Данило КОЦЕВСКИ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Sep 2020 12:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Данило КОЦЕВСКИ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Замина Данило Коцевски, хроничарот на Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-danilo-kocevski-hronicharot-na-skopje/ Tue, 15 Sep 2020 12:14:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167079

Скопје нема да биде исто без Данило Коцевски. Без препознатливиот лик со шешир кој често можевте да го забележите на градскиот плоштад, низ малите улички, низ сокаците на Старата скопска чаршија, кои тој ги гледаше на поинаков начин, свесен за минатото и времињата што поминале. По кратко боледување, Данило Коцевски почина во Скопје, градот во кој не беше роден, но од кој црпеше инспирација целиот живот. Денеска беше погребан на гробиштата во Бутел. Ќе остане запаметен како писателот и хроничар на Скопје. Роден е во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. На Интердисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет држел вежби по теорија и практика на новинарството. Бил еден од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот од осумдесеттите години. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели го основал Здружението на независните писатели на Македонија, во текот на 1993-994 година.
Во 1967 се вработил во редакцијата на весникот „Млад борец“, а во 1973 година преминал во културната редакција на тогашната Радио-телевизија Скопје. Бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.
                                                                                                       Данило Коцевски / Извор: Youtube
Коцевски беше дел од редакциите на многу весници. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е, пред сѐ, како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени.]]>

Те сакаме Скопје, и оваа битка ќе ја извојуваме https://arhiva.vistina.com.mk/te-sakame-skopje-i-ovaa-bitka-kje-ja-izvojuvame/ Tue, 24 Mar 2020 07:46:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141152

Данило КОЦЕВСКИ писател, хроничар на градот Скопје е нашата душа, нашиот живот, сме знаеле често пати нежно да му изјавуваме љубов и почит на нашиот град. „Скопје го сакам повеќе од себе си“, ми изјавувале многу наши сограѓани кога по којзнае кој пат, така, стоејќи на улица сме евоцирале спомени за старите маала, за босите детски нозе и врелата летна калдрма, за првата љубов од правливиот сокак, за плажите, за првото корзо, за првото кино и театарска претстава во Куклениот театар, за чекање пред „Кооператива“, за седење во „Ванила“, за свирките во „Пролеќе“. Денес Скопје, како и Македонија и целиот свет е под тешка закана на пандемијата од коронавирусот. Но Скопје издржало многу нешта во својата историја, ќе ја надмине и оваа закана. Повторно ќе биде победник. Затоа и гласно извикуваме:
Само храбро, Скопје, сето ова ќе го пребродиме, зарем некој воопшто може да ни се заканува нам и на нашата љубов кон тебе?
Се разбира, треба сите разумно да се повлечеме во изолација пред невидливиот противник, не затоа што се предаваме, туку умно да ја извојуваме победата според советите на медицината. Повлекувањето не значи пораз, туку одбрана пред престојната победа која само така може да ја извојуваме. И ќе ја извојуваме. Скопје доживувало разни освојувања, војни и разурнувања, потопи и апокалипси, земјотреси и поплави. Но секогаш повторно се раѓало од пепелта. Градот доживувал невидени закани од чумата, маларијата, шпанскиот грип. Кога генералот Пиколомини го запалил Скопје на 26 и 27 октомври 1689 година, чумата беснеела во градот и во целиот регион. По победата над Махмуд паша, неговата армија била распоредена на влезот од градот, од неговата западна страна, од кај Римскиот аквадукт. Бил предупреден самиот да не влегува во градот, да стои понастрана и во изолација, бидејќи во Скопје беснеела чума. Генералот, сепак, влегол во градот, а Скопје го каснало дирекно во срцето: самиот бил заразен со чума. Враќајќи се назад со војската преку Качаничката клисура, по само неколку дена, починал на Косово. Некои аналитичари на разни начини го толкуваат овој чин, меѓу другото и фигуративно, како одмазда на градот за безмилосното опожарување и уништување. Помалку е познато дека во текот на Првата светска војна, во 1915 година, кога Англичанката Леди Пеџет отворила болница во Идадија за сојузничките сили и по повлекувањето на војските, Скопје западнало во тешка криза, со недостаток од основни артикли, но и болести. Несебичната помош на Леди Пеџет (останала да му помогне на Скопје, не се повлекла со војската) е од исклучително значење за градот. По Првата светска војна Скопје го зафаќаат неколку епидемии, главно од 1918 до 1920, но и потоа, кои имале светски размери. Пред се маларијата, која се провлекувала долги години потоа, особено фатална била шпанската грозница која одзела повеќе животи од оние кои загинале во Првата светска војна. Во тој период во градот се отвораат повеќе институции од превентивната медицина и грижата за јавното здравје, најпрвин бактериолошка станица, а потоа Хигиенски завод и Тропски институт. Скопје секогаш бил градот феникс на Вардар. Затоа со полни гради, чисто срце и многу љубов велиме:
Само храбро, Скопје, не постои тешка и кризна ситуација која ти не можеш да ја надминеш. И ние заедно со тебе. Заедно со луѓето херои од медицината и сите кои помагаат во оваа криза, на кои треба бескрајно да сме им благодарни за нивната пожртвуваност и алтруизам.
]]>