дарио јанковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарио јанковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарио со нова љубовна приказна ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата со својата – „Молитва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nova-lubovna-prikazna-ke-vi-gi-nasolzi-ochite-i-raznezhni-dushata-so-svojata-molitva-video/ Fri, 03 Nov 2023 10:03:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325260

Дарио Панковски по серијата успешни концерти има нова песна... И тоа онаква, во негов, препознатлив латино стил, певлива и емотивна, која допира до сите сетила. Не бегајќи од она по што најмногу го препознаваат и оваа негова нова љубовна приказна  ќе ви ги насолзи очите и разнежни душата, зашто „Молитва“ е нешто што не е фикција, туку песна која кореспондира со секојдневието, со реалноста. Затоа и нема човек кој нема да се препознае себеси или некој свој близок, можеби познат  во неа, кој не ја доживеал истата или барем слична судбина. Најголемата љубов од разни причини да не му биде остварена, но никогаш да не ја  загуби вербата во неа. Зашто вистинската љубов, порано или подоцна, го наоѓа патот до срцето. Впрочем Дарио открива дека песната ја напишал според вистинска љубовна приказна. „И самиот текст  е приказна за една искрена, безусловна и безвременска љубов, што, патем речено, е неверојатна вистинска приказна од овие простори, каде што човек минува половина живот чекајќи ја својата дамнешна љубов во ера без мобилни телефони, компјутери, камери и интернет и ја дочекува. Со еден збор, фасцинантно“, изјави кантавторот. Дарио како и досега е самиот е автор на музиката и стиховите, а аранжманот е на неговиот речиси постојан соработник, Кристијан Габровски во чие студио и песната е снимена. „Според првичните реакции на публиката, тоа се покажа како оправдана и вистинска одлука. Идејата беше да го донесам повторно овој звук во македонската музика, кој, патем речено, не сум го слушнал на нашата сцена во изминатиов период, но уште повеќе поради тоа што латино музиката е музика на љубовта, романтиката и сензуалноста. Токму ова ни е потребно сега повеќе од кога било, во ова ‘студено‘ време на материјализам, бескрупулозност и вештачка интелегенција“, ќе изјави поп пејачот за еден од македонските медиуми. Комплетен автор на видеото е познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој  успеал во своите кадри верно да ја долови оваа животна приказна во само три и пол минути. Сликата апсолутно кореспондира со стиховите правејќи своевиден микс од аудиовизуелна љубовна сторија, која никого не остава рамнодушен. Напротив, во неа лежи таква бура од емоции, што ќе ве наежи! Главните ликови во видеото ги играат професорката Тања Алексиќ и Марјан Бранко, а ликовите од детството се Матеа Јовановска и Никола Кузманоски. Спотот е во продукција на  „Генерал филм студио“, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во видеото за „Молитва“. ]]>

Коки Јанков има да ви каже еден – „Муабет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-ima-da-vi-kazhe-eden-muabet-video/ Fri, 10 Mar 2023 12:02:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292806

После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар, виолинистот  Коки Јанков, некогаш член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“. На социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“. Станува збор за музичка тема на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму самиот Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски - Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ. „Се надевам дека ќе и се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота... Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ - вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже: „Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“  - накусо искоментира познатиот музичар. Доколку сте љубопитни да ја слушнете песната и погледнете спотот, КЛИКНЕТЕ ТУКА и  уживајте во музичкиот „Муабет“ со Коки: ]]>

Нашата мисица и модел Ана Марија Јанковиќ влезе во топ 3 на изборот за „Miss Movie Star“ во Кан и стана „Мис Туризам 2022“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-misica-i-model-ana-marija-jankovikj-vleze-vo-top-3-na-izborot-za-miss-movie-star-vo-kan-i-stana-mis-turizam-2022-foto-video/ Fri, 27 May 2022 06:56:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252053

Дваесетгодишната македонска манекенка, модел и мисица Ана Марија Јанковиќ, учествуваше на изорот за  „Miss Movie Star“ кој се одржува во Кан и влезе во топ 3  на изборот, при тоа освојувајќи ја и титулата за „Мис Туризам 2022“.  Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет - сет. Организатор на овој престижен настан беше  најпознатиот моден ТВ канал, познатиот „Fashion Tv“. На изборот присуствувале и голем број познати личности од светот на филмската уметност и модата, а нашата претставничка блесна на црвениот тепих во моделите што ги носеше на преставувањето.
Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА). Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на  нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ.  Во Македонија снимила неколку реклами и рекламно-модни едиторијали  заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше во рамкоте на неговата „Генерал продукција“.  Ана Марија  е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд  Guess. ]]>

Македонската „Ѕвезда на Гранд“, Марија Груевска „гори целата“ од љубов, страст и возбуда во – „Горим сва“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-dzvezda-na-grand-marija-gruevska-gori-celata-od-ljubov-strast-i-vozbuda-vo-gorim-sva-video/ Fri, 14 Jan 2022 10:31:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234913

Марија Груевска  уште при нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“, со своите шокантно-екстравагантни стајлинзи и чудни изведби ја освојуваше публиката но и членовите на жирито. Ќерката на попот како „контроверзна калуѓерка“  или „блудна ѓаволица“ со албино питон околу вратот и ставата, ова битолчанка секогаш умееше одново да ја фасцинира јавноста со својата нова егоцентрична појава и необична музичка изведба. Откако регионот ја запозна, сега дојде време по се изгледа таа полека да почне да го освојува и со сопствена музика, па Марија деновиве конечно, ја објави и нејзината песна, која заедно со видеозаписот за истата повторно ја разбранува јавноста. „Горам целата“ (Горим сва) е насловот на нејзината нова песна, испеана на српски јазик, направена по теркот на „Сантана“ , во латино поп манир. Музиката ја потпишува Зоран Грујовски, додека текстот го напишал нејзиниот татко Душко Груевски, а нејзината  колешка Зорја Пајиќ, исто така поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, ги испеала придружните вокаливо песната за едно со авторот на музиката. Песната е снимена во  Тhe Backyard Studio, во Хамбург, Германија. Марија не би била тоа по што ја паметиме, да не ја следат нови контроверзи, овој пат проткаени во мошне провокативните, а на моменти дури и бизарни кадри од спотот со кој е визуелизирана песната.   Во „скокотливите“ разголени страсни сцени на пејачката партнер и е всушност нејзиниот партнер и вереник во приватниот живот Синиша Стојаноски. Додека сценариото за видеото го напишал, верувале или не, нодново нејзиниот татко, отецот Душко. Видеоспотот пак го потпишува проверениот мајстор, познатиот македонски режисер  на видеоспотови и уметнички фотограф Дарио Јанковиќ и неговата „Генерал филм студио“ видеопродукција. Како изгледа кога Марија „гори целата“ од љубов, страст и возбуда, погледните во видеото во продолжение: ]]>

Агни Авшар во потрага по смислата на животот во – „Сознавам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agni-avshar-vo-potraga-po-smislata-na-zivotot-vo-soznavam-video/ Tue, 12 Oct 2021 12:40:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222609

Македонската музичка сцена има  потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати  да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас се' уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни. Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така. Таа вчера, понеделник 11октомври 2021 г. преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“. Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. Ако баравте квалитетна, а поразлична музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар. Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година. „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе“ - вели прекрасната Агни. Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи - DJ Talamasca. ]]>

Сефедин Бајрамов го врати мирисот на старите шансони и шлагери со – „Може ли“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-go-vrati-mirisot-na-starite-shansoni-i-shlageri-so-moze-li-video/ Tue, 13 Jul 2021 13:02:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210943

Легендата на македонската забавна музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов откако кон крајот на 2020 година  ја промовираше својата песна „Животот и јас“, одново се враќа на естрадната сцена со нов проект. Овој пат неговата нова песна носи наслов „Може ли“ и како и претходната обилува со препознатливи шлагерски ноти, а според амбиентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и почетокот 80-ите години на минатиот век. Познатиот битолски шансониер небега од својот препознатлив стил, музика која царуваше во времето кога тој и неговата генерација беа млади и растеа со неа, па така и сега во своите зрели години кога одвреме-навреме се враќа во музичките води, го негува музичкиот стил на својата генерација, која веројатно ќе биде и главен конзумент на неговите нови песни како што е оваа прекрасна шансона.   Музиката овој пат ја напишал неговиот сограѓанин, композиторот Миодраг Нечак, стиховите се повторно на Валентин Соклевски, додека за аранжманот бил задолжен Дамир Имери. Аудио продукцијата и овој пат му е доверена  на Љупчо Павловски, а песната како и минатата е снимена во музичкото студио „Анастасиија“. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман нанеколку локации во преубавите предели на Пелистер и Охридското езеро, а спотот и овој пат е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ и неговата „Генерал“ видеопродукција. „Мора да ја споменам и  да и  се заблагодарам на Мартина Давидовска, фото модел, девојка која е позната на модните писти во земјава и странство, која е главниот женски лик во видеото. Се надевам дека ова мое ново стварување ќе го најде патот до мојата сакана публика и пошироко и ќе допре до срцата на они кои со нетрпение ја чекаат промоцијата на оваа неколку месеци најавувана песна, а сакам само малку да откријам дека веќе започнаа работите околу промоцијата на новата песна и спот, а тоа ќе биде нешто ново кај нас, но за тоа потоа. Промоцијата ќе биде по модерните текови на организација на промоции од ваков тип, а како и претходната промоција ќе биде настан за паметење во Битола, вели популарниот Сефко за “Битола њуз“, а вие проследете ги и песната и видеото на македонската пејачка легенда. ]]>

Сања Барбика порачува: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“… во – „Ковид и секс“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-porachuva-ne-ignoriraj-me-dezinficiraj-me-vo-kovid-i-seks-video/ Tue, 15 Jun 2021 12:26:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207099

После само два дена од објавувањето на видеото за темата „Ковид и секс“ на Сања Цинцева – Барбика коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Стиховите: „Не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс...може да е опасно ковид и секс!“ предизвикаа лавина од полемики и  коментари, а пејачката вели дека најваѓно е да се збори. Сања вели дека токму тоа и била и првичната цел и намера кога почнала да ја работи песната. „Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри убавата струмичка барбика која отсекогаш знаела како да ја заинтигрира јавноста. „Ковид и секс“ ја потпишуваат Дејан Момировски и Борче Нечовски, за спотот беше задолжен Дарио Јанковиќ, додека докторот во кадрите од видеото кој ја „дезинфицира“ струмичкат а барбика е манекенот Димче Димчевски. „Видеото е шарено, динамично, кореспондира со стиховите кои ги пеам. Песната е летна, певлива, влегува во уво на прво слушање“, додаде Сања која веќе има целосна закажана агенда на настапи за ова лето. „Полека се се’ враќа во нормала, јас запеав за ковид и „магично“ почна да го снемува“, се пошегува атрактивната пејачка. Видеото за „Ковид и секс“ можете да го погледнете во продолжение: ]]>

Сања Цинцева – Барбика своите сексуални маки за време на пандемијата ги преточи во песна и видео: Инспирирана или душа напатена, апстинирана во… „Ковид и секс“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-cinceva-barbika-svoite-seksualni-maki-za-vreme-na-pandemijata-gi-pretochi-vo-pesna-i-video-inspirirana-ili-dusha-napatena-apstinirana-vo-kovid-i-seks-foto/ Sat, 29 May 2021 07:14:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204725

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика деновиве беше одново активна. Имено, атрактивната струмичанка го приврши снимањето на  видеото за новата песна која што носи интересен наслов – „Ковид и секс“. Приказната во рефренот е автобиографска на самата Сања, а идејата ја добила изминатава година додека траеше пандемијата со коронавирусот. Инспирирана или душа напатена апстинирана, ќе дознаете наскоро, штом песната и видеото ќе бидат промовирани во јавноста. Судејќи според насловот, а и познавајќи ја фолкерката, онака млада, стројна, сексапилна, згодна, неопходна... ќе да се во прашање „сексуални маки големи“, како во ковид епидемија, без секс? Или можеби се работи за нешто друго, што само асоцира на насловот на песната? „Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за „Ковид и секс“. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, - едвај нешто малку открива сексапилната Сања. Инаку, песната ја реализирале Борче Нечовски и Дејан Момировски, двоецот кој што ги потпишува сите големи хитови на пејачката. Кадрите за видеото веќе се снимени, зад режисерската палка стои Дарио Јанковиќ, а во улога на доктор во спотот се појавува манекенот Димче Димчевски. Последно нешто што слушнавме од Сања беше темата на српски јазик „Доказ“, а големо внимание привлече и видеото за „Барбика кралица“, дуетската песна која што ја сними со кралот на трубата – Џамбо Агушев, но „Ковид и секс“ е очигледно нешто сосема друго.   Кој  „ја боцна“ Барбика и со каква „вакцина“, ќе дознаете во блиска иднина!?    ]]>

Јоце Панов во кафеанско – тамбурашки елемент под светлата на – „Мојот град“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/joce-panov-vo-kafeansko-tamburashki-element-pod-svetlata-na-mojot-grad-video/ Mon, 18 Jan 2021 12:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185690

Одбележувањето на новогодишните и постновогодишните празници дополнително го надополни  новата песна на Јоце Панов насловена „Мојот град“, која има и српска верзија под името: „Светла мог града“. Ова е вистинска мелем увертира за самиот почеток на Новата 2021 година, во која се поставуваат големи надежи и големи желби за посреќна и поубава иднина на целото човештво, а се чини дека Јоце тоа го пренел на најживописен начин преку песната и видеото. кои за момен ќе ве телепортираат во боемската оаза - меаната, каде што радоста на постоењето се одвива на најживописен начин, а тоа е песната, друштвото, копнежот и љубовта. Таму луѓето пеат, се радуваат, понекогаш тагуваат, наздравуваат и конечно плачат. Режисерот Дарио Јанковиќ многу успешно ја пресликал таверната и сиот мерак и севда што ги носи со себе, а ликовите што Јоце Панов ги поставил во своето видео дополнително ја збогатуваат песната и и даваат боемски шарм. Интересно е што оваа хит-песна е напишана од Емир Мекиќ, кој е братучед на некогаш популарниот пејач и текстописец, Елвир Мекиќ, така што оригиналот е напишан всушност за српската верзија, а потоа  Јоце Панов се погрижил да го преработи текстот на Македонски јазик. Песната аранжмански ја обликувал познатиот хармоникаш Мишел Трајковски. Песната ги милува сетилата,  ги отвора жилите на душата и  предизвикува наплив на емоции. Нејзиниот мелоритмички набој ве освојува при првото слушање, а двојазичните верзии докажуваат дека добрата песна нема јазична бариера. „Оваа песна ја имам повеќе од 4 години и цело време размислував кога да ја издадам, на кој начин, со каков аранжман, во кој жанр. На крајот, решив да биде ваква, во боемски стил на тамбура, и мислам дека го направив вистинскиот избор за оваа песна. Песната во оригинал на српски јазик ми ја даде Емир Мекиќ, а јас го напишав македонскиот текст. Аранжманот го направивме јас и маестро Мишел Трајковски, а ја снимавме во студиото „Анастасија“ со Љупчо Павловски.  Дарио Јанковиќ прави ремек-дело од самото место. Инаку, јас секогаш снимам на два јазика, речиси сите мои песни се во две верзии на македонски и српски јазик, бидејќи мојата издавачка куќа во Србија е „Сити рекордс“ и тие ги издаваат моите песни и албуми веќе 10 години. Спотот го снимивме во скопската гостилница „Мерак“, бидејќи според мене го има најдобриот амбиент што ни беше потребен. Снимајќи  во пандемија, снимавме според протоколите на СЗО и затоа имавме само 4 маси со две, три или четири лица на нив. Сите во видеото се мои лични пријатели, мнешу кои има и познати ТВ лица како водителката Ирена Спировска  и ние намерно ја избравме секоја маса да има своја приказна, да фатиме момент на елеганција и софистицираност, како што е улогата на главната девојка со ракавици, капа и елегантен стил. Потоа добивме чувство на љубов, од двојка кој тој ужива во звуците на тамбурата со вино, а ние го доловивме и тој боемски тавернски момент со другите маси и друштва. Многу ми е драго што прифатија да бидат дел од ова видео, бидејќи сите овие луѓе се познати и видливи во своите професии, како и во скопскиот боемски живот. Мислам дека имаме прекрасна песна, со многу искрена љубов и емоции, која и ја подарувам на публиката за убав почеток на оваа година” - раскажа Јоце панов во изјавата за Свет - Австралија. https://www.youtube.com/watch?v=3z3ki-e5mP0&feature=emb_logo]]>

Александра Накова во жешка предновогодишна фотосесија: Гламурозна пасторала од телесен раскош и убавина (ФОТО + ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-vo-zeshka-prednovogodishna-fotosesija-glamurozna-pastorala-od-telesen-raskosh-i-ubavina-foto-video/ Sun, 27 Dec 2020 08:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64514

Секогаш кога ќе се спомне нејзиното име се крева прашина.  Нејзините видеа и фотографии се едни од најпрегледуваните на социјаолните мрежи или Јутјуб.
Млада, убава, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна... едноставно - неодолива. Таква е една од најубавите модели и жени воопшто во Македонија,атрактивната гевгеличанка Александра Накова.
За миг се повлече од сцената, се омажи, стана мајка на ќеркичката Леа, па набргу се разведе и... се врати! И во јавниот живот и на сцената!
Нејзините приватни фотографии од личните профили многу често ги преплавуваат социјалните мрежи и порталите.
Но, овој пат Александра Накова реши да направи чекор повеќе, односно повторно да застане пред фотообјективот и камерата на познатиот уметнички фотограф и видеорежисер Дарио Јанковиќ и за потребите на содржините на најгледаниот забавен ТВ магазин „Бекстејџ“ да направи уште една „жешка“ фотосесија... Ама и да ја „отвори душата“!
Предновогодишна гламурозна пасторала од телесен раскош и убавина, распослани бујни атрибути, предизвикувачки пози и тетоважи... И секако: нејзината животна приказна во последниве 4-5 години.
Погледнете го прилогот во видеото и со очи ширум отворени уживајте во „најжешката“ македонска бабамразица... https://www.youtube.com/watch?v=3r-cfAr_eG0&t=182s]]>