дарко тасев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 13:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко тасев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вештачката интелигенција ја оживеа последната отпеана песна од Тоше – „Kажу да време лечи све” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/veshtachkata-inteligentsija-ja-ozhivea-poslednata-otpeana-pesna-od-toshe-kazhu-da-vreme-lechi-sve-video/ Thu, 25 Jan 2024 07:16:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336307

“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата  најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. “Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот – нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како DJ Erik Fox. Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. Првата демо снимка е направена во септември 2004-та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (DJ Erik Fox). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – “Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер. “Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”, ни изјави Кирил. За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски ѕвезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект. Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи. Дали времето лечи се?… Се чини дека времето никогаш не излечило ништо, само човек едноставно се навикнува да живее со таа болка. Ние останува да живееме со неговата музика, која буди силни емоции, да бидеме горди на неговите музички достигнувања и остварувања, да ги следиме неговите хумани дела и имаме одговорност да го чуваме и негуваме споменот за него. ]]>

Тамара Волческа има место кое ниту едно друго не може да го замени – „Место од спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-volcheska-ima-mesto-koe-nitu-edno-drugo-ne-mozhe-da-go-zameni-mesto-od-spomeni-video/ Thu, 13 Jul 2023 06:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310097

Младата пејачка Тамара Волческа ја промовираше својата прва песна и спот на македонски јазик. Емотивната балада е насловена како „Место од спомени“, за која стиховите ги напишала самата  Тамара, додека музиката е на Весна Малинова, а аранжманот на Дарко Тасев. Миксот и мастерингот ги изработил Дејан Момироски во неговото ХЛ студио. Песната на Тамара не враќа во детство,  во времето на безгрижност, смеа, игра, насмевки, кога најмногу ја чувствуваме топлината на нашите најблиски,  ги остваруваме првите социјални контакти со, ги стекнуваме првите другари... Стихови кои како низ времеплов од спомени не водат во најубавите денови. Емотивното видео само ја надополнува и комплетира звучната слика, на песната која наиде на многу позитивни коментари за пејачката. Него го изработил Петар Тутунџиев, па иако се работи за нискобуџетен спот, кадрите совршено соодветсвуваат со приказната од песната визуелигирајќи ги стиховите на ситата. Како сето ова звучи и изгледа, проследете во продолжение од видеото на Тамара и нејзиното „Место од спомени“ . ]]>

Од видеото за новата песна на Јоце Панов ќе ви се крене -„Температура“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-videoto-za-novata-pesna-na-joce-panov-kje-vi-se-krene-temperatura-video/ Fri, 16 Oct 2020 12:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171850

Македонскиот пејач Јоце Панов по пауза од повеќе од една година има нова песна насловена „Температура“. Јоце кој со години  е присутен на домашната, а од пред неколку години и на регионалната естрада, се обидува да направи кариера и надвор од границите на Македонија, соработувајќи со познати српски и хрватски автори , како што е Миро Буљан на пример, познат како композиторот кој му ги правеше песните на Тоше на последните албуми и текстописецот Ненад Нинчевиќ.
Овој пат штипјанецот им ја врати довербата на македонските автори, па „Температура“  ја компонирале Блаже Темелков, кој го напишал и текстот за песната, а аранжманот го направил Дарко Тасев. Снимана и миксана е во студиото на Иле Спасев.  
Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Во него, покрај Јоце се појавува и македонската манекенка и модел, убавата и атрактивна Ангела Василевска. За стајлингот на Јоце и останатите протагонисти во видеопто се погрижил познатиот Дејан Миличевиќ. „Во ова лудо време на вируси, Ви ја посветувам мојата нова песна „Температура“. Да Ви се качува температурата само од љубов“ - напишал Јоце во најавата за песната и видеоспотот кој можете да го проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=B-J5yecE7Ec]]>

Наум Петрески на својот 53-ти роденден искрено кажа – „Напишав песна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-na-svojot-53-ti-rodenden-iskreno-kaza-napishav-pesna-video/ Wed, 25 Dec 2019 13:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125905

„Напишав песна” е новата емотивна балада на легендарниот македонски фолк пејач Наум Петрески, која заедно со видеото ја претстави на промоцијата во ресторанот „Лантерн“,  која се одржа викендов во Скопје. Песната е во малку поразличен стил од останатите негови песни, што можеби е изненадување знаејќи ја кариерата на Наум, но сосема очекувано ако се земе во предвид кои се авторите.   Текстот и музиката се дело на Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Овој типичен рокерско - забавен двоец веќе неколку години соработува со Наум, кој потврди дека за балади им верува повеќе забавњаците и рокерите, па затоа покрај иваквиот избор на авторите, песната и е снимена во студиото на уште еден збавњак - Кристијан Габроски. „Наум пред триесет години праша…”Има ли песна?” Мислам дека е сеге време да напишам песна, а ова не е автобиографска песна, што значи тука се е измислено. Така што се надевам оваа песна ќе им  се најде на многу заљубени, или евентуално оние, на кои  не им оди во љубовта, ќе се најдат во песнава. Инаку да ви кажам дека да не беше Наум Петрески, мислам дека јас и Дарко на крај памет не би ни било дека некогаш во животот ќе правиме фолк музика. Мислам дека Наум беше преголема мотивација, преголема инспирација, ова ни е веќе шестта песна, а се надевам дека ќе има уште многу. Среќен Роденден и пријатна забава“ - им порача авторот Блаже  Темелков на присутните на промоцијата, честитајќи му го на Наум 53-от роденден. Сашо Митков, првиот човек на продукција ”Aword”, со која  Наум Петрески соработува речиси цела деценија во своето излагање му посака среќа на Наум и најави уште неколку заеднички проекти во следниот период. Во меѓувреме уживајте во песната и видеото за неа, во која Наум Петрески се појавува само во еден-единствен кадар, а истото го изработи екипата на „Арт студио“: Извор: Естрада + Видео: Јутјуб]]>