дарко петковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 23 Jan 2021 07:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко петковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како лик од жешкиот белградски асфалт од 90-ите: Ќе погодите ли кое е ова, денес многу познато македонско момче? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-lik-od-zeshkiot-belgradski-asfalt-od-90-ite-kje-pogodite-li-koe-e-ova-denes-mnogu-poznato-makedonsko-momche-foto/ Sat, 23 Jan 2021 07:41:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68312

Предизвикот што стана еден вид помодарство на социјалните мрежи да се покаже како си изгледал пред една еценија или повеќе, го прифатија многу јавни и познати лица, па и тој... И додека многумина на постираните фотографии од времето некогашно и сега ќе ги препознаете на прва, за него тешко дека ќе ви текне кој е, ако малку подобро и подолго не се загледате во фотографијата... А, можеби ни тогаш нема да знаете за кого се работи!? Има тесна врска да речеме со некои од пејачите, како Тајзи на пример... Не е манекен, можеби помалку модел, кој сепак има голема врска со модата... не е ТВ водител иако имаше период кога секојдневно беше на телевизија како учесник, а подоцна и победник во едно од најгледаните реални шоуа.
Медиумите, особено интернет порталите и социјалните мрежи не го симнуваа од своите страници и написи, што заради сето претходно кажано, што заради неговната љубовна приказна исполнета со многу мистика и контроверзии со една негова колешка по она што обајцата го работеа - модното блогерство.
Ако се' уште не ви паѓа на памет, кое може да биде момчето од фотографијата на која изгледа како ликовите од жешкиот белградски асфалт од почетокот на 90-ите, време е да ја погледнете споредбата - некогаш и сега за веднаш да ви стане јасно дека се работи за  кумановецот Дарко Петковски, познат како Дарко – Спејко кој стана познат по учеството и победата во реалното шоу „Големиот брат“ и врската со својата девојка, струмичката блогерка и модел, сексапилната Љупка Митрова.
Спејко го прифати предизвикот и ја покажа својата телесна „еволуција“...
Но, оној другиот, животниот предизвик го прифати многу порано, влегувајќи во авантура со разведена жена со две деца, која потоа прерасна во љубовна романса која  траешe се' до нивното раскинување, по кое секој тргна по својот пат. Љупка се повлече од јавноста, избриша се' што можеше да избрише, целото минато од социјалните мрежи, а Спејко влета во естрадно-(т)раперските води.]]>

Сара Мејс во исто време кога на свет ја донесе малата Илина, ја промовираше и „Црна Капина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-vo-isto-vreme-koga-na-svet-ja-donese-malata-ilina-ja-promovirashe-i-crna-kapina-video/ Tue, 11 Sep 2018 09:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47359

Сара Мејс вчера, 10-ти септември 2018,  за прв пат стана мајка, а чинот на породувањето „случајно или намерно“  го искористи во маркетиншки цели. Имено, додека пејачката го раѓаше своето прво чедо, малата Илина,  во исто време на социјалните мрежи и порталите го промовираше и видеото за песната „Црна капина“. Таа ваквата „коинциденција“ однапред ја најави на својот „Фејсбук“ профил, објавувајќи дека многу е извесно оти  промоцијата на нејзиното ново видеоќе се случи  во исто време со породувањето.
„Драги пријатели, понеделнички во 9:30 наутро ќе биде публикувано целото видео за ‘Црна капина’ на мојот јутјуб канал. Се е спремно, наместено на ауто (фала јутуб за тоа) за во случај ЕВЕНТУАЛНО да сум #ПодзафатенаСоДавањеЖивот. Песната и спотот да можат слободно да запловат во етерот“ -ќе  напише пејачката. Песната „Црна капина“ инаку е тема која  дел од деби албумот  на пејачката „Floating Through Space with Sarah Mace“. „Ова ми е една од најубавите песни на албумот. Не е комерцијална, ама чудесна е“ - открива Сара. Анимираното видео е правено на цртежи нацртани од Дарко Петковски, а истото го реализираше Љупка Андоновска.
Како изгледа видеото за песната “Црна капина“ на Сара Мејс Костадиновска на денот кога таа стана за прв пат мајка, погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=3-AjAIKA8oM]]>