данок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Nov 2023 11:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png данок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шакира се спогоди со обвинителството и избегна тригодишна затворска казна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-se-spogodi-so-obvinitelstvoto-i-izbegna-trigodishna-zatvorska-kazna-foto/ Tue, 21 Nov 2023 11:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327906

Пејачката Шакира се договори со обвинителите во понеделникот, избегнувајќи судење во Барселона под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра данок на приход во Шпанија во периодот од 2012 до 2014 година. Како дел од спогодбата, таа го прифати обвинението и се согласила да плати 50 отсто од наводниот долг, што е околу 7,3 милиони евра. Се согласи и да плати парична казна од 438.000 евра за да избегне тригодишна затворска казна, рече судијата за време на сослушувањето. „Дали го прифаќате тоа и дали се согласувате со бараните казни?“, праша судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез. „Да“, одговори Шакира, пренесуваат шпанските медиуми. „Спогодбата ја направив во интерес на моите деца. Не сакав тие да ја гледаат нивната мајка како си го жртвува здравјето во оваа борба“, изјави Шакира, која сега живее во Мајами. Облечена во розов костум, усогласен со розова чанта и очила за сонце, таа пристигна неколку минути пред 10 часот во придружба на своите адвокати, додека голем број медиуми чекаа пред судот во Барселона. Во четвртокот вечерта Шакира освои две музички награди Латино Греми во Севиља, град на југот на Шпанија. Претходно пејачката, позната по песната „Hips Don’t Lie“ (Колковите не лажат), најави борба против, како што рече, лажните обвинувања. Обвинителството побара затворска казна до осум години и враќање на даноците што тврди дека ги должи. Според обвинителството, Шакира поминува повеќе од половина од годината во Шпанија, па таму требало да плати данок. Исто така, се вели дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како семеен дом. Во текот на годината, глобалната ѕвезда одржува бројни концерти низ светот, поминувајќи многу време во странство, а претходно во нејзината одбрана било наведено дека приходите ги заработува таму, како и многу светски уметници, а не во Барселона. Шакира живееше 11 години со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација Жерар Пике, а двојката има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разделбата се пресели во Мајами. Шпанските даночни власти гонеа и други познати личности под обвинение за затајување данок, меѓу кои хрватскиот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ, неговиот поранешен соиграч од Португалија, Кристијано Роналдо и најдобриот светски играч, Аргентинецот Лионел Меси, кој тогаш играше за Барселона. Обвинети за основање фиктивни компании во ткн „даночни раеви“ или земји со ниски даноци за да избегнат плаќање даноци во Шпанија, сите се изјаснија за виновни, го платија потребниот износ на даноците и платија казни. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и сегашен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, пак, одби да се спогоди и на крајот на суд го доби спорот против шпанската даночна управа. Врховниот суд на Шпанија минатиот месец ја потврди ослободителната пресуда за него. фото:EPA/Getty Images]]>

За Шакира почнува тешка судска битка: Обвинета e дека не платила 14,5 милиони евра данок https://arhiva.vistina.com.mk/za-shakira-pochnuva-teshka-sudska-bitka-obvineta-e-deka-ne-platila-14-5-milioni-evra-danok/ Mon, 20 Nov 2023 11:24:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327684

Шакира ќе оди на судење во Барселона под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра шпански данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година. Пејачката претходно најави дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања. Шакира тврди дека го платила она што даночната управа кажала дека го должи пред да ја поднесе тужбата и инсистира дека во тој период не живеела во Шпанија, бидејќи како што вели нејзината работа ја довела до „номадски живот“. Таа ја отфрли спогодбата на обвинителството за затворање на случајот и се очекува да сведочи во понеделник на првото од 12-те рочишта закажани до 14 декември. Обвинителството бара казна затвор до осум години за Шакира и враќање на даноците што таа наводно ги должи. Во обвинението се наведува дека Шакира престојувала во Шпанија повеќе од половина од секоја година за време на инкриминираниот период. Исто така, се нагласува дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како нејзин семеен дом. Шакира живееше со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Шпанија, Жерар Пике години и парот има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разделбата со поранешниот партнер се пресели во Мајами. На Шакира ќе и суди судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез, а во текот на постапката ќе бидат слушнати повеќе од 100 сведоштва. Шпанските власти гонеа други познати личности за затајување данок, вклучувајќи фудбалери како Португалецот Кристијано Роналдо, Аргентинецот Лионел Меси и бразилско-шпанскиот играч Диего Коста. Во сите три случаи фудбалерите платиле големи казни. Сепак, шпанскиот Врховен суд минатиот месец ја потврди ослободителната пресуда за тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, кој исто така беше обвинет за затајување данок. Алонсо ја отфрли спогодбата и на крајот го доби судењето. фотоInstagram printscreen Shakira/nicolasgerardin]]>

Нејзината мајка влезе во затвор наместо неа, а таа се венчаше со пријател на татка си: Бар Рафаели поради долг кон државата доживеа тешки денови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinata-majka-vleze-vo-zatvor-namesto-nea-a-taa-se-venchashe-so-prijatel-na-tatka-si-bar-rafaeli-poradi-dolg-kon-drzhavata-dozhivea-teshki-denovi-foto/ Tue, 06 Jun 2023 07:04:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305011

Бар Рафаели е манекенка, телевизиска водителка, актерка и претприемач. Се смета дека спаѓа меѓу најуспешните манекенки од Израел. Таа се појавила на насловната страница на изданието „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 2009 година, а исто така и во „Maxim“ во 2019 година. За два дена, на 4 јуни оваа жена ќе наполни 38 години, а изгледа барем една деценија помладо. За тоа покрај одличната генетика заслужни се и редовните тренинзи, но и здравата исхрана. Со оглед на тоа што е мајка на две деца, таа изгледа навистина феноменално. Како телевизиски водител, Рафаели била домаќин на шоуто „The Ks Factor Israel“ во 2013 година, а и ко-домаќин на натпреварот за Песна на Евровизија во Тел Авив во 2019 година. Како резултат на нејзините манекенски и инвестициски кариери, нејзината нето вредност е проценета на 20 милиони американски долари во 2015 година. Таа била најплатениот модел во Израел според „Forbes“ во 2013 година. Судот ѝ наредил да плати сума од осум милиони долари долг од 2009 и 2010 година поради неплаќање данок. Нејзините адвокати ја бранеле тврдејќи дека речиси цело време била во Америка и дека живеела со тогашното момче Леонардо ди Каприо, но докажано било дека поминала повеќе од 150 денови годишно во Израел. Сепак, на крај нејзината лага била откриена. Манекенката платила казна, а наместо неа во затвор отишла нејзината мајка. Таа била осудена на 16 месеци затвор и 2,5 милиони долари парична казна и плаќање на заостанати даноци. Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ од 2015 година е во брак со претприемачот Ади Езра (46) којшто е по потекло од Израел, исто како и таа. Сопружниците ги имаат ќерките Лив и Ела и синот Давид. На многумина им е позната и по тоа што четири години била во врска со Леонардо ди Каприо. Бар Рафаели предизвикала контроверзни мислења кога одбегнала да ги отслужи двете години задолжителен воен рок така што се венчала за пријател на нејзиниот татко, а потоа се развела од него. Инаку, мажените жени и трудниците се ослободени од отслужување на воениот рок во Израел. фото:Инстаграм принтскрин/Бар Рафаели]]>

Шакира ќе оди на суд, а доколку биде прогласена за виновна, затворската ќелија не и бега (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-kje-odi-na-sud-a-dokolku-bide-proglasena-za-vinovna-nema-da-ja-izgubi-zatvorskata-kjelija-foto/ Wed, 28 Sep 2022 07:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268953

Шпански судија вчера го одобри судењето на колумбиската пејачка Шакира (45), обвинета за затајување данок, пренесува АП. Добитничката на престижната награда „Греми“ е обвинета дека во 2018 година не платила данок од 14,5 милиони евра на заработката што ја заработила од 2012 до 2014 година, а судот во таа земја вчера донесе одлука дека светски популарната пејачка сепак ќе мора да плати одбрана за даночно затајување. Доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до осум години и голема парична казна. Пејачката претходно ги отфрли обвинувањата и предложената спогодба со обвинителството, одлучувајќи се за судски процес, а фирмата за односи со јавност што ја застапува соопшти дека веќе платила сè што должи, како и дополнителни три милиони евра камата според АП. Датумот за почеток на судењето сè уште не е одреден, а исходот се очекува да зависи од тоа каде живеела Шакира во тој период. Иако нејзината официјална резиденција е на Бахамите, обвинителите во Барселона тврдат дека таа поминала повеќе од половина од тоа време во Шпанија и требало да плати данок во таа земја. Шакира се поврзува со Шпанија откако беше во врска со фудбалерот Жерар Пике. Двојката живееше во Барселона со своите две деца, но неодамна стави крај на единаесетгодишната врска. За потсетување, Шпанија се справи и со фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо поради неплаќање даноци во изминатата деценија. Двајцата играчи беа прогласени за виновни, а затворските казни им беа укинати со образложение дека за прв пат го сториле прекршокот. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Шакира]]>

На Раде Шербеџија и сопругата им се закнува затвор во Америка! https://arhiva.vistina.com.mk/na-rade-sherbedzija-i-soprugata-im-se-zaknuva-zatvor-vo-amerika/ Thu, 29 Oct 2020 10:24:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173662

Популарниот актер секогаш тврдеше дека се вратил од Америка затоа што го мачела носталгијата. Еден од најпопуларните актери на поранешна Југославија, Раде Шербеџија (74) со својата втора сопруга Ленка живееле во Лос Анџелес, каде купиле куќа за нешто повеќе од милион долари. Раде и неговата сопруга ја купиле куќата на кредит во јули 2004 година и ја продале шест години подоцна, пред да се вратат во Хрватска. Иако сите овие години се чинеше дека актерот и неговото семејство живеат вистински американски сон на Далечниот Запад, не било баш така, бидејќи Шербеџија и неговата сопруга наводно се мачеле со американски кредити. Американскиот сон за повеќето иселеници е вистински кошмар затоа што бара многу работа, а сè што е во сопственост е поврзано со кредитни обврски, каматни стапки и даноци. Шербеџија и неговата сопруга наводно го имаат истиот проблем, па во Лос Анџелес имаат активни даночни долгови. Во официјалните регистри, можете да се види дека Раде и Ленка поради недвижен имот се задолжиле од неколку банки: Вашингтон заемна банка, PП Морган Чејс банка, Национална градска банка, пишува Imperial.net кој дури објави и докази од американските сајтови. Како што се наведува, не само што Ленка и Раде имале хипотека, туку наводно должеле големи суми за данок. Износите наведени во даночните документи се движат од 2.335,27 долари, до 178.898,68 долари до 511 710,20 долари. Последната, најголема сума е регистрирана на 31 декември 2010 година. Износот од над 178 илјади долари е регистриран како даночен долг во 2015 година одделно и на името на Раде и на Ленка, а најмалата сума од 2,3 илјади долари е внесена во 2014 година , но во врска со трансакцијата од 2010 година. Во едно интервју, Раде опиша како се преселил од Лос Анџелес во Риека во 2011 година. Значи, откако се вратија во Хрватска, американските даночни власти го забележаа неплатениот данок и таа документација заврши во Даночната управа во Лос Анџелес. Во Америка, каматата се наплатува за неплатени даноци, па сигурно е дека овие износи само ќе растат. Соединетите држави, како и секоја регулирана земја, строго го казнуваат затајувањето данок, особено кога станува збор за големи количини, повеќе од половина милион долари, така што големото прашање е дали Раде Шербеџија и Ленка Удовички воопшто ќе се вратат во Америка. Имено, и Ленка Удовички и Раде Шербеџија имаат отворен предмет во Централниот округ на Калифорнија на Окружниот суд на САД, пишува спомнатиот сајт.]]>

Лила заработи кривична пријава за затајување на данок https://arhiva.vistina.com.mk/lila-zaraboti-krivichna-prijava-za-zatajuvanje-na-danok/ Mon, 10 Feb 2020 11:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133450

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против познатата водителка Лила Стојановска, според која ја сомничи за даночно затајување, соопштија од оваа институција - пишува Курир.мк. „До Управата за финансиска полиција доставена е Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК и лицата Е.Н. и Д.Н. во која е изнесено сомнение за сторени кривични дела, со лажно прикажување на факти, против пријавената Л.С. на која и уплатиле вкупно 16.095.600 денари. Притоа е склучен и нотарски е заверен Договор за уредување на меѓусебни обврски ОДУ бр. 399/17 помеѓу пријавеното лице Л.С. и пријавителите, за изготвување на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“, со цел обезбедување средства и со ветување дека за проектот на правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје, пријавената Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 Евра. Управата за финансиска полиција поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против пријавената Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н.. Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во информацијата до јавноста на Управата за финансиска полиција.]]>

Бившата пејачка на „Гранд“ го тужи Саша Поповиќ за кражба и затајување данок: „Нема да смирам додека не го отерам во затвор“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-pejachka-na-grand-go-tuzi-sasha-popovikj-za-krazba-i-zatajuvanje-danok-nema-da-smiram-dodeka-ne-go-oteram-vo-zatvor-foto/ Wed, 15 Jan 2020 11:21:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129101

Пејачката Елма Синановиќ, поднесе кривична пријава против поранешниот сопственик на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ. На почетокот на декември 2019 година, обвинителството одлучи да ја прифати жалбата на Елма Синановиќ, на која прво и беше одбиена кривичната пријава што ја поднесе против Саша Поповиќ за делото:  Кражба и затајување данок, а сега обвинителството бара информации од Поповиќ за затајувањето данок. На крајот на 2018 година, Елма Синановиќ изнесе шокантни тврдења за тогашниот- директор на „Гранд“, Саша Поповиќ. Во 2000 година, Елма тврди дека потпишала договор за „Гранд“, во кој се наведува дека парите од продадениот албум „Рака на правдата“ ќе и бидат исплатени во кеш на рака. Во договорот е предвидено и дека пејачката ќе добие шест проценти од продажбата на ЦД-ата и видеокасетите, меѓутоа, таа тврди дека никогаш не ги видела парите, а дека Поповиќ и ’должи 30.000 конвертабилни марки или околу 15.000 евра. Пејачката поднесе кривична пријава против Поповиќ во јули 2019 година за кражба и кривично дело даночно затајување во нејзиниот случај, но третото основно обвинителство ја отфрли нејзината пријава. Откако обвинителството ја одбило пријавата, Елма поднела жалба. Обвинителството ја прифатило жалбата и сега бара да се достават дополнителни даночни информации засновани на таа пријава. „Решена сум да ја истерам правдата до крај и да одговара што никогаш не ми ги исплати парите од продадениот албум „Рака на правдата“, кој го издадов во 2000 година. Јас нема да се смирам додека не го ставам затвор, затоа што на таквите како него, местото им е зад решетки “ - открива Елма.  ]]>