дарко димов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 14 Mar 2020 14:03:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко димов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ноне и се враќа на музиката… „Алелуја“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-i-se-vrakja-na-muzikata-aleluja-video/ Sat, 14 Mar 2020 10:42:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139441

Пандемијата што го погоди светот со коронавирусот затвори многу работни места. Меѓу се друго, ги укотви и повеќето од прекуокеанските крузери што ги крстосуваат океаните. Току затоа „најшетаната велешанка“, некогашната македонска музичка поп ѕвезда Нона Неделковска беше приморана да се врати дома. Во родниот Велес, на принуден одмор. И додека трае режимот на живот според препораките и забраните неопходни да се спречи поголема катастрофа, македонската „џепна венера“ строго ги почитува, седејќи дома. Нејзините најдобри пријатели заради околностите во моментов и се домашните миленици, нејзината пудлица Луси и мачето Бошко, меѓу кои има толкава љубов, што на човека просто не му се верува кога ги гледа како си играат без да се гледаат како „куче и маче“!
 
View this post on Instagram
 
Ритуал пред спиење #dogcatlove

A post shared by Bonnie ?? (@nona.bonnie) on

Седењето дома во изолација и покрај се, може да има и убави страни. Ноне е светски патник, а со тоа и светки човак, па велешката убавица по примерот на Италијанците реши да го развесели домашниот амбиент, но и да ги израдува сите оние кои оддамна не ја слушнале, или оние помладите, кои воопшто и не ја паметат како пејачка. Во акустична гитарска придружба на нејзиниот некогашен соработник од живите свирки Дарко Димов, Ноне на јавноста и приушти задоволство да ја потсети на своите вокални можности. Заедно со Даре ја отпејаа легендарната тема „Алелуја“ на големиот канaдски музичар и поет,  Леонард Коен, па ја споделија на социјалните мрежи. А, снимката не е воопшто случајно споделна. Прашањето е само дали колку за разбивање на монотонијата, разубавување на денот или вечерта, придонес кон домашната осаменост на нацијата во изолација, или во прашање е нешто сосема петто... Можеби дискретна и срамежлива најава дека Ноне конечно и се враќа на музиката, естрадата и нејзината пејачка кариера, повторно?  ]]>