Даниел Јовески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Feb 2024 10:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Даниел Јовески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Време е маските да паднат: Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-maskite-da-padnat-lozano-sam-na-maskenbal-vo-venetsija-video/ Thu, 15 Feb 2024 07:22:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338863

Живееме во време-невреме, време во кое секој од нас носи маска за да се заштити од овој лажен свет… Дали е вистинско време да ги извадиме маските и да бидеме навистина среќни? По, се изгледа време е! Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на нашата музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано… Неговата нова песна, која со нетрпение ја очекуваше публиката носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски. „Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде цели три дена траеше снимањето на истиот. Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески, кој и овојпат го даде својот максимум. Она што е вредно да се напомене, е тоа што за овој видеоспот беше изработен специјален костим, а него го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.   Инаку ова е само најава за она што следува од Лозано во блиска иднина… Уживајте во неговиот сингл „Маскенбал“ во Венција: ]]>

Мими Јовановска испеа песна посветена на сите разделени деца и родители -„Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-ispea-pesna-posvetena-na-site-razdeleni-detsa-i-roditeli-majka-video/ Fri, 26 Jan 2024 06:53:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336405

„Не жали ме , мајко не жали ме, тоа што одам од тебе. Солзиве што капат по мене, знаат што се ќе помине. Далеку си ти од мене, но ќе дојде ден да не собереш...“ Ова е мал дел од зборовите искажани во најновата песна „Мајка“ испеана од Мими Јовановска, а кои при секое слушање предизвикуваат солзи. Песната е преемотивна балада, која Мими ја донесе совршено, каков што е и нејзиниот вокал. Музика и текстот се на Филип Нуне, а аранжманот е на Дамир Имери. Секој кој ќе ј слушне нема, а да не заплаче, бидејќи песната е посветена за сите деца и родители кои се разделени. Деца и родители, кои судбината ги однела на печалба далеку од дома.  Тема, која не е посветена само на минатото, кога масовно се заминувало во странство. Напротив, оваа тема денес и тоа како е актуелна, бидејќи не постои семејство во кое некој од младите не е заминат во странство. Приказната во песната е вистинска  и за авторот на текстот, Филип Нуне, и за пејачката Мими, кои исто така растеле далеку од родителите. -Растев далеку од мајка ми, таа живееше во странство, вели Мими, која на песната и даде невидена емоција, како што само таа знае и умее. Филип, и брат му Раде, кои се дел од „Бендот на браќата Нуне“, ја делат истата судбина. -Песната е поп балада, посветена на сите мајки чии деца се заминати во странство, но и за сите родители, кои заминале во странство, а децата ги оставиле на чување кај бабите и дедовците. Секој има некого во странство или дете или најблизок. Така и се роди текстот. Јас и брат ми исто така бевме одвоени од родителите, бидејќи ние живеевме со баба и дедо, а мајка ми и татко ми  беа во странство. Кога ја направив музиката текстот сам се залепи, вели Филип и додава: -Таква емотивна е и приказната во спотот, кој го направи Даниел Јовески.  Двајца браќа, едниот и е во срце а другиот во душа на мајката и таа ги пакува во два куфери. Но, на крајот животот ги влече еден кон друг. Не би сакал да ја раскажувам комплетно, бидејќи навистина вреди да се види.  Песната е снимена со камерен оркестар, свират 23 виолини, а се работеше во две студија. Спотот е снимен во Охрид во куќата на Робевци и се се поклопи како треба. Изгледа навистина совршено, вели Филип. Спотот на Јутјуб беше промовиран вчера - четврток, 25 јануари 2024, а песната премиерно на жив настап ќе биде изведена пред нашинците во Австралија, бидејќи наскоро Мими и Нуне заминуваат на турнеја. ]]>

Бившата ТВ водителка на „Бекстејџ“, Ева Јовановска во видеото на „швајцарскиот Македонец“, Александар Ристовски – „Кога се љуби“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-tv-voditelka-na-bekstejdh-eva-jovanovska-vo-videoto-na-shvajtsarskiot-makedonets-aleksandar-ristovski-koga-se-lubi-video/ Tue, 09 Jan 2024 07:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334187

Велешанецот Александар Ристовски, кој  живее и работи во Швајцарија покажа дека умее да создава и убави македонски песни. Александар кој зад себе веќе има неколку песни е автор и на неговата најнова, насловена „Кога се љуби“. Далеку од дома,  илјадници километри одалечен од родното огниште, заминат на печалба за подобар живот, овој Македонец иако веќе неколку години престојува во богатата алпската земја, не си ја заборавил родната грутка -Македонија. Тој паралелно со останатата работа во Швајцарија се занимава и со музика и тоа афирмирање на македонката песна, а од родната Македонија е и целиот тим кој ја потпишува за песната, покрај него како автор. Пејачот ја компонирал музиката и направил аранжманот, а за текстот се погрижил нашиот еминентен текстописец Огнен Неделковски. За песната е снимен и видеозапис кој го потпишува талентираниот македонскиот режисер, охриѓанецот Даниел Јовески, а кадрите од видеото се снимени во Швајцарија. Во спотот на песната се појавува убавата и шармантна  тетовка, доскорешната ТВ водителка на „Бекстејџ“, балерина, инфлуенсерка и модел Ева Јовановска, која фантастично ја одиграла својата актерска улога во видеото, во кое заедно со пејачот има забележителна ролја. Видеото и оваа убава весела песна во латино стил со фолк елементи проследете ги во продолжение. ]]>

Јасмин Алиевски по одличниот настап на „Макфест 2023“ има песна и за “Гранд“ – „Па како буде“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jasmin-alievski-po-odlichniot-nastap-na-makfest-2023-ima-pesna-i-za-grand-pa-kako-bude-video/ Thu, 16 Nov 2023 11:13:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327264

Минатогодишниот учесник во „Ѕвездите на Гранд, Јасмин Алиевски по одличниот настап на годинешниот „Макфест 2023“ впечатливата балада „Се смеам и кога врне“ одново  ја воодушеви публиката. Овој пат со новата песна отпеана на српски јазик, наречена „Па како буде“. Иако не се пласираше во финалето на натпреварот, младиот пејач ја продолжи соработката со Гранд продукција преку која сега се закити со првата песна. „И ми се допаѓа допирот на нејзините вжештени усни, па нека бидам оставен, брука нека пукне. Боже, само дај ми здравје, да се завијам во прегратка, па како ќе биде, нека биде - се пее во рефренот на новата песна. Песната ја придружува визуелизацијата во вид на спот кој е снимен на повеќе локации, а на снимката се појавува девојка која ги освои срцата на публиката. Режисер на видеото е нашиот познат видеомејкер, Даниел Јовески, додека комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е Амил Лојо. Да потсетиме, Јасмин минатата сезона настапуваше за тимот на Ѓорѓе Давид, а еден од неговите настапи остана запаметен кога пееше со температура и трескаВо една прилика за  Гранд порталот зборуваше за работата со ментор, а во таа прилика призна дека многу научил од Ѓорѓе. „Пробите со Ѓорѓе се одлични.Тој е феноменален ментор,  вежбаме, избираме песни. Навистина го мислам најдоброто од него, не затоа што сум во неговиот тим. Некако е многу посветен на работата како ментор – изјави еднаш за Гранд. Погледнете го видеото и слушнете ја новата песна на Јасмин Алиевски, „Па како буде“ во продолжение: ]]>

Александар Јовевски со музичко – танцова визуелна етно симбиоза во својот – „Александров танц“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-jovevski-so-muzichko-tantsova-vizuelna-etno-simbioza-vo-svojot-aleksandrov-tants-video/ Thu, 14 Sep 2023 11:07:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318037

 „Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес за Македонија. На носачот на звук „Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни песни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција, преточена во нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски, инаку и лидер на етно составот „Монистра“. Пред концертната промоција на овој негов соло проект, закажана на 19-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20 часот, овој македонски мултиинструменталисткако своевидна најава за настанот промовираше ново видео од својот проект и тоа со своја авторска песна од него. Се работи за една прекрасна инструментална етно тема, насловена „Александров танц“, во која е содржана мешавина од стилови, бои и звуци... Од оние традиционалните, со изворни инструменти, до оние современите од  кои  како да „извира“ филмската музика, а на моменти дури ја допираат и класиката... Сепак она што е примарното, оригиналното, изворното - македонскиот фолклор, доминира како своевидна подлога, како база на темата, како впрочем и во целиот албумски проект. На сето ова приказната уште поубаво ја обликувал со соодветна визуелизација охридскиот видео - волшебник, режисерот Даниел Јовески, посипувајќи ја со сопствена „видео прашина“ за современата етно магија и визуелно да биде комплетна. И сето тоа слеано во една аудиовизуелна приказна во која бојата на звуците ја милуваат душата, природните убавини на Македонија се прелеваат со впечатливиот колорит на народните носии, ритамот на танцот сплотен со егзотиката и убавините на женското тело го надополнува нежниот но моќен вокал без стихови... Музичко - танцова визуелна симбиоза која ќе ве остави без зборови! Автор на музиката и аранжманот се на Aлександар Јовевски кој свири пијано, кавал и тамбура, вокалот е на Елена Васова,Горан Гешовски е на бас, Ратко Даутовски задолжен за перкусиите. Сето ова е снимано, миксано и мастерирано во студиото „Подрумот“ на Aнгел Ќосев. Продукцијата ја потпишуваат Александар Јовевски и Ангел Ќосев. Видеото, режијата и монтажата  се на веќе споменатиот Даниел Јовески и  Sustain Production, додека  Aнтонио Стојчевски – колекционерот на народни носии е тој кој ги позајмил за снимањето носиите од етничките предели: Средорек, Бојмија и Горна Преспа, а во видеото се појавуват уште и моделите Анастасија Бошковска, Мануела Бошковска и Исидора Стефаноска, додека за современиот танц била задолжена Сара Цветковска. Како звучи и изгледа  етно темата „Александров танц“, проследете во продолжение: ]]>

Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-kako-stojne-nikolova-stana-neostvaren-son-na-sekoj-kamiondhija-video/ Thu, 18 May 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302573

Камионџии... Луѓе на кои куќата им е патувачка, домот им е на тркала, животот по патиштата, каде минуваат илјадници километри по разни друмови, преку мноштво граници, од дома до нивните одредници и назад... Најчесто радиото и музиката им се најверни другари во шоферските кабини, па не случајно камионџиите и убавата песна се како „брат и сестра“! Некои камионџии кај нас песната дури ги направи славни, познати, дотаму  што стигнаа и до естрадните височини, како камионџијата Андруш, на пример. Некои други пак ѕвезди од зад воланот станаа преку социјалните мрежи како Дарко Влогс, ама до сега се чини камионџиите и оние познатите и оние непознатите немаа своја песна по која ќе ги препознаваат. За да не биде тоа така, се погрижија атрактивната струмичка фолкерка Стојне Николова заедно со Манчи и нејзината авторска екипа, како и многубројните гости на проект-песната „Камионџија“ која на прва влегува во уво и има претензии да стане македонска камионџиска фолк химна. „Душава на нафта мириса, само една имам утеха, да си седнам в ладна меана... Зашто лек за камионџии се убавите млади пејачки“ - како што велат испеаните стихови во песната, во чие видео  зад воланот во камионџиската кабина се многу познати ликови. Од авторот на песната Бобан Мојсовски - Мојсо, преку Тони-Биоритам, Дарко- Влогс.... и останатите кои маестрално си ги одиграле своите улоги во спотот, вклучувајќи го и пејачкиот тандем Стојне и Манчи. Вистинска „ол стар екипа“ од познати лица меѓу кои и оркестарот Џамбо - Агушеви, кои кафеанската атмосфера ја доведуваат до лудило, а Стојне Николова блеска во сиот свој сјај... Можеби најдобро до сега. Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии... И не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки во фолк музиката. Како и да е „Камионџија“ не е само камионџиска фолк химна во перспектива, туку вистинска кафеанска песна за забава, дружба и веселба за сите, потенцијален хит кој од прва влегува во уво, а долго ќе се пее и слуша. Екипата која работела на аудиото и видеото во проектот е обемна и ја сочинуваат: На музички план, музика и аранжман: Бобан Мојсовски, текст: Сашо Нојкиќ, микс и мaстер: ХЛ Студио Момировски, орекстар: Џамбо Агушеви, хармоника: Мишел Трајковски. Видео продукцијата и монтажата ја работел Даниел Јовески,  режијата е на Бобан Мојсовски, а во актерскиот тим се: Антонио Климоски Дарко Влогс Игор Додевски Даниел Божиновски Бобан Мојсовски Бојан Кузманоски Дадо Баровец Гоце Пејковски Иле Моша Сара Мирчевска Ивона Каљкова. Моден стилист била Викторија Бурсаќ, за шминката и фризурата се погрижил стилистот Даниел Николовски. Како изгледа сонот на секој камионџија проследете од песната и спотот за „Камионџии“ од видото во продолжение кое ќе ве насмее, расположи и развесели (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

„Либеро бенд“ го промовираа својот „Ангел“… што тера на грев (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/libero-bend-go-promoviraa-svojot-angel-shto-tera-na-grev-video/ Fri, 24 Mar 2023 10:48:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294939

Најбараниот македонски бенд за живи свирки по кафулињата и клубовите уште еднаш покажа дека со напорна работа и посветеност може да се дојде до речиси совршен музички производ. Имено,  такава е новата песна и висеоспотот За неа на момчињата од „Либеро бенд“, насловена „Ангел“. Песна која уште од прво слушање предизвикува возбуда, влегува во уво и го воодушевува слушателот. Направена по современ терк, сосема поразлична од она што досега го изведуваа како сопствен музички продукт и стил, Иван Иванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски своето најново аудио-визуелно остварување вчера, 23 март 2023 година го промовираа во познатиот скопски ресторан „Дион“. Пред, за вакви прилики изненадувачки многуте присутни новинари, музичарите појаснија дека долго се работело на конечниот изглед на песната и  видеоспотот. И заради зафатеноста на авторите кое се веројатно анјдобрите што во моментов Македонија ги има и заради желбата да се направи парче уметност кое ќе ги задоволи најстрогите уметнички критериуми и стандарди, а во исто време ќе биде и по вкусот на публиката која преферира и полесно ги прима покомерцијалните остварувања. И се чини дека во тој баланс „Либеро бенд“ максимално успеале, зашто „Ангел“ е навистина и музички и визуелно нивно совршенство во досегашната кариера... Но, не само нивно, туку и лекција и предизвик за многу други како се прави поизвод кој може да конкурира и на региналниот пазар во радио и ТВ етерот. Музиката и текстот ги потпишуваат познатите брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски, додека филмската визуелизација на нивниот „Ангел“ беспрекорно ја пренел на слика проверениот мајстор Даниел Јовески. Со автентична симболика во видеокадрите кои преку неговиот уметнички израз совршено ја следат лириката на стиховите, чија патина  вокално одлично ја пренел пејачот на бендот Иван Иванов. Се' на се', ретко компатибилен аудио-визуелен производ во кој сликата исполнета со силна симболика, впечатливо ја надополнува и пренесува емоцијата преточена во песна. Како звучи и изгледа љубовниот „Ангел“ на момчињата од „Либеро бенд“ , проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Либеро бенд“ имаат свој „Ангел“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/libero-bend-imaat-svoj-angel/ Wed, 22 Mar 2023 06:47:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294516

Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот. Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот кој победува не се менува. Новата композиција на „Либеро бенд“ е дело на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески. „Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме во истото. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации. Бројот 3 има симболично значење во видео записот, а за што точно станува збор ќе откриеме на нашата промоција во четврток“ - вели фронтменот Иван Јованов. Момчињата од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период. Во интервју за ТВ магзинот „Бекстејџ“ ги открија сите детали за промоцијата  во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Група „Милениум“ ве води на музичка прошетка низ Битола со нивната серенада – „Ќе те шетам по Широк Сокак“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/grupa-milenium-ve-vodi-na-muzichka-proshetka-niz-bitola-so-nivnata-serenada-ke-te-shetam-po-shirok-sokak-video/ Wed, 25 Jan 2023 14:31:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285726

Битолската  група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион,  направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа  потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна,  па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера. Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола. „Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“. Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил  Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер на видоспотоци, Даниел Јовески. Во екипата која учествуваа во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески. Видеото за новата битолска  серенада е снимано на неколку најпознати градски локации како: Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни. По „Битола мој роден крај“ „Ако одам во Битола“,„Битола, бабам Битола“...и најновата серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“, ја продолжуа традицијата во која се опејува еден од најубавите, најурбаи и најкултурни македонски градови, градот на конзулите и клавирите, прекрасната Битола. Како тоа звучи и изгледа кога групата „Милениум“ ќе ве носи на музичка прошетка по Широк Сокак, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

ДНК за 20 години постоење досега испишаа музичка историја, а отсега и – „Романи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-za-20-godini-postoenje-dosega-ispishaa-muzichka-istorija-a-otsega-i-romani-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:18:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277172

Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи... вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“, кој својата новинарска промоција ја доживеа во средата, 23 ноември 2022, точно напладне на ПРЕСС конференцијата во „АБЦ Мош“ во Скопје каде премиерно беше претставен албумот, но и беа соопштени сите детали за претстојниот голем концерт.

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.

Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.

Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“...

Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Погледнете го видеото во продолжение и уживајте во нивните музички „Романи“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>