дарио панковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарио панковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nova-lubovna-prikazna-ke-vi-gi-nasolzi-ochite-i-raznezhni-dushata-so-svojata-molitva-video/ Fri, 03 Nov 2023 10:03:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325260

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна... И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна. „И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот. Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена. „Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми. Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути. Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи! Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“. ]]>

Дарио ја отвори душата низ фотографии: Таа е неговата безусловна љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-otvori-dushata-niz-fotografii-taa-e-negovata-bezuslovna-ljubov-foto/ Sat, 08 Apr 2023 07:56:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51369

Секому му е повеќе од јасно дека семејството е столбот на животот. И годините, младоста, лудоста, работата, кариерата... се минува, само љубовта кон најблиските е вечна. И со текот на годините таа „љубовна врска“ станува се' поцврста, посилна, нераскинлива... Особено е силна поврзаноста на родителите и децата, најчесто од спротивниот пол: мајката со синот, таткото со ќерката... Дали тоа природата го чини своето или едноставно животното искуство ги тера работите во тој правец, останува да објаснат стручњаците, но едно е сигурно: Она што се гледа со голо око е дека развојот на една личност во здраво семејство е непроценливо. Како и љубовта која едни на други си ја разменуваат неговите членови.
Од тоа не се „оперирани“ ниту познатите. Јавните фаци колку да изгледаат егоистични, егоцентрични,полни себе... сепак кога е семејството во прашање, како и секој од нас и тие ги покажуваат  емоциите на виделина. Меѓу сите ѕвезди - и тој, кога е љубовта кон семејството во прашање. Не само „Миг 21“, туку секој миг во животот го користи за да биде со најблиските. Одан сопруг, посветен татко, таков е Дарио Панковски.
Но се чини дека негова „ахилова петица“, негова „слаба страна“ е неговата ќерка Андреа. Очекувано и природно, исто како и нишката од спомени, преточени во фотографии низ годините кои Дарио ги постираше на својот Инстаграм профил. Низ нив се потсети и себе си и сите други на сите овие години: од времето кога неговата „жена за сто години“ му ја донесе на свет, а тој беше „бушав поп пејач со кариера во подем“...
...преку тинејџерските денови на својата убавица која ги засака музиката, танцот и балетот...
...па се' до зрелите години на сериозната „девојка за мажење“...
Или поточно преубава, прекрасна невеста, како бел лебед крај езерската шир каква што неговата Андреа беше минатиот јули (2022 година), на нејзината свадбена веннчавка во Охрид. На временскиот фото колаж Дарио, кој за жал немаше можност до крај да ја почувствува родителската љубов зашто многу рано остана без мајка, ја покажа својата „безусловна љубов на татко и ќерка“!
Неговиот потег разнежни многу срца, исто како и неговите стихови од песната: „Два - три збора обични во право време кажани, вредат многу повеќе, од сите романи напишани...“ !
И вредат... Само нека е, здравје Боже, така - довека!
     ]]>

Дарио Панковски потврди дека е „пејач за сто години“: „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-pankovski-potvrdi-deka-e-pejach-za-sto-godini-megu-site-zvezdi-vakvi-kontserti-mozhat-da-napravat-samo-najbleskvite-foto/ Mon, 20 Feb 2023 09:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289522

Најавуваните концерти со кои го одбележи својот јубилеј - 40 години на естрадата, Дарио Панковски викендов ( 17 и 18 февруари. 2023 г.) ги одржа и тоа во голем стил. Преполната сала на за нас, Македонската филхармонија и двата дена, покажа дека единствениот “превид“ на организторот и пејачот можеби бил стравот да се одлучат за поголем простор, како  салата СЦ „Јане Сандански“ или „А1 арената „Борис Трајковски“, кој без сомнение ќе беа доволно полни за еден ваков спектакл. Музички беспрекорно точно, прецизно како часовник, речиси совршено звучеа песните со кои Дарио и придружниот бенд „Миг 21“ како низ музички времеплов не вратија назад во времето. Со рефрените кои не те оставаат да седиш мирно и стиховите кои ја ежат кожата,  публиката два и пол часа патуваше како со временска машина во интервал од четири децинии... Од далечната 1984 и времето на првите песни на Дарио и неговиот тогашен бенд „Бон Тон“, кога сите бевме во заблуда дека „Добрите девојки не го прават тоа“, па се до последниве денови, кога некогашаната „Дупла водка“ од елитните скопски кафулиња во почетокот на 90-ите ја заменивме со боемските кафеани и едно, две... бокалчиња „Ракија“! Најголемата машка македонска ѕвезда и според кошаркарската височина, а секако една од најголемите и според рејтингот и популарноста, не потсети дека од она што ни остана, ни останаа само прашањето на сите нас: „Какви се ова времиња“? На дамите старата добро позната фраза: „Немам што да облечам“, на  кавалерите комплиментот на своите девојки и сопруги дека токму таа е: „Жена за сто години“. Новата постава на дванаесетчлената екипа  (заедно со пејачот) на „Миг 21“, составена од млади ултраталентирани деца и стари проверени мајстори на својот инструментално –вокален занает звучеше како плоча... Тие максимално уиграни и усвирени, песните како симнати од ЦД, а Дарио налик на најголемите не само регионални, туку и светски ѕвезди.  Сигурен во интерпретацијата, енергичен во сценските движења, интересен во најавите за песните, со куса воведна приказна за секоја од нив. За визуелниот впечаток да биде уште посилен кај ионака познатиот по својата стилска елеганција пејач, придонесе промената на сакоа од различни модели, дезени и во разновидни бои кои тој ги менуваше на секои неколку песни. Она што Дарио бесперкорно и го даруваше на својата публика со секоја нова песна, таа безрезервно му го враќаше станата од столчињата, таннцувајќи и забавувајќи се на секој негов рефрен, пеејќи го секој стих. Особено впечатливи беа баладите како: „Која ли си ти“, „Меѓу сите ѕвезди“ или „Зајди јасно сонце“ во кои енергијата ја заменуваа емоциите испреплетени со сеќавањата и спомените на „старите добри времиња“ кои секој од нас ги минал и во себе ги чува како што една „Армија“ ги чува придобивките на животот и слободата. А Дарио како врховен командант на својата „армија“ во публиката, командуваше со неа, диригирајќи со спонтаноста како по ноти... Пеешее тој заедно со неа, пееа тие самите без него, пеевме сите помислувајќи во себе: „Мајко моја роди ме, уште еднаш да ми е“... Животот како за час минува, а она што останува и заради кое вреди да се живее се меѓудругото и  ваквите моменти на радост, среќа, спонтаност, опуштање, духовна катарза, емотивно празнање... И на крајот што уште останува освен.. „Здравје боже“ да сме вака сплотени и единствени и во многу други посуштински работи, иако токму Дарио и неговите два брилијанти концерти ни ја покажаа поентата на животот... Колку малку ни треба за поединечна и колективна среќа. За крај општенародна веселба со... „Дајте една народна“, а по неа  и бис со „Дупла водка“... Овој пат во вокална, акапела верзија само тој и тие... Само Дарио и неговата верна „армија“ во публиката од чии усни заеднички течеше убавина, пресликана во емоција низ песна...! Едноставно Дарио Панковски потврди дека е  „пејач за сто години“.  „Меѓу сите ѕвезди“ вакви концерти можат да направат само најблесквите. И тоа без ничија финансиска помош, зашто „Што е твое ќе си дојде“, иако логично е и очекувано „помошта“ најмногу да дојде од оние на кои меѓудругото тоа им е и законска и морална обврска, кога се во прашање 40 години нечија успешна кариера. За жал, „девојките“ од Министерството за култура и Град Скопје кои од нашите даночни пари живеат, вредностите ниту знаат, ниту умеат да ги препознаат, за да ги помогнат, субвенционираат и стимулираат... И едната и другата - „Ладна како камен“, без  „чувство за осет“ дека... „Добрите девојки не го прават тоа“. Само на крајот, кога политичката кариера ќе заврши и сите грб ќе ти свртат засекогаш, да не биде како што по непишано правило завршуваат нивните начела... Со „Плачела, плачела“...! ]]>

Државата нема „слух“, а град Скопје е „глувонем“ за музиката на македонската музичка легенда: Дарио Панковски со концерт ќе одбележува 40 години кариера – „соло“, без ничија поддршка (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/drzhavata-nema-sluh-a-grad-skopje-e-gluvonem-za-muzikata-na-makedonskata-muzichka-legenda-dario-pankovski-so-kontsert-ke-odbelezhuva-40-godini-kariera-solo-bez-nichija-poddrshka-foto-video/ Tue, 17 Jan 2023 08:43:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284487

Дарио Панковски или само Дарио, е еден од оние македонски музички ѕвезди кој цели 40 години гради кариера во континуитет, нижејќи низа од хитови, зашто секоја негова нова песна бргу станува екстремно популарна и мошне слушана или останува една од оние вечни балади за кои велиме дека се евергрини за сите времиња. Како по обичај работи полека, натенане, ама кога нешто ќе сработи, нема шанси тоа да не го убоде таму каде што најмногу треба: И во  ушите и во душата и срцата на неговата публика. Иако неговите песни можеби за некого , особено за „некои од новите клинци“ не се модерни, современи, во духот на времето, ама затоа се безвременски. Полни со страст, емоции, душа исполнета со чувства кои не бледеат, туку само како живи рани притискаат враќајќи ги мислите, што тоа направивме, каде згрешивме, можеше ли да биде поинаку… И во љубовта и во животот. Во нив среќата и тагата се испреплетуваат низ клопчето на животот, наизменично издигајќи го едното чувство над другото и обратно… Како црно и бело, како плус и минус, како почеток и крај, како студена бистра вода и одлежана лута ракија… Токму затоа, после точно 17 години од незаборавните концерти во култната „Универзална сала“, Дарио и неговиот придружен бенд „Миг 21“, ќе одржат ексклузивен концерт на 17-ти февруари во Македонската филхармонија. Концертот по повод 40 години континуирана успешна кариерата на пејачот кој  ги опеа и радоста и тагата залеани и со „Дупла вотка“ и со „Ракија“, а сето ова во рамките на проектите со кои и „Авалон продукција“ слави 30 години постоење... Единствените кои покажаа интерес да бидат поддршка за јубилејот на една од најуспешните и најголеми наши  поп ѕвезди. Зашто државата нема „слух“, а град Скопје остана „глувонем“ за музиката на македонската музичка легенда... „Јас сум вложувал и вложувам во себе колку што ми се можностите, па така од петни жили се трудев овој концерт да го направам. Но, државата не беше заинтересирана, град Скопје не беше заинтересиран, па дури не ми ни вратија одговор зошто и како... Најголемите фирми во Македонија со кои индиректно исконтактиравме исто така не покажаа некој голем интерес, за 40 години константна и успешна музичка кариера“ - изјави меѓудругото Дарио кон крајот на минатото лето во своето интервју за „Репортер“ (КЛИКНИ ТУКА на 27:00 минута). “Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18-ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и Вип влезници по цена од 1.500 денари”, велат од Авалон продукција. Фото: Инстаграм притскрин/dariopankovski  ]]>

Дарио пред Нова Година наместо дупла вотка, сите ве чести со по една – „Ракија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-pred-nova-godina-namesto-dupla-votka-site-ve-chesti-so-po-edna-rakija-video/ Tue, 29 Nov 2022 10:57:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277740

Еден од ретките македонски музички ветерани од првата лига им нова песна. Дарио Панковски како по стариот добар обичај работи полека, натенане, ама кога нешто ќе сработи, нема шанси тоа да не го убоде таму каде што најмногу треба: И во  ушите и во душата и срцата на неговата публика. Секоја песна загарантиран хит, со речиси сигурен потенцијал со текот на годините да прерасне во евергрин. Иако неговите песни можеби за некого , особено за „новите клинци“ не се модерни, современи, во духот на времето, ама затоа се безвременски. Полни со страст, емоции, душа товаране со чувства кои не бледеат, туку само како живи рани притискаат вреќајќи ги мислите, што тоа направивме, каде згрешивме, можеше ли да биде поинаку... И во љубовта и во животот. Во нив среќата и тагата се испреплетуваат низ клопчето на животот, наизменично издигајќи го едното чувство над другото и обратно... Како црно и бело, како плус и минус, како почеток и крај, како студена бистра вода и одлежана лута ракија... Тоа е Дарио, а такава е и неговата најнова песна, токму така насловена „Ракија“, која доаѓа како мелем на рана, мал едноставен скромен подарок за неговата генерација, но и сите оние што имаат душа полна љубовна горчина, како лек пред Нова Година! Музички едноставна песна, навидм можеби многупати „веќе слушната“ и позната, а сепак одново допира, со стихови кои ги потикнуваат сетилата, правејќи срцето да затрепери, низ главата да ви минат илјада мисли и слики, а по кожата да ве полазат морници. Зашто нема некој од нас, кој срцето некому не му го подарил, а потоа останал со срце скршено, за кое единствена терапија е ракија! Музиката и стиховите се авторство на самиот Дарио, додека  аранжманот и продукцијата ги потишува вообичаено, неговиот стар музички соработник Кристијан Габроски. Како звучи кога Дарио пред Нова Година наместо со дупла вотка, сите ќе ве почести со по една „Ракија“, проследете од песната во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Искрено со Дарио: „Тажни ми се сеќавањата на детството, низ сè минував сам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/iskreno-so-dario-tazni-mi-se-sekjavanjata-na-detstvoto-niz-se-minuvav-sam-video/ Mon, 22 Aug 2022 06:12:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263577

Дарио Панковски 40 години е на музичката сцена. Зад себе има песни кои се хитови и евергрини до ден денес. Кариерата ја почна во 80-тите со групата Бон Тон, времиња за кои зборува со посебна љубов. 33 години е во брак со сопругата Бојана и има две деца. Летово посебно ќе го памети по венчавката на својата ќерка, за која вели дека му е слабост. „Венчавката беше во Охрид, затоа што тоа беше нивната желба, да се венчаат во црквата Св. Петка. Тоа беше убава романтична ноќ на вода, отмено и урбано. Јас не сакав ниту да сликам само за да можам засекогаш да го запаметам моментот. Сега се спремаат за свадба“, раскажува Дарио за Репортер“. За сите овие години, и кога бил во најголемата популарност, секогаш поддршка му е сопругата. Нивната љубов почнала како вели одамна, спонтано, во дискотеката „Турист“, каде тогаш музика пуштал Драган Б. Костиќ. „Бојана е од Врање и беше на студии тука. Порано се знаеше како се излегува, одиш прво во 5-6 кафулиња па на крај диско. Е меѓу тие кафулиња, стоиме на улица, тогаш на Булевар ЈНА и требаше да ја поминеме улицата за да одиме накај диско. И јас демек да не ја удри кола ја фатив за рака и ѝ реков нема бегање. И еве нè 33  години се држиме за рака“, искрен е Дарио. За времињата кога беа популарни со Бон Тон и идоли им биле „Дјуран Дјуран“ зборува со сто мераци. Тогаш се шатирале секој месец, шиеле облека, позајмувале од кај ќе стигнат, само за да личат на светските ѕвезди. „Абе жолти во главата бевме ко канаринци, носевме шалвари, тиркиз чизми, темни очила. Види, бевме различни, ама бевме авангарда во тоа време. Правевме сè за да личиме на светските фаци“, раскажува Детството е најтешкиот период од неговиот живот. Болни  времиња откако на осум години останал без мајка, па вели „Јас и немав детство. Песната 'Човек без спомени' е мојот живот“. Зошто не ја сакал песната „Дупла вотка“ за животот без родители, за бракот, семејство, зошто го затвори кафулето, времето кога работеше во Космофон и Окта, колку е висок и како седи во авион, имаат ли домашните проблем со неговата педантерија. Гледајте го интервјуто со Дарио: ]]>

Дарио Панковски: „Јас сум тој што ја кажува суровата вистина, работите не одат на добро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-panovski-jas-sum-toj-shto-ja-kazuva-surovata-vistina-rabotite-ne-odat-na-dobro-video/ Tue, 10 May 2022 05:53:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249647

Иако веројатно првата помисла на споменувањето на  пејачот Дарио Панковски е дека одамна се повлече од македонската музичка сцена сепак, тој и понатаму е активен на ова поле. Пејачот ретко медиумски се експонира, а во јавноста е присутен само тогаш кога има да пренесе важна порака со суштинско значење. Тој е еден од ретките македонски музички поп ветерани, познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Со таква намена беше и неговото гостување во естрадниот магазин „Бекстејџ“ по повод неговата најнова песна ,,Какви се овие времиња”. Дарио во интервјуто за ТВ магазинот од зад сцената посочи: ,„Јас сум тој што ја кажува вистината. Работите не одат на добро“. Целото интервју погледнете го во продолжение. ]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Дарио сака само – „Горе, горе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-saka-samo-gore-gore-audio/ Mon, 03 Jun 2019 09:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91078

Деновиве Дарио Панковски ја претстави својата нова песна насловена „Горе, горе“, спакувано во латино -поп ритам, со мал шмек на балкански фолк, е веројатно добар рецепт за вистински летен хит. Пејачот по обичај е самиот автор на музиката и стиховите , а напомош и овој пат го повика долгогодишниот соработник и колега Кристијан Габроски, кој го направи аранжманот, а во неговото студио песната и е снимена. „Кога имаш лош ден, немој да си тажен! Па не е последен, утре нè чека нов сончев ден“, почнува тој и порачува: „Секој ден е дар, живеј го како цар, не се предавај, во себе верувај и напред гледај“, „Животот е брод на море, малку доле, малку горе, а јас сакам само горе! Напред-назад, горе-доле, нема назад, нема доле! Секој сака да е горе, сите раце горе, горе!“
Засега останува само промоцијата на песната во радискиот етер и медиумите, а наскоро можеби и на видеото за истата, зашто би било штета да остане невизуелизирана. Уште при првото слушање, станува јасно дека „Горе, горе“ има потенцијал да биде уште една во низата песни што се паметат на Дарио, а во тоа можете се уверите и Вие, откако ќе ја преслушате во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=4fNsfNzY4EQ]]>

Дарио има нова песна за машала – „Inshallah“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ima-nova-pesna-za-mashala-inshallah-video/ Tue, 02 Apr 2019 09:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80656

Една од, сега веќе слободно можеме да кажеме, македонските поп легенди, пејачот и автор Дарио Панковски конечно има нова песна. Ако ги тргнеме на страна хрватските варијанти на „Што је моје то ќе доќи“ и „Жена за милијун година“, долго чекавме да се појави со нова песна на Македонски јазик. Дарио е еден од оние автори и изведувачи кои твори полека, но она што ќе го направи и испее останува за навека. Речиси секоја негова песна станува хит, а повеќето од нив остануваат евергрини. Едни од оние вечни, безвременски песни кои живеат низ времето и одново ги откриваат новите генерации.
Неможеме да тврдиме однапред дека и оваа, најновава насловена „Иншала“ (Inshallah) ќе ја има таа судбина, но затоа пак едно е сигурно: „Иншала“ е песна „за машала“! Подеднакво добра и музички квалитетна како и повеќето претходни, со предиспозиции да биде многу вртена на македонските радиостаници, а ако остане на договорот со „Кроација рекордс“ за нив да снима албум и на Хрватски јазик, песната може да се најде и на листингот на тоа ЦД.
Како и да е,  Дарио уште еднаш ја преточил сета своја емоција во ноти, спојувајќи ги духот на Медитеранот со шмекот на Ориентот, а лириката на душата ја напишал во стихови, како сам свој мајстор (композитор и текстописец) и во новата негова песна. Аранжманот го потпишува уште еден проверен музички ветеран од старата гарда, Кристијан Габроски во чије студио и е снимена, додека за едноставното лирик видео се погрижил синот на Дарио, Бруно Панковски.
Слушнете како звучи „Иншала“ на Дарио, читајќи ги стиховите од нејзиното лирик видео во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=WUUCfGfXB-0]]>