дарежлива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Jun 2023 08:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дарежлива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Гавазова дели подароци преку Инстаграм, а во пораки навала кој да биде добитникот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-deli-podarotsi-preku-instagram-a-vo-poraki-navala-koj-da-bide-dobitnikot-foto/ Fri, 09 Jun 2023 07:30:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305557

Пејачките, собено ние кои имаат секојдневни настапи, турнеи, снимања или едноставно кажано се турбо активни во својата работа, земаат дебели хонорари ама и трошат доста на гардероба. Фолкерката Сузана Гавазова е една од нив, па дури и да не е пред публика или камери, таа пред следбениците на социјалните мрежи, редовно е во нов стајлинг, така што ретко кога сме ја виделе во нешто исто кое го носела двапати, а камоли повеќе од тоа. Па така, оттука разбирливо е дека гардероберот е огромен и преполн со се’ и сешто, особено свечени фустани.   Нејзиниот стилски печат граничи меѓу елеганција и провокација, така што поголемиот број фустани во кои ја гледаме се одраз на нејзиниот стил кој го негува со години. Гавазова е во редовна комуникација со фановите и следбениците, па сега сакаше да направи една поинаква интеракција, односно се реши да направи место во гардероберот и да подари два свечени фустани. Имено станува збор за два модели на црна и црвена тоалета кои таа ги носеше на неодамнешната турнеја во Австралија. -Драги дами, ги подарувам овие два фустани што ги носев на мојата незаборавна турнеја во Австралија. Пишете ми!- напиша таа во описот на фотографијата од двата фустани. Со оглед на тоа дека има многу дами кои се нејзини обожавателки, не се сомневаме дека во сандачето за пораки имало навала која да биде добитничката. Гавазова ослободи прпстор во гардеробата, а доби многу повеќе симпатии од следбиците и нејзините фанови. фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Гавазова]]>