Love“...! Епа, Среќна Нова, народе!    ]]>

Бујните македонски убавици го прифатија предизвикот: Кога имаш нога како Бојана и гради како Ива, капачето само паѓа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bujnite-makedonski-ubavici-go-prifatija-predizvikot-koga-imash-noga-kak-bojana-i-gradi-kako-iva-kapacheto-samo-pagja-foto/ Thu, 18 Jul 2019 07:48:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98142

За де не биде здодевно, на социјалните мрежи постојано се појавува некој нов тренд, нов предизвик, кој полека сите почнуваат да го прифаќаат, а истиот како вирус се шири и станува „планетарно популарна глупост“! Така е и со последната „будалаштина“, наречена отвори го капачето од шишето, само не со прстите од раката, туку со што сакаш друго. Или едноставно: „bottle cap challenge“! И тоа отприлика оди вака: Во една рака некој држи најчесто празно пластично шише со пододвртено капаче, а другиот или дугата треба до крај да го одврти капачето додека тоа да падне, односно не го отвори шишето... Со било што друго, само не со рака, односно не со прсти. На овој „мамец“ се фатија  и Македонците... Па тргнаа да одговорат на предизвикот на отворање шишиња, кој(а) со што располага... Или поточно, кој каков адут има. Со нос, со чело, нозе, стомак... а Бога ми и со нешто трето! Така на пример, мпосилниот пол, најчесто тоа го прави со „чорбаџиското меше“, како „чикашкиот камионџија“ Дарко - Влогс, на пример.
До душа видеото покажува дека тргна да го одвртува капачето со нешто друго, ама во последен момент се премисли. Што си е сигурно-сигурно.
Македонската манекенка Бојана Нушкова пак има други адути.
Манекенките имаат рамен стомак, ама и долги нозе, па за долгоногата убавица капачето не е проблем...
Едно кревање нога и шишето е отворенo... Кога Бојана ќе крене нога, прска на сите страни...
Зашто со толку долги нозе може сијалица да одврти, а камо ли едно обично капаче!
Најинтересното од денешниот избор сепак ќе ви го понуди македонскиот модел и модна дизајнерка Ива Спасовска.
Надарената кумановка капачето го отвора ниту со нога, ниту со стомак, туку со она што и е главен телесен адут - бујните гради!
Насмевка и навидум лежерен приод кон предизвикот, а всушност возбудата е евидентна и преку сребрениот металик едноделен костим за капење.
Но, во случајов токму таа возбуда може да биде од помош, зашто допирот на набрекнатите брадавици е како замена за прстот на раката...
Само едно движење, еден замав со бујните гради на цицлестата дизајнерка и...
...Капачето само паѓа!
Предизвикот прифатен и што е поважно - исполнет!
Патем, сите среќни и задоволни, вклучувајќи ги и кибицерите, зашто Ива им приреди „глетка за петка“!    ]]>

Дарко Влогс се врати дома: Штом стапна на македонска почва, кај „чикашкиот камионџија“ веднаш се разбуди Македончето во него! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-vlogs-se-vrati-doma-shtom-stapna-na-makedonska-pochva-kaj-chikashkiot-kamiondzija-vednash-se-razbudi-makedoncheto-vo-nego-video/ Thu, 11 Jul 2019 06:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97105

Дарко Јефремов, наше дете на привремена работа во САД, Во слободно време зад воланот на камионот, останатото го троши на правење будалаштини или обратно, сеедно. „Чикашкиот камионџија“ кој на нашата јавност и стана познат по тоа што ги исмејува и прави „пуздер“ домашните јавни фаци како на пример Сергеј Варошлија, Боки13, Тамара, Лила, премиерот Заев... се врати  во Македонија. На привремен престој  до душа, ама сепак... Само дома си е дома. Ама има нешто во оваа наша дома што е чудно или е сепак до човекот?
Штом стапна на македонска почва, кај „чикашкиот камионџија“ веднаш се разбуди Македончето во него! Зашто домашните навики се како возење точак: Еднаш  стекнати, никогаш не се забораваат! Се памтат довека и применуваат... Ама само кога си дома, а не и по светот! Таму скапо чини! Впрочем, затоа и се викаат домашни! Затоа Дарко Влогс во своето видео овековечи како изгледа кога си слободен „да правиш што сакаш“, а умот „не ти сече“ да правиш ништо друго освен... глупости! Веруваме ви текнува од кај ви е тоа нешто познато?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on

Дека дефинитивно културно се разликува(ме) од другите нации, еден од доказите е и кивањето.
Вака кива светот, а вака Македонецот... Ама што му е..ш мајката! Кивни си бре најсилно што можеш, цел свет да те слушне. Инаку, како ќе ти кажат:  „Наздравје“!
 
Лила е ем секс бомба во бикини, ем отровна како солна киселина! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-e-em-seks-bomba-vo-bikini-em-otrovna-kako-solna-kiselina-foto/ Tue, 11 Jun 2019 08:25:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92353

И Лила ја отвори годинешнава летната сезона... И тоа во престижниот комплекс „Ал Маре“ на Халкидики! До душа споениот викенд беше искористен за рекламна фотосесија за новата линија  костими за капење од брендот на најреномираниот македонски производител.
А Лила е таа која прва треба да ги проба сите варијанти. Наша водителка во наш производ. Или што би рекле: Наше во наше... а светско! И по изглед и по квалитет. И костимот и моделот.
Ваше е да одберете, што подобро и стои... На Лила секако се' и стои, туку што подобро и стои на Вашата поубава половина. Или вам, лично! Црно или бело? Едноделен костим за капење или бикини варијанта?
Што и да одберете, нема да згрешите.. Се разбира, ако ви стои како на Лила!
Е, сега до душа има некои и што не мислат баш така, како оној, чикашкиот камионџија Дарко Влогс ама... Голема е Америка, долго се вози по патиштата, па уморот понекогаш знае да даде „лажна слика“ или...!?
Ама затоа и Лила знае да биде, ем секс бомба во бикини, ем по потреба, отровна... Како солна киселина.
Затоа мајсторе, друг пат, мисли му ја што „јавно мислиш“!
Не за друго, да не се случи да ти сипе некој „по грешка“... „Лила“ во шампањското!

Што е многу – многу е… и од Тамара и од Дарко: Не се знае кој повеќе ја претера, нашата евровизиска пејачка или чикашкиот камионџија? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-e-mnogu-mnogu-e-i-od-tamara-i-od-darko-ne-se-znae-koj-povekje-ja-pretera-nashata-evroviziska-pejachka-ili-chikashkiot-kamiondzija-video/ Sat, 25 May 2019 06:50:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89525

Евровизискиот успех на Тамара ја крена нацијата на нозе, ги запали социјалните мрежи и направи Македонија да се почувствува (нај)горда до сега кога е  ова натпреварување во прашање. И воглавно сите бевме и се' уште сме среќни заради победата од жирито и нашиот најдобар евровизиски пласман до сега - 7-мото место на Евросонг! Настрана кој како и дали гласал или негласал, дома или во дијаспората... Тоа е негово, нејзино, нивно лично право на одлука. Пишувањата на социјалните мрежи на „лажните патриоти“ од една и „напуваните северџани“ од другата страна, не се за коментар.
По враќањето на Тамара дома, што се вели уште не симната од авион седна пред ТВ камерите, па понесена и самата од сета таа победничка еуфорија, на пејачката и се случи гаф, кој колку и да е случаен, сепак е гаф! Зашто кога ќе седнеш пред камери, сепак треба да внимаваш што ќе кажеш.
А Тамара меѓудругото кажа дека: „Ќе беше многу без врска да се откажевме и да не отидевме на  Евровизија, иако имаше првични размислувања и идеја парите што ќе се потрошат таму да се употребат за купување на амбулантни возила на брзата помош (кои и тоа како недостасуваат кај нас), зашто да не се појавевме годинава на Евросонг, никој немаше да дознае и слушне за нас“! „Несреќна“ изјава, која колку и да е непромислено и во еуфорија кажана, сепак „не држи вода“, особено не, ако е кажана од „гордоста на нацијата“!
Чикашкиот камионџија, чешитиот Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс, кој едвај чека да ги „начека“ познатите македонски јавни фаци  за да ги „распердаши“ од зад воланот на шоферската кабина, како едвај да чекаше вакво нешто. Изјавата на Тамара му легна како „кец на десетка“ па нагази  на „гас до даска“ и грабна да ја „черечи“ пејачката и за што треба и за што не треба.
Патем и самиот признавајќи дека Евровизија ниту гледал ниту песната на Тамара ја слушнал... Ама затоа устата му беше полна со нејзината „брза помош изјава“, како и со Сергеј Варошлија и Боки 13, кои ги стави во контекст на нивната меѓусебна блискост и дружба со Тамара...
...За на крајот сето тоа да заврши со експлицитна сцена на симулација на повраќање! Ало, мајсторе, крени рачна!!!
Не дека секој нема право на свое мислење, ама кога настапуваш во јавноста, особено свесно и смислено, сепак принципот „што на ум - тоа на друм“ не е пожелен. Особено, не, ако твоите зборови или постапки  некого засегаат, допираат, можат да го навредат, или повредат... наместо да го направат „горд“!
Затоа, што е многу-многу е... и од Тамара и од Дарко.  Не се знае кој повеќе ја претера, нашата евровизиска пејачка или чикашкиот камионџија? Погледнете, па проценете самите.