данска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Jun 2023 12:07:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png данска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера https://arhiva.vistina.com.mk/kajmak-vecherva-ke-ja-dozhivee-danskata-premiera/ Mon, 19 Jun 2023 12:07:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306816

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж). Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн. Светскиот продажен агент, Левел К од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите… „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. извор:курир.мк]]>

„Мојот брак е на „стендбај“, тој живее во Данска, јас сум тука“: Инди откри зошто ги избриша сите фотографии и го врати моминското презиме (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mojot-brak-e-na-stendbaj-toj-zhivee-vo-danska-jas-sum-tuka-indi-otkri-zoshto-gi-izbrisha-site-fotografii-i-go-vrati-mominskoto-prezime-foto/ Wed, 08 Feb 2023 11:36:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287974

Пред четири месеци пејачката Индира Арадиновиќ Инди стапна  на „лудиот  камен“ со нејзиниот избраник од Данска. Меѓутоа, таа неодамна се врати во Србија, а потоа ги избриша сите заеднички фотографии со партнерот. Таа дури и го тргнала презимето на сопругот Ѓурѓевиќ од социјалните мрежи и го врати моминското презиме. Како гостин во шоуто Амиџи, таа за прв пат одговараше на прашања за нејзината ненадејна и тајна венчавка, за краткотрајниот живот во Данска и сега за шпекулациите за нејзиниот развод. - „Мојот брак во моментов е на „стендбај“. Тој е во Данска, живее и работи таму, јас сум тука, па ќе видиме... Ако функционира, ќе функционира, а ако не, Боже мој. Пробав, видов, не чини и тоа е тоа - изјави Инди, насмеајќи ги сите во студиото. На прашањето на Огњен Амиџиќ зошто ги избришала сите фотографии од Инстаграм, таа даде неочекуван одговор. - Се скаравме, многу ме изнервира и решив се да избришам. Го вратив презимето затоа што сите ме знаат како Инди Арадиновиќ, а не како Ѓурѓевиќ, иако во документите сум Ѓурѓевиќ. Сепак – рече низ смеа, оставајќи ја оваа тема недовршена. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб Амиџи Шоу]]>

По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>

Дали знаете дека емпатијата е училиштен предмет во Данска? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-deka-empatijata-e-uchilishten-predmet-vo-danska/ Tue, 10 Nov 2020 13:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175431

Од 1993 година во Данска задолжителен предмет во училиштата е емпатијата. Можеби тоа е причината зошто во извештајот на ОН од пред неколку години оваа земја е прогласена за една од најсреќните во целиот свет. Постојат многу причини зошто Данска воведе емпатија во училиштата. Докажано е дека емпатијата помага во градење подобри односи, го намалува бројот на врсничко малтретирање меѓу учениците и помага во работата. Емпатичните тинејџери се многу понасочени кон задачи и цели наспроти тинејџерите што немаат развиена емпатија. Со оглед на тоа дека целото школување во Данска е многу прогресивно и ориентирано на развој на животни вештини, не е чудно што овој предмет се најде во училиштата. Еден час неделно е посветен на лекции за емпатија, а предметот го изучуваат деца на возраст од 6 до 16 години.   Во текот на часовите учениците разговараат за своите проблеми, без оглед дали се поврзани со училиште или не. Потоа целиот клас бара решенија. Основата на решенијата е во внимателното слушање и разбирање. Доколку се случи да не постојат проблеми за кои може да се разговара, учениците можат да поминат време уживајќи и одмарајќи се. Тоа е нешто што Данците го нарекуваат „хиге“, а за кое во нашиот јазик нема соодветен превод. Едноставно објаснето, хиге претставува создавање пријатна, топла и интимна атмосфера. Тимската работа е клучот во изучување на емпатијата. Резултатите од истражувањата покажуваат дека 60 отсто од задачите во данските училишта се извршени со помош на тимска работа. Не се истакнуваат поединци, туку се работи на тоа да им се помогне на помалку талентираните деца на кои им треба помош. Со заедничко учење децата можат да научат многу повеќе работи отколку кога се натпреваруваат меѓу себе за подобри оценки и поголемо внимание. Нашето образование не е ни блиску до данското и сигурно дека наскоро нема да имаме можност нашите деца да учат вакви важни работи, но се надеваме дека со оваа приказна инспириравме самостојно, во семејството, да посветите време на данскиот начин на воспитување и грижа. Вашите деца ќе ви бидат благодарни и полесно ќе се соочат со сето она што ќе им го донесе животот во иднина. Извор]]>

„Изброј ги ѕвездите“ – приказна за Анемари, мало еврејско девојче од Данска во времето на холокаустот https://arhiva.vistina.com.mk/izbroj-gi-dzvezdite-prikazna-za-anemari-malo-evrejsko-devojche-od-danska-vo-vremeto-na-holokaustot/ Wed, 15 Jul 2020 09:48:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158923

„Приказната за Анемари, мало еврејско девојче од Данска во времето на холокаустот, која е раскажана во романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска, а воедно е само една трогателна сторија која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои беа убиени во Втората светска војна.“ Ова го истакна Жаклина Мучева, раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, на вчерашното излагање на онлајн промоцијата на книгата чиј автор е Лоис Лаури. „Изброј ги ѕвездите“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија . На промоцијата зборуваа: Мучева, уредникот на „Изброј ги ѕвездите“, Бисера Бендевска, додека младата Мартина Атанасова прочита два извадока од делото. Дејството во романот го води 10-годишната Анемари Јохансен која со своите родители и помалата сестра живее во Копенхаген во екот на Втората светска војна. „Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска (речиси седум илјади луѓе). Приказната во „Изброј ги ѕвездите“ е преземена од вистински настани. Во воведот, авторката и јавно ѝ се заблагодарува на својата другарка од Данска, која ѝ ги пренела нејзините спомени од детството во Копенхаген во 1943 година и станала модел за ликот на 10-годишната Анемари Јохансен.]]>

Супермаркет во Данска смислил како да им стави крај на алчните купувачи https://arhiva.vistina.com.mk/supermarket-vo-danska-smislil-kako-da-im-stavi-kraj-na-alchnite-kupuvachi/ Mon, 23 Mar 2020 11:44:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141005

Во последните неколку недели во паника се празат полиците од маркетите, а многумина на интернет ги осудуваат луѓето кои панично прават залихи на основни намирници и средства за дезинфекција. Но, еден супермаркет во Данска одлучил да им стави крај на алчните купувачи и смислил како да ги ограничи во купувањето на средства за дезинфекција на раце. На социјалните мрежи започна да се споделува фотографија на која покрај средствата за дезинфекција е наведена и нивната цена – едно средство изнесува 5,50 евра, но доколку купите повеќе парчиња, цената изнесува околу 134 евра по шише. Многу корисници на Твитер го пофалиле овој едноставен, но ефективен потег.]]>