дарко панчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Sep 2022 10:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко панчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новинарската легенда напиша биографија за фудбалската: Зоран Михајлов е автор на автобиографијата за Дарко Панчев – „Кобрата и бубамарата, најверно пријателство“ https://arhiva.vistina.com.mk/novinarskata-legenda-napisha-biografija-za-fudbalskata-zoran-mihajlov-e-avtor-na-avtobiografijata-za-darko-panchev-kobrata-i-bubamarata-najverno-prijatelstvo/ Wed, 07 Sep 2022 10:06:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265929

На денешен ден, 7 септември, во 1965 година, во Скопје е роден најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија – Дарко Панчев. Благодарение на своите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до ден-денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, на која ù беше првиот капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.
За неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, ќе имате можност ексклузивно да прочитате во првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, под авторство на големото новинарско име – Зоран Михајлов, што со огромна радост ја најавуваме токму денеска, на неговиот роденден, сподели на социјалните мрежи Маја Гроздановска Панчева, сопругата на македонската фудбалска легенда и позната македонска пејачка. Датумот на официјалната промоција ќе биде дополнително објавен.
]]>

Бен Хур не потсетија на убавите времиња кога – „Беше друга Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-hur-ne-potsetija-na-ubavite-vreminja-koga-beshe-druga-makedonija/ Mon, 23 Nov 2020 14:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177568

Прилепската група „Бен Хур“ деновиве ја сними својата најнова песна  насловена „Беше друга Македонија“, чии стихови говорат и потсетуваат на едно друго време,  пред осамостојувањето, кога важеа на високите морални, етички, културолошки, спортски... со еден збор општоцивилизациски вредности кои тогаш постоеа, за разлика од денес,  во ова време на испревртени норми, мерила и параметри за успешност. „Државата ја прават луѓето, а дефинитивно не сме ние истите какви некогаш бевме... Кој ќе се пронајде во неа, нека ја сподели и... само за добро да е“ - напишал во Фејсбук најавата авторот на музиката и текстот Душко Темелкоски, вокалот на групата, кој умешно ја направил паралелата на она што е животот денес во оваа и некогаш, во онаа „друга“ Македонија. Аранжманот и продукцијата се на гитаристот на групата Борче Шабаноски, некогашен член на мегапопуларните „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“. За песната е снимен и видеозапис реализиран во една позната прилепска пицерија, чиј ретро – амбиент совршено се вклопил во приказната од стиховите на песната. Видеото е во реализиција на „Фан продукција – Зоран Пилата“ од Прилеп. По сугестија на Ранко Петровиќ , сопственикот на скопското радио „Бубамара“ вметнати се стари фотографии и кусии видео инсерти кои прикажуваат незаборавни лица од тоа време од светот на музиката, спортот, актерството, како легендарните Дарко Панчев или групата Меморија кои се лајт мотив во рефренот. Видеото за  „Беше друга Македонија“ на прилепчаните „Бен Хур“ кое можете да го проследите во продолжение, е снимено со несебична поддршка на АД Витаминка – Прилеп. https://www.youtube.com/watch?v=FAcSHnZdyZc&feature=emb_logo]]>

Чола ги посети македонските фудбалери, ама само со една фудбалска ѕвезда и неговото семејство се сретна „во четири очи“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chola-gi-poseti-makedonskite-fudbaleri-ama-samo-so-edna-fudbalska-dzvezda-i-negovoto-semejstvo-se-sretna-vo-chetiri-ochi-foto/ Thu, 06 Jun 2019 07:10:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91505

Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ е во Скопје. Десеттина дена пред да го одржи својот голем концерт на 15 јуни на националната арена, тој одработувајќи ги медиумските обврски, најде време и да ги посети македонските фудбалски репрезентативци.
Чола им приреди големо изненадување на македонските фудбалери, па се појави на утринскиот тренинг на селекцијата.
Македонија се подготвува за јунскиот квалификациски циклус за ЕУРО 2020 година, а своја поддршка ќе има од легендарниот пејач. За возврат, Чолиќ доби подарок дрес од нашиот национален тим со бројот десет  и неговото презиме на грбот.
Легендарниот Чола и самиот голем фудбалски фан,  ги посети фудбалерите на трнинг, ама само еден македонски фудбалер го посети лично. Имено, тој се сретна со македонската фудбалска легенда и неговата исто така позната сопруга и нивните ќерки!
Некои познанства пресрасуваат во пријателства кои со тек на годините траат, па Чолиќ им дојде на гости на Панчеви, а Маја и Дарко беа доби домаќини. Дружбата на двете легенди - музичката и фудбалската е полна со емоции и спомени, па популарните „Чола“ и „Кобра“ имаа што да си кажат и раскажат. Да се потсетат на минатото и да муабетат за сегашноста во која живееме, но и иднината на нивните семејства.
Едниот ги памети неговите голови, другиот неговите песни, а сите ние заедно ги паметиме врвните спортски и музички дострели на двете легенди!
Чола ги покани Панчеви да бидат негови гости на претстојниот концерт, а тие со задоволство ја прифатија поканата зашто кај нив она: „Ти си ми у крви“ важи по два основа. И кога е спортот (Дарко) и кога е музиката (Маја) во прашање!  ]]>