дарко димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Feb 2024 13:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарко димитров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова и Јосиф Ристовски заедно ги запалија – „Сите светла“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-josif-ristovski-zaedno-gi-zapalija-site-svetla-video/ Tue, 06 Feb 2024 13:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337732

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота. „Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога. Диско ритам, младешка енергија и гламур, „Сите светла“ претендира да стане  нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.   „Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме „Сите светла“. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“, вели Лара. Лара Иванова е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. Освен тоа, нејзината посветеност и ентузијазам резултираат со успеси, а еден од нив допрва треба да го потврди и дуетот со Јосиф, над кој сега се вперени „Сите светла“: ]]>

Таткото и ќерката во дует: Пере од „Нокаут“ и неговат ќерка Миа на заедничка семејно-музичка прошетка под – „Месечевиот сјај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatkoto-i-kerkata-vo-duet-pere-od-nokaut-i-negovat-kerka-mia-na-zaednichka-semejno-muzichka-proshetka-pod-mersecheviot-sjaj-video/ Fri, 19 Jan 2024 10:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335482

Групата „Нокаут“  деновиве ја промовираше новата песна „Месечевиот сјај“, која е отпеана во дует помеѓу вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка,  Михаела Миа Перевска и самата придружен вокал во бендот. „Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска со најновиот сингл 'Месечевиот сјај“. Уживајте како што ние уживавме дур ја правевме песната“ - порачауваат од “Нокаут“. Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот заедно со Миа Перевска. Текстот го напишал Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата и мастерингот  ги изработил Дарко Димитров. Инаку покрај членувањето во „Нокаут“, Миа Перевска досега има снимено неколку авторски соло песни и имала и  соло настапи на ланските изданија на фестивалите „Зејмотрес“ и „Д фестивал“, а позната е и по ноќните настапи забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали. Како звучи заедничкото семејно-музичко дело на таткото и ќерката, проследете во музичката видео - прошетка на Миа и Пере од „Нокаут“ под „Месечевиот сјај“,  во продолжение: ]]>

Ламбе Алабаковски со своја верзија на една од неговите омилени македонски песни – „Дејгиди луди млади години“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakovski-so-svoja-verzija-na-edna-od-negovite-omileni-makedonski-pesni-dejgidi-ludi-mladi-godini-video/ Mon, 25 Dec 2023 13:31:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332365

Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот. Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна и е снимено во националниот парк „Галичица“ е со потписот на „Зага продукција“. „Песната е една од моите омилени и морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години, некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика, но и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна“ на денешната промоција во кафулето „Минт“ и откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши оваа успешна музичка година, но и да го најави сето она што ќе следува во годината пред нас. „Веќе се крчка новиот материјал, а мислам дека на крајот на следната година ќе ве поканам сите на еден убав концерт по повод мојот голем јубилеј – 20 години од почетокот на професионалната музичка кариера“, додава Ламбе. Меѓу присутните на промоцијата освен медиумите беа и голем број колеги и пријатели на Ламбе (меѓу кои Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Николче Мицевски, Марија Спасовска, Мики Црнокрак, Иво Јанковски, Стефан Лазаров, водителот Димитар Атанасовски...) кои не го криеја задоволството од новиот проект, но и фактот дека публиката секогаш знае да го препознае квалитетот и дека кога нешто е добро - трае. ]]>

Барбара Поповиќ фасцинираше со својот настап во IDJ Show: Охриѓанката „ги зајде“ од воодушевување и жирито и публиката (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-popovik-fastsinirashe-so-svojot-nastap-vo-idj-show-ohrigankata-gi-zajde-od-voodushevuvane-i-zhirito-i-publikata-video/ Tue, 28 Nov 2023 07:57:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328897

Младата и талентирана Барбара Поповиќ која е по потекло од Охрид, повторно ги воодушеви и публиката и жирито со својот нестварен настап во регионалното музичко талент шоу „ИДЈ Шоу“ (IDJ Show), овој пат пеејќи ја  вонвременската „Зајди, зајди,“ со која дефинитивно ја освои пошироката јавност. Со својот импресивен вокал, Барбара буквално ги маѓепса и  ги „зајде“ од воодушевување сите присутни. „Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров кој е дел од жирито. По сите овие коментари, Барбара ја надвладеаа емоциите и таа се расплака, па мораа да и донесат хартиени шамивчиња на сцената за да ги избрише солзите - радосници. Таа освен со извонредната интерпретација, привлече големо внимание и со својот стајлинг. Поради нејзините одлични вокални перформанси, многумина сметаат дека токму Барбара треба да победи на ова музичко натпреварување. Инаку, Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и нижо и средно музичко училиште. Барбара го објави на нејзиниот инстаграм-профил перформансот со кој ги одушеви сите. „Моја Македонијо“, напиша Барбара под својата објава од настапот на шоуто, а нејзиниот настап можете да го проследите во видеото во продолжение ако кликнет на 1 час и 36 минути: Фото и видео: Јутјуб/IDJ Show]]>

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега во секси долна облека, музичката хармонија ја зачинила со еротика во – „Брига ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-razgolena-kako-nikogash-dosega-vo-seksi-dolna-obleka-muzichkata-harmonija-ja-zachinila-so-erotika-vo-briga-me-video/ Tue, 21 Nov 2023 11:43:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327904

Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка сцена со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа се оствари и во најважната улога откако стана мајка. По долгиот „молк“, Антониа вчера, понеделник, 20-ти ноември 2023 год. се врати во полн сјај со најновата песна овој пат испеана на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период... „Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ - вака би бил преводот на дел од стиховите, а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете самите. Музиката и аранжманот за песната ја направи познатиот макдонски композитор и продуцент Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ. Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија... Или поточно кажано, Антониа разголена како никогаш досега, во секси долна облека ја споделила сета своја телесна убавина пред камера! Овој пат распеаната „еротска пепелашка“ имала евидентна намера со провокативните пози пред камера да ги освои своите обожаватели, а и да стекне нови следбеници. Кадрите ветуваат дека нема да недостасуваат „влажни погледи“, зашто многумина видеото веќе го гледаат со „паднати вилици“ и очи ширум отворени. Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци... Во меѓувреме, вие безгрижно уживајте во уметничкиот амбиент набиен со еротски потенцијал што ја отсликува музичката хармонија  во „Брига ме“ на Антониа: ]]>

„Нокаут“ ќе ве провозат на својот „рингишпил низ годините“ во музичкиот времеплов – „25“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-ke-ve-provozat-na-svojot-ringishpil-niz-godinite-vo-muzichkiot-vremeplov-25-video/ Fri, 07 Apr 2023 06:27:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297115

Групата „Нокаут“ со публиката го споделува новиот сингл “25” (Двасет и пет). Од „Нокаут“ велат дека не застануваат тука. „После 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за Вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студијата, музички емисии, топ листи, бинго шоуа… “Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, велат од „Нокаут“ претставувајќи го видеото кое го потпишува Александар Ристовски - Принц. Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов. Како звучи и изгледа музичкиот времеплов на „Нокаут“ претставен преку „рингишпилот на годините“ насловен  едноставно само со бројка - „25“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Миа Перевска ви праќа автентична, природна и емоционална музичка порака со – „Follow“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-perevska-vi-praka-avtentichna-prirodna-i-emotsionalna-muzichka-poraka-so-follow-video/ Mon, 30 Jan 2023 07:17:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286359

Миа Перевска ja одржа промоцијатa на видео-спотот за песната „Follow“. Промоцијата се случи во   скопското кафуле „Котур“, а спотот беше проектиран на филмско платно. Младата музичка артистка е комплетен автор на песната, каја патем е и  мулти-инструменталист со оглед на тоа што сите инструменти во својата музика ги свири сама, а се потпишува и како автор на текстот кој ја раскажува музичката приказна. Со оглед на тоа што Миа студира музичка продукција, таа е одговорна и за миксот на песната и тоа во придружба на нејзиниот татко Никола Перевски – Пере, додека пак мастерингот го оформил Дарко Димитров. Ненаметливо, но со јасна визија, Миа на публиката и претстави авангарден проект, полн музика, но исклучително заводлив и слушлив. Музиката во слика ја преточи Јован Куцин визуелизирајќи ја  ви видеоспотот за „Follow“. Со своето последно музичко парче Миа како млад човек на фронтот на македонската музичка авангарда испрати порака во знак на автентичноста, природноста и емоцијата како водечки принципи на патот на еден уметник. Песната „Follow“, како и спотот за истата е достапна на дигиталните платформи, а веќе престојниот викенд, на 4-ти февруари, Миа ќе настапи на годинешниот  фестивал „Земјотрес“ кој традиционално ќе се одржи во МКЦ со почеток во 19 часот. Инаку Миа е дете на познати родители, македонски јавни личности, зашто Михаела или Миа, како што ја викаат, е најстарата ќерка на Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ , која ја има од својот прв брак со ТВ новинарката на МРТВ,  Александра Спировска. Таа е придружен вокал во „Нокаут“, но исто така работи и на соло проекти, кои се поврзани со музиката, а и самата настапува забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали,  а новата песна „Follow“ и видеото за неа се дел од нејзините авторски остварувања... Истата проследете ја во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Зејна гради кариера во предизвикувачки изданија: Младата пејачка во секси стајлинг налик на Карлеуша (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zejna-gradi-kariera-vo-predizvikuvachki-izdanija-mladata-pejachka-vo-seksi-stajling-nalik-na-karleusha-foto/ Wed, 28 Dec 2022 12:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282023

Атрактивната поп-пејачка Зејна Муркиќ реши да ја гради својата кариера така што покрај песните ќе и се претставува на јавноста во се попредизвикувачки изданија. Ова тврдење го поткрепуваат и снимките со кои оваа секси убавица ја најави својата нова песна– „Без сјај“  која според најавите на Зејна на  „Инстаграм“, треба да се појави во неделава пред Нова Година. На објавените фотографии се' попопуларната пејачка е  и се' пооскудно облечена, а со овој стајлинг најмногу го истакна својот секси задник. Она што на прв поглед се препознава дека младата  распеана убавица за идол или барем за пример ја има Карлеуша кога  е провокативниот стајлинг во прашање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zejna (@zejnaofficial)

Иако Зејна не и е многу позната на македонската јавност, тоа не значи дека не ја знаат и луѓето од еснафот. Особено оние чие студио оваа секси убавица го посетила... Работно, секако, како што е она на Дарко Димитров, еден од најбараните наши продуценти и автори во регионот. Фото: Инстаграм принтскрин/zejnaofficial  ]]>

Покојниот син на Туцаковиќ извесен период живееше во Македонија, а вака зборуваше за Дарко Димитров пред да почине… https://arhiva.vistina.com.mk/pokojniot-sin-na-tucakovikj-izvesen-period-ziveeshe-vo-makedonija-a-vaka-zboruvashe-za-darko-dimitrov-pred-da-pochine/ Wed, 21 Dec 2022 11:26:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281083

Веста за смртта на текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа ги потресе многумина. Синот на Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ беше пронајден мртов на улица во Израел. Тој во неколку наврати минатата година говорел за своите маки со кои се соочува неговото семејство, а во еден момент се одлучил и да се отсели од Србија. – Побегнав од себе, од мојата куќа каде имаше премногу темнина, премногу депресија, која се состоеше само од работа, работа… Не спијам, а здравиот мозок едноставно не може повеќе. Требаше да се сретнам со Дарко Димитров, да пробаме соработка, се запознавме, пробавме со Северина и „Фатамаргана“, почнавме да се дружиме. Почнавме да работиме и сфатив дека функционираме совршено како тандем – изјави во една прилика Лаќа. Белград го поврзуваше со многу лоши работи, за кои зборуваше пред нешто повеќе од две години, пред да умре неговата мајка. – Не ми недостасува Белград, ми недостигаат моите родители, одредени пријатели и секогаш кога ќе се вратам во Белград не ми се допаѓа, не спијам добро. Тоа е трауматично, се случи многу. Тоа е куќата каде што почина брат ми, тоа е куќата каде што мајка ми се разболе, тука е и мојот стан, кој исто така е ладен, каде што е стара инсталацијата, не сакам да се вратам таму. Некои луѓе, отидоа на своја страна, што е сосема во ред. Некои се налутија што не сум таму, што не одговарам, на сите им велам да дојдат во Македонија, но сите се мрзливи. Имам таков став, дека не морам да разговарам со некого десет години, ако ми е драг, а некој што го сакам, кога ќе ми се јават на телефон, ќе остане истата емоција – рече тогаш за „ Нова“. – Мислам дека луѓето мислат дека сега сум многу полош. Сите знаат каков лудак сум, и колку можам да бидам деструктивен, но јас сум подобар, а да им објаснувам дека сум подобар е глупост. Немаше ни да ми веруваат, немаше да напишам ниту една добра песна, немаше да имам ниту еден хит да не бев подобар. И тука сум извонредно благодарен на Дарко Димитров, не како продуцент, како соработник, туку како пријател и човек – заклучи тогаш тој. фото:Зорана Јевтиќ/Инстаграм принтскрин]]>

Марија Шерифовиќ во новата песна „Добар ви ден“ порачува: „Среќна нека е новата година и онаа следната… Ако ја има“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovikjvo-novata-pesna-dobar-vi-den-porachuva-srekjna-neka-e-novata-godina-i-onaa-slednata-ako-ja-ima-video/ Tue, 20 Dec 2022 12:20:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280963

Иако новиот музички проект го најавуваше за есента 2023-та, неочекувано, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ објави нова песна со необично име - „Добар ви ден“. Една од најголемите, ако не и најголемата музичка ѕвезда зад себе ги остава успешните концерти, а покрај сите професионални обврски долго и темелно работи и на својот нов албум. Јавноста пет години чекаше нов материјал, а на изненадување на многумина, Шерифовиќ објави нова песна, напишана од Леонтина Вукомановиќ (музика и текст), а аранжирана, миксана и мастерирана од нашиот Дарко Димитров. Марија смета дека публиката треба да зборува за овој проект и дека песната „Добар ден“ треба да биде упатена до сите оние луѓе кои како што вели таа живеат во свет кој наликува на џунгла. Во хаосот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените. „Добар ден за она што остана од вашиот живот, во густа мрежа од измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ден за вас во темнината, каде што само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ден за вас во нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Среќна нека е новата година и онаа следната... Ако ја има!“ – пее Марија во одличната песна и уште подобрата визуелизација во видеоспотот кој како режисер го потпишува Милош Шаровиќ. Проследете како звучи и изгледа кога Марија Шерифовиќ ќе ви посака... „Добар ви ден“ во видеот во продолжение (КЛИКНИ ОВДЕ): ]]>