дарко јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Jan 2024 13:47:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Софија Ангелова – новото име на македонската естрада по многу што е – „Единствена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sofija-angelova-novoto-ime-na-makedonskata-estrada-po-mnogu-shto-e-edinstvena-video/ Wed, 03 Jan 2024 13:47:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333589

„Единствена“ е новата песна на младата и надежна поп пејачка Софија Ангелова. Таа е вистинско мало освежување на македонската музичка сцена, која со нејзината појава добива уште еден млад надежен лик. Песната ( музика и аранжман) е дело на Илија Ќосевски, а Виктор Апостоловски го напиша текстот. Освен Софија, во видеоспотот кој е во реализација на Digital ID, се појавува и манекенот Антонио Драгутиновски, а режијата ја потпишува Дарко Јовановски.   За што поточно станува збор, кога велиме дека младата Софија е „Единствена“, погледнете од видеото во продолжение: ]]>

Џокер би таа да дојде кај него, ама сама да си викне – „Такси“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhoker-bi-taa-da-dojde-kaj-nego-ama-sama-da-si-vikne-taksi-video/ Mon, 20 Mar 2023 06:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294151

Македонскиот рапер кој се крие зад уметничкиот псевдоним Џокер  на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и веднаш предизвика бура од коментари... Колку што  предизвика бура и неговата љубовна авантура, која прерасна во афера, а подоцна и во љубовна врска со Антониа Гиговска, по објавата за нејзината бременост, на која Џокер (Роберт Спасенцовски) потсети и на една од фотографиите симната од кадрите на овој видеоспот... Онаа - со тестот за трудници в уста! Инаку, сцените од видеото буквално наликуваат на филмски, во која главната улога ја има токму Џокер. Но, од каде идејата за „Такси“, објаснува лично Џокер „Склоп на секојдневни ситуации: 'Викни такси, дојди кај мене, сам сум'. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лично моја приказна“ - накусо изјави Џокер. Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена. Инаку токму Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски. Мастерот и миксот на „Такси“ ги потпишува Иван Јованов - Ивајо. Како тоа изгледа кога Џокер ќе ти спакува приказна во која тој би таа да дојде кај него, ама сама да си викне „Такси“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Лазаров со своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат – „Амин“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-so-svoevidna-oda-na-vistinata-pred-koja-i-bogovite-molchat-amin-video/ Mon, 13 Mar 2023 07:25:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292989

Откако големата прашина која се крена по интервјуто на  Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас  слегна, најпознатиот македонски јутјубер Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб подкаст приказна. Сепак, по сите негови изјави, излагања, коментари... евидентно е дека случката  „во Фиќото“ и тоа како оставила траги, а можеби и доживотна лузна на младиот македонски јутјубер, водител и пејач, кој колку и да успеал да ја преброди тешко дека ќе ја заборави. Ако не друго, како поука за многу нешта. Од тоа дека треба да си внимателен кога како јавна личност си во етерот, дека кога си познат и популарен сите сакаат  да бидат близу до тебе, да ти бидат „ортаци и најверни другари“, а кога ќе ти се случи да „киксираш или паднеш“, тогаш никаде никого нема, како и тоа дека од искуството се учиме, иако оние примери кои се темелат на личното искуство, се најболни. Но ако успееш да ја пребродиш белјата и болката, „она што нема да те уништи, те прави само уште посилен“! Токму своето искуство, сета своја душевна болка во голготата низ која мина, сета фрустрација, горчина и разочарување, Лазаров го преточил во инспирација за песна, чии стихови токму ја опишауваат неговата  ситуација во која неодамна се најде. Затоа неговата „Амин“ е своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат... Или ако повеќе сакате, негов реквием до оние што спроведоа „хајка на човек што живее борба, кој станал мета на сите страни, но нема да допрат до чистиот образ...“ - како што се вели во дел од самите стихови на песната! Музички, битот „спакуван“ од Sero Produktion, музиката дело на Дени и Лазаров, додека миксот и мастерингот го изработил Дарко Јовановски. Тој и Лазаров го потпишуваат испотот кој апсолутно функционално ја визуелизира атмосферата во песната и соодветствува со нејзините стихови. Конечно Лазаров со новата песна и музички им пркоси на создадените проблеми и непријатни ситуации...   ... И уште повеќе на сите „душмани и сеирџии“ кои  штом малку се издигнеш над средината, едвај чекаат да те „закопаат“... „Амин“! (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Васил Ангелов би сакал таа да биде негово – „3 во 1“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-angelov/ Wed, 14 Dec 2022 13:46:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280047

Некогаш ова младото момче толку веродостојно ги пееше кавер верзиите на хитовите на Тоше Проески како „По тебе“ или „Надеж“на Лозано, за потоа  Васил Ангелов кој потекнува од музичко семејство посериозно да заплови во музичките води. Негов татко е академскиот музичар и долгогодишен член на групата „Арија“, Здравко Ангелов,  па не е ниту чудно, ниту изненадување што музиката од хоби на Васил му станува идна професија. По пауза од цели четири години кога во декември 2018 ја издаде првата  солистичка песна проследена со видеоспот, насловена „Музика“, младиот музичар се враќа на естрадната сцена со нова тема.  Овој пат истат е во диско - фанки стил, со танцов ритам и носи наслов „3 во 1“ (Три во едно). Музиката на новата песна покрај самиот Васил ја потшишува и Иван Петровски кој го напавил и аранжманот, а стои и зад музичката продукција, додека стиховите ги напишала Тања Соколовска. Придружните вокали ги испеала Полина Тасева, а темата „3 во 1“ е визуелизрана и со видеоспот кој го снимал и режирал Дарко Јовановски. Во видеото покрај останатите статисти и танчерките од денс студиото „Break A Leg“, како главен женски лик  се појавува и едно добро познато ТВ лице, кое го гледате секојдневно на ТВ екраните. Имено, заедно со пејачот главната женска ролја во видеото ја има новата водителка на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“, младата и атрактивна Ева Јовановска. Како звучи и изгледа кога Васил Ангелов бара „3 во 1“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Стефан Лазаров напиша химна за македонските јутјубери и јутјубот наш – „YTMKD“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-lazarov-napisha-himna-za-makedonskite-jutjuberi-i-jujubot-nash-ytmkd-video/ Fri, 23 Sep 2022 12:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268510

Најпознатиот македонски јутјубер, водител и пејач, Стефан Лазаров, освен што неодамна ја побара раката на својата сакана, стигна да издаде и нова песна. Итоа не обична, туку еден тип своевидна химна, посветена на сите од неговата бранша, на македонските јутјубери насловена „YTMKD“. Јутубот наш, првиот ден, првиот чекор, кој направи пред светот да си некој... За првите бројки но и првите болки, за патот што први го почнале, за нивната патека... Сето ова опеано во песна, спакувано во музички бит и снимено на видеоспот, кој Стефан Лазаров им го посветил на своите македонски Јутјуб пријатели. Музиката и текстот се на Лазаров, а битот, миксот, мастерингот, како и пакувањето и режијата на видеото ги потпишува Дарко Јовановски. Химна која уште повеќе ќе ги поттикне и здружи момчињата и девојките од јутјубот наш... Проследете ја во продолжение „YTMKD“ на Лазаров (КЛИКНИ ТУКА), новата химна на македонските јутјубери. ]]>