дарко јефремов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jul 2019 21:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко јефремов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боки 13-ка и „Рекет аферата“ се голема инспирација на социјалните мрежи: „Момци, јас дојдов!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-ka-i-reket-golema-inspiracija-na-socijalnite-mrezi-momci-jas-dojdov-foto/ Wed, 17 Jul 2019 08:48:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97956

Рекет аферата во која се инволвирани видни личности и високи функционер и особено апсењето на Боки 13-ка предизвика вистински шок во јавноста, бројни информации во медиумите, но и вистонска бура на социјалните мрежи. Фејсбук, Твитер и Инстаграм два дена горат од сериозни мислења и коментари, но и од шеговити фотографии, видеа, монтажи, спинови...
Рекетарите, особено Боки 13-ка станаа предмет на загриженост „каде плови овој брод“, но и предмет на подсмев, шегаи и зафркавање, па дури и исмевање... Твитерџиите, јасно беа најбрзи па нивните креативни твитови деновиве ја „забавуваат“ јавноста со довитливите коментари и монтажи од типот:  Боки 13: „Момци, јас дојдов!“
Или Фејсбукџиите, кои не останаа покуси во „црниот хумор“ како коментар на она што ни се случува.
Македонецот Дарко Јефремов алиас Дарко -Влогс,  или „чикашкот камионџија“ кој стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи „терајќи мајтап“ со познатите личности меѓу кои предничеше токму Боки13, како едвај да го дочека лишувањето од слобода на „газдата“ на 1ТВ!
Неговите монтажи во приказните на неговиот Инстаграм профил се навистина креативни, иако некои сметаат дека се на работ на невкусот и хуманоста... Дали е тоа така или не, ние нема да коментираме, туку ќе ве оставиме откако ќе погледнете дел од нив, самите да процените.
Едно е сигурно, секој од нас, па и Боки 13 е самиот „ковач на својата среќа“, и како што вели народот: „Ќе си го срка она што самиот си го зготвил“ ! Сеирот секако ќе го има, а е дотолку поголем или помал, во зависност од тоа колку си го заслужил!
Еве што „чикашкиот сеирџија“ му „зготви“ на Боки 13-ка по веста за неговото лишување од слобода:
     
]]>

Чикашкиот камионџија го начека „на волеј“ и Павле Богоевски: Пециво во кокаинот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chikashkiot-kamiondzija-go-nacheka-na-volej-i-pavle-bogoevski-pecivo-vo-kokainot-foto/ Thu, 16 May 2019 09:54:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88191

Уште една нова афера деновиве ја тресе власта. Овој пат нарко афера. Од неа лицето на „шарениот“ пратеник Павле Богоевски ги менуваше сите бои... Откако го фатија „со бело“. На истите тие „бомби од снимки“, со кои и тој и останатите од СДС, меѓудругото дојдоа на власт.
Не бил хероин, бил кокаин... Пардон, не кокаин, бил канабис... Масло од марихуана за медицински потреби! Можеби... ако уживањето е болест! Но, не ни беше тоа муабетот. Имено, покрај тоа што оваа „нарко бомба“  ја  објавија сите медиуми, ги запали социјалните мрежи, па не стивнуваат муабетите по фирми, установи, инстуции и канцеларии... таа е добра тема и за твитерџиите и за сеирџиите.
Така, познатитиот „чикашки камионџија“, Македонецот Дарко Јефремов наречен „Дарко-Влогс“ кој едвај чека да се случи некоја „глупост“ за да ги подбере јавните личности, овој пат го начека „на волеј“ шарениот пратеник,  па го „заплеска“ со избор од твитер коментари, фото „мајтап“ монтажи и муабети на тема: „Маслената канабис мисија на кокаинскиот револуционер Павле Ескобар“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on

Најпрвин со мала монтажа на неговиот лик во ликот и делото на најголемиот нарко бос во историјата, според кој е и направена познатата ТВ серија „Наркос“...
Камионџијата од својата возачка кабина Павле го претвори не само телевизиска туку и филмска ѕвезда...  Од лице со две нацртани шарени лузни од времето на неговата шарена револуција...
...Во лице ала „Скарфејс“...  Од најавите на вестите на сите радија и телевизии...
...Или „Павле - Ла линеа“ - лице од насловните страници на весниците и порталите... Арно ама, бидејќи ниту твитерџиите не му останаа „должни“, нивните твитови не пропушти да ги истретира ниту популарниот камионџија. Одбирајќи го за свој фаворит твитот со „фото - компаративна компонента“ помеѓу Богоевски „револуционерот“ - тогаш и Богоевски пратеникот - сега!
Мислиш прашок за пециво? Среќа што не е квасец!

Чикашкиот камионџија се пошегува на сметка на Сара Мејс, а таа не остана должна – еве како му врати https://arhiva.vistina.com.mk/chikashkiot-kamiondzija-se-posheguva-na-smetka-na-sara-mejs-a-taa-ne-ostana-dolzna-eve-kako-mu-vrati/ Mon, 08 Apr 2019 08:08:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81632

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“ и шеговитите видеа што ги прикачува на неговиот Инстаграм профил, кои ги снима за време на патувањата. Тој на социјалните мрежи на шеговит начин коментира разни настани, случувања, познати.... Овој пат на ред се најде пејачката Сара Мејс. Имено, пред некој ден Сара на својот профил на „Инстаграм“ објави нова фотографија.
Македонскиот камионџија не чекаше многу време, па во негов стил се пошегува на сметка на пејачката. Имено, тој во кратките приказни на „Инстаграм“ ја објави фотографијата на Сара, а во описот напиша: „Кога баба ти е дизајнер“.
Меѓутоа, Мејс очигледно ја видела оваа објава, на остана должна, па веднаш врати на коментарот. Имено, таа ја сподели објавата на камионџијата, па напиша: „Не си нормален, па пролет е бе“ одговори Мејс.
Секако, станува збор за шега, па ниту едниот ниту другиот не се налути поради шегите. Кој е следниот кој ќе се најде на „мета“ кај Дарко останува да видиме.]]>

На терапија кај Дарко Јефремов: Чикашкиот камионџија како психијатар… во видеопорака им го кажа лекот на оние што „киснат“ на социјалните мрежи! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-terapija-kaj-darko-jefremov-chikashkiot-kamiondzija-kako-psihijatar-vo-videoporaka-im-go-kaza-lekot-na-onie-shto-kisnat-na-socijalnite-mrezi-video/ Mon, 25 Mar 2019 08:52:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79123

Чикашкиот камионџија со американска „драјв лиценца“ и македонски пасош, Дарко Јефремов, познат како Дарко Влогс постираше нова видопорака на својот Инстаграм профил. Човекот кој социјалните мрежи и го направија „ѕвезда од камионџиската кабина“, овој пат има што да им  каже токму на оние кои „киснат“ на нив.
Ним и на нивните негативни коментари, со теорија дека социјалните мрежи влијаат на психичкото здравје. Особено ако се полни со „плукање“ по разно-разни основи, негативните коментари зрачат негативна енергија која лошо влијае врз психата и психичкото здравје на оние кои ги читаат и следат!
Така, поучен од сопственото искуство, Даре - „драјверо“ , стана психолог... Море, психијатар од зад воланот!  Па, „Др. Јефремов“ испрати видеопорака за колективна терапија на нацијата која е плукачки расположена на Интернет! Чарето од првата видеосеанса од камионџиската кабина е содржано во епилогот на видото.
„Олабајте“! - кратко и јасно, со еден збор нашиот „Фројд од Чикаго“ им го кажа лекот на зависниците од социјалните мрежи! Патем, препишаната терапија до нив, а препорачана превентивно и до сите други што живеат за лајкови, гласи:
Ама како што во секое правило постојат исклучоци, „чикашкиот психијатар“ уште во стартот се огради од две личности на кои терапијата не делува.
Непишано правило е дека секој лекар баш и не се држи до правилата и протоколите во медицината, кога е самиот тој во прашање, па така и „Др. Јефремов“ се оградил од самиот себеси... И уште само од една личност, која според него, негативната енергија не ја допира или што би рекле, „мува не го лази“... Не барем кога се во прашање негативните коментари! И неговите и оние против него! Во прашање е Сергеј Варошлија!
Кој сфатил-сфатил... Кој не, ќе мора „на терапија“ лично кај камионџијата... На сеанса во кабина... зад воланот!  ]]>

Чикашкиот камионџија со ново видео: Дарко Јефремов ќе ви покаже како изгледа кога Американка стои „во лер“, а „врти“ српско коло (ВИДЕО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/chikashkiot-kamiondzija-so-novo-video-darko-jefremov-kje-vi-pokaze-kako-izgleda-koga-amerikanka-stoi-vo-ler-a-vrti-srpsko-kolo-video-18/ Tue, 12 Mar 2019 08:52:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77056

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“ и шеговитите видеа што ги прикачува на неговиот Инстаграм профил, кои ги снима за време на патувањата.
Особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија, па потоа на тапет или како што вели самиот  „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина го стави и новинарот на „Ексклузив“  Зоки „Фаци“ Василевски.
Но, дефинитивно срцата на македонската јавност ги освои по написот во нашиот портал Вистина.ком.мк за неговиот потег облечен како Дедо Мраз  да дели пакетчиња по скопските улици на децата Роми и бездомници пред Нова Година.
По речиси двомесечниот престој во Македонија, родениот нишлија кој растел во Скопје,а учел во Битола се врати назад, во САД. Во две паузи зад воланот во камионџиската кабина, „Дарко Влогс“  постираше ново видео кое на прво гледање собра илјадници лајкови.
Овој пат не е во прашање ниту една македонска јавна фаца, ниту пак Дарко се појавува со својата фаца... Всушност, во клипот фаци и нема, ама затоа има преубаво американско женско газе како тверка на музиката на српско коло крај базенот!
Хармониката свири „Чачак“, а Американката иако нема ништо српско во себе меша како миксер! Толку секси, што нејзините движења во сите правци на мажите ќе им го врзат во јазол... погледот, се разбира!
То, Цецо... Гуд џоб, хани“ - се слуша како од позадина камионџијата и довикнува на девојката која врти со га*ето како центрифуга во сите правци!
„Га*от знаеш да го мрдаш, а дали лепче знаеш да месиш, пи*да ти мате*ина“ - е балканскиот „комплимент“ што чикашкиот камионџија и „вербален видеореволвераш“ и го упатува на Американката која не престанува да тверка пред камерата! Впрочем, погледнете... Дарко Јефремов ќе ви покаже како изгледа кога Американка стои „во лер“, а „врти“ српско коло!
 
Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-jefremov-makedonskiot-kamiondzijata-od-sad-dojde-vo-skopje-no-ne-po-sergej-i-zoki-faci-tuku-za-da-napravi-neshto-shto-ja-fascinirashe-javnosta-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65531

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки - Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа... ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.
И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.
Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.
Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ..., а најчесто се деца од Ромската популација!
Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!
Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!
Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце... големо колку неговата Сканија!

Македонскиот камионџија од САД, со новогодишно „ситдаун шоу“ од кабината: Овој пат „на тапет“ е Зоки – „Фаци“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-kamiondzija-od-sad-so-novogodishno-sitdaun-shou-od-kabinata-ovoj-pat-na-tapet-e-zoki-faci-video/ Thu, 27 Dec 2018 08:02:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65079

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго - САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“.  Особено откако онаправи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија.
Илјадници следбеници кликаат лајкови, пишуваат коментари, го фалат... До душа има и такви кои го бранат македонскиот „моден гуру“ од 1ТВ, кој не собра храброст да му одговори на „фрлената ракавица“ на чикашкиот камионџија.
Арно ама, не мина долго, „вербалниот револвераш“ од камионџиската кабина одново се огласи на истата адреса. Нова Година доаѓа, па ред е и тој да има свое новогодишно „Камионџија шоу“.  Варошлија, или како што тој го вика Серџо,  одново мета на неговиот монолог, ама овој пат само за кратко. Главна ѕвезда во новогодишното издание е колегата на Сергеј,  Зоки - „Фаци“. Овој пат естрадниот новинар и водител на „Ексклузив“ се најде „на тапет“, или како што вели камионџијата,  „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина на Дарко - „драјверот“!
Погледнете го новогодишното видео со шоуто на камионџијата и очекувајте водителите од 1ТВ империјата да го возвратат ударот. Варошлија засега молчи, со куса најава дека на „непристојните“ видеа нема да им придава значење и третман во неговите модни коментари. И веројатно така треба... Само што, ова е малку... „повеќе од мода“! Погледнете го видеото во продолжение: