дарио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Apr 2022 09:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со носталгија по старите добри времиња го истури сиот гнев од душата во баладата – „Какви се ова времиња“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nostalgija-po-starite-dobri-vreminja-go-isturi-siot-gnev-od-dushata-vo-baladata-kakvi-se-ova-vreminja-video/ Fri, 29 Apr 2022 09:34:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248193

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се’ уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така било отсекогаш, така е последниве години, а таков е случајот и сега, со неговата најнова балада - „Какви се ова времиња?“, која уште на прво слушање претендира да стане безвременска! Една од оние балади кои имаат душа во себе, а се напишани за сечија душа, за секој што во нив ќе се препознае, а во оваа ќе се препознаат многумина... Цели  генерации, „изгубени“ во своите спомени на едни многу поубави и посреќни времиња, кога душата на многу нешта имаше да се радува, освен само на песната. А токму таа, песната останува да не потсетува дека радоста е безлична ако е лажна, украдена,  со пари купена, без среќа стекната... Таква, каква што е најчесто токму во овие несреќни времиња! „Какви се ова времиња?“ е класична гитарска поп балада, налик на една од оние што ги испеа Аки во „Парни ваљак“, само на поинаков начин вокално донесена, која со грст емоции и од срце ќе се пее подеднакво гласно насекаде...И на концертите во големите сали и во кафулињата и клубовите. Песна за животот низ годините и времињата кои се менуваат, а ништо добро не носат...  Затоа и старите спомени вредат многу повеќе, од сите овие празни животи, како што пее и самиот Дарио, кој како и најчесто досега е комплетен автор (музика и текст) и на својата најнова песна. Како соработник кој му помогнала при склопувањето на стиховите е потпишана неговата ќерка Андреа Панковска, додека аранжманот го направил неговиот стар соработник, Кристијан Габроски. Песната е визуелизирана со одлично урбано видео кое го потпишва AleXanDeR, псевдоним зад кој се крије познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски - Принц. Проследете во продолжение со каква носталгија по старите добри времиња Дарио го истури сиот гнев од душата во баладата - „Какви се ова времиња“? ]]>

Дарио понесен од старата изрека која важи довека, ја „скоцка“ – „Кој чека ќе дочека“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ponesen-od-starata-izreka-ja-skocka-koj-cheka-kje-docheka-video/ Thu, 27 May 2021 10:39:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204455

По пауза од повеќе од една година, стариот мајстор, еден од ветераните на македонската поп сцена Дарио Панковски се враќа со нова песна.  По ланската „пена за навека“, „Еј животе“,  баладата со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана, еве го стариот музички лисец одново со песна за животот. Само овој пат оној другиот, ергенскиот, во долга врска пред женидба, која никако да дојде.  Малку поинаква песна и музички и стиховно, насловена „Кој чека ќе дочека“... Кој еднаш и за навека, кој повеќе пати, некои и никогаш, но чинот на свршувачката е секако еден од оние „најзначајни денови“ за повеќето од нас! Денот што се чека цел живот, па потоа кому како му паднало, кому како му е судено или пишано, сеедно... „Руски рулет“ со семејната среќа, во кој некои „сркаат од медот“ довека, а некои бргу тонат во „надојдената река“ на новиот живот! Како и да е Дарио се потрудил да направи убава „свадбарска песна“ во забавен, поп манир, со суптилни фолк примеси, во весел ска ритам со носечки звук на труби во позадина и текст што што гласно ќе се пее во свадбена еуфорија, а можеби и потоа... На некој јубилеј од годишнината, па и зошто да не и на некоја „златна свадба“!?   „Е па драги луѓе, ви ја претставувам мојата нова песна #КојЧекаЌеДочека". Песна за нови почетоци, песна за поубава иднина, песна за сите нас, весела, среќна, опуштена и по малку хумористична. Искрено се надевам дека наскоро сите заедно ќе дочекаме пак да се радуваме на свадби, родендени, забави и концерти, на сите убави моменти во животот.  На здравје!“ - ќе рече самиот автор и изведувач! Се' на се', убаво и весело музичко освежување во ова, се' уште не така среќно опкружување и секојдневие и заради коронапандемијата и заради потопот на економијата... Но, како што во секоја темнина има понекоја светла точка, така и новата песна на Дарио е едно од оние позитиви на денот, неделата, месецот, а можеби и годината, која ќе ве води на патот кон светлината, кој толку долго го чекаме, посакуваме и патиме, за на „старото нормално“ да му се вратиме. Впрочем... „Кој чека ќе дочека“, нели? Песната покрај тоа е визуелно надополнета со повеќе од симпатично, анимирано, лирик видео, кое само ја збогатува нејзината вредност. Автор на музиката и стиховите е самиот Дарио Панковски, аранжманот е на Кристијан Габроски, а за видеоанимацијата се погрижил Ристе Шкортов. Слушнете, погледнете и уживајте... барем за миг, и ако сте еден или една од оние на кои им е време, а се' уште не им паднало на ум или не им текнува, можеби после ова ќе Ви текне... Дека е време. Подобро сега, отколку никогаш. Впрочем, „Кој чека, ќе дочека“! https://www.youtube.com/watch?v=bnUlbjpa83E  ]]>

Бившиот сопруг на Анѓелка Прпиќ ја изневерил со оваа старлета, а неа и велел дека му пречет нејзините секс сцени со колегите по филмовите и сериите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshiot-soprug-na-angjelka-prpikj-ja-izneveri-so-vaa-starleta-a-nea-i-veleshe-deka-mu-prechet-nejzinite-seks-sceni-so-kolegite-po-filmovite-i-seriite-foto/ Fri, 23 Apr 2021 09:21:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200230

Познатата српска актерка Анѓелка Прпиќ се разведе од сопругот Дарио Прпиќ затоа што повеќе не можела да ја толерира неговата љубомора, која ја трпела со години. Дарио бил љубоморен на колегите на Анѓелка, пред се поради секс сцените во филмовите и ТВ сериите, како на пример нејзината секс сцена на машината за перење со Драган Мижановиќ, но и со Андрија Милошевиќ, секогаш кога имале поблиски сцени. Анѓелка преминала преку тоа и се обидела да го спаси нивниот брак, сè до моментот кога дознал дека всушност Прпиќ имал афера со старлетата Ава Карабатиќ. Медиумите тогаш наведоа дека старлетата претходните години била чест гостин во рестораните во Белград, чиј косопственик бил Дарио. Анѓелка тогаш одлучила да се разведе затоа што повеќе не сакала да страда од љубоморни сцени од човекот за кој дозна дека ја изневерувал. „Да, тоа е вистина. Тоа беше додека бев и јас во врска, поточно во 2017 година“ - ја признала Ава на аферата. Откако медиумите дознаа дека и завршил деветгодишниот брак, Анѓелка некое време не зборуваше за разводот, а по неколку месеци изјави дека е во коректни односи со поранешниот сопруг. „Разводот не значи војна. Ние сè уште сме семејство. Најблиску сме едни до други, без оглед на кои адреси живееме“ - изјави Анѓелка минатата година. Да потсетиме, по разводот се шпекулираше дека Анѓелка Прпиќ е повторно среќна и заљубена жена. Неофицијално, актерката влегла во врска со поранешното момче на поп-пејачката Александра Радовиќ, бизнисменот Срѓан Стојановиќ, пишува српски Курир. Фото: Драган Кадиќ/Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин/andjelkap/ava_karabatic_official_novi]]>

За да не се задуши, македонската ѕвезда заличи на „Дарт Ведер“ од „Војна на ѕвездите“: Можете ли да го препознаете? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-da-ne-se-zadushi-makedonskata-dzvezda-zalichi-na-dart-veder-od-vojna-na-dzvezdite-mozete-li-da-go-prepoznaete-foto/ Thu, 27 Dec 2018 09:15:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65096

Скопје се гуши во магла, чад, смог... и уште илјада други валканици кои воздухот во метрополата го прават загаден до ниво на неподносливост. Еколошки акции, протсети, апели, мерки... џабе! Ништо не помага. Главниот град се гуши, а со него и неговите жители. Неподносливата тешкотија на дишењето ја трпиме сите... и непознати и познати. Чистиот воздух што го нема, не може со ништо да се надомести, ама барем може да се ублажат последиците. Тој е една од најголемите македонски музички ѕвезди, со најдолг стаж, ама и со најспортски навики. Впрочем, не попусто има манекенска става и покрај тоа што е длабоко навлезен во шесстата деценија од животот.
Возење велосипед, трчање покрај кеј, пешачење, планинарење...
И кога е дома, во неговото какво-такво Скопје, и кога е некаде надвор, Дарио Панковски не ги заборава спортските навики и пропушта да се дружи со природата.
Ама со скопскиот воздух - тешко... Или барем тешко без маска.
Па затоа Дарио сакал-нејќел мораше да се „претвори“ во еден познат лик - кога е без маска! Македонската музичка ѕвезда во маската заличи на филмската ѕвезда - господарот на темнината Дарт Ведер од „Војна на ѕвездите“! 
Дарио оддамна е верен и отворен поддржувач на „Дојде живот“ опцијата... Е сега, како елементарните услови за живот од цело Скопје ги има само на Водно, и самиот се упати таму...
На планина - убавина! Сонце, чист воздух и преубав поглед... На какво-такво, ама негово и не само негово, туку и наше Скопје!   Ама... ајде... Што е наше, белким ќе си дојде!  
]]>

Дарио жената за сто години, ја претвори во „Жена за милијун година“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-zenata-za-sto-godini-ja-pretvori-vo-zena-za-milijun-godina-video/ Thu, 29 Nov 2018 11:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60490

Како резултат од  од успешната соработка на Дарио со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ произлезе хрватската верзија и видеото за песната „Што е мое ќе си дојде“ (Што је моје то ќе доќи)проект по кој дојде понудата за соработка од една од најуспешните дискографски куќи на Балканот – „Југотон/Кроација рекордс“.
„Јас скоро четириесет години настапувам, од тие четириесет, триесет сме фантазирале како би било за една таква дискографска куќа да воопшто протнеш некое снимче… И сега тие ти се јавуваат и ти нудат соработка, прашуваат дали може“ - откри Дарио во неодамнешно гостување во емисијата „Б со точка“ кај легендарниот Драган Б. Костиќ.
Освен правата за издавање на „Što je moje to će doći“, „Кроација рекордс“ ќе продолжи да ги издава сите нови синглови на Дарио на хрватски јазик, вклучувајќи го и штотуку објавениот „Жена за милијун година“ кој, како што претпоставувате од самиот наслов, е хрватска верзија на хитот „Жена за сто години“.
Автор на музиката и текстот е самиот Дарио, а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски, додека видеото е дело на продукцијата „Фабрика“. И навистина, што е негово ќе си дојде, а за Дарио и допрва ќе доаѓа! https://www.youtube.com/watch?v=aoklsNin1Sk  ]]>