даниел крстески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Sep 2023 12:15:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png даниел крстески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниел Крстески и три секси Колумбијки во спотот за – „Остани“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krsteski-i-tri-seksi-kolumbijki-vo-spotot-za-ostani-video/ Wed, 06 Sep 2023 12:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317039

За разлика од многумина други кои се обидуваат набрзина да се „вивнат“ на естрадното небо кај нас, пејачот Даниел Крстески тоа го прави полека, чекор по чекор, скромно и ненаметливо. Без многу помпа и наметнување, туку напротив, од „сенка“ што се вели, Крстески вади нови песни, спотови, настапува низ земјата и сигурно сме дека неговото време допрва доаѓа... Пред само неколку дена тој ја извади неговата најнова песна со наслов „Остани“, на која како автор се потпишува лично тој. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е дело на Христијан Ѓорѓиевски. За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три други девојки, кои да бидеме искрени изгледаат фантастично... „Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне“ – ни изјави скромниот пејач. Инаку Даниел има и свој музички бенд составен од одлични професионалци. Тие наскоро започнуваат и со настапи низ земјата, а до тогаш уживајте во „Остани“: ]]>

Даниел Крстески направи римејк на легендарната македонска забавна песна со патриотска содржина „Земјо мила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krsteski-napravi-rimejk-na-legendarnata-makedonska-zabavna-pesna-so-patriotska-sodrzina-zejo-mila-video/ Fri, 24 Jul 2020 10:38:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160398

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала...“ – ова се стиховите од песната „Земјо мила“, песна на која веруваме дека ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен. За тие кои не знаат, „Земјо мила“ е создадена во далечната 1977 година од композиторот Јане Коџабашија, а ја испеал Никола Давидовски – Коле. Ова вонвременско ремек-дело на Коџабашија се слушало и низ поголемите градови на поранешна Југославја, а повозрасните велат дека токму со неа бил пречекуван Маршалот Јосип Броз Тито кога доаѓал во посета на нашата земја. За жал денеска оваа песна ретко имаме прилика да ја слушнеме на нашите радиостаници, но благодарение на младиот и талентиран Даниел Крстески, се надеваме оваа нумера повторно ќе заживее и ќе го разбуди патриотизмот кај многумина. Крстески е можеби единствениот пејач кој се сети да направи препев на „Земјо мила“ и истата да ја спакува во еден помодерен аранажман со модерна интерпретација. „Сосема случајно ја слушнав песната на „Јутјуб“ и се потсетив дека кога бев дете беше многу вртена на телевизија и радиостаниците. Без многу двоумење ја земав гитарата и почнав да ја свирам. Така и ми дојде идејата да ја препеам. Веднаш му се јавив на професорот Јане Коџабашија од кого добив дозвола да ја преработам“ – вели младиот пејач Крстески. Даниел и екипата која работеше на овој проект се потурдија да направат и една видео-приказна која сведочи за страдањата на македонскиот народ наназад низ годините. „За мене искрено беше голем предизвик и одговорност да се одлучам да прерботам веќе своевремено доста позната песна која е сработена од професионалци. Не е лесно и едноставно да се испее дело на професорот Јане Коџабашија, особено да се направи препев по феноменалната интерпретација на Никола Давидовски, кој сигурно би го вброиле во најдобрите вокали што некогаш пееле кај нас“ – изјави Даниел. https://www.youtube.com/watch?v=Id3Ln5qpNwA]]>

Даниел Крстевски стартува со една, како со „Сто една“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krstevski-startuva-so-edna-kako-so-sto-edna-video/ Tue, 08 Oct 2019 13:14:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111570

Тој е едно од оние нови имиња кои ја освежуват македонската естрада и придонесуваат за создавање на нова музика со квалитетен звук. Даниел Крстески, кого досега македонската публика немала многу прилика да го слушне и види е еден од оние нови изведувачи кои планираат сериозно да се посветат на творење и продуцирање. Тој ја промовира неговата нова песна која носи наслов „Сто една“, песна која е убеден дека ќе и се допадне на публиката. Станува збор за ритмична нумера и одличен текст, зад кои како автор се потпишува токму Даниел. За песната е снимен и видеоспот, во кој покрај младиот пејач може да се видат уште неколку атрактивни девојки. „Оваа песна е мое прво дело каде се потпишувам како автор и на аранжманот покрај Борјан Кралески. Се надевам дека ќе помине овиј стил кај публиката бидејќи е поразличен од досегашните мои проекти. На спотот работевме во „LinaraProduction“ и екипата заврши одлична работа. Инаку веќе работиме на уште две нови песни кои треба да бидат објавени до крајот на оваа година“ – вели Крстески. До тогаш уживајте со неговата една како „Сто една“. https://www.youtube.com/watch?v=NmF5OqAdulo]]>