дани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 21 Mar 2020 08:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јавните личност го прифатија предизвикот на свеста и совеста, #седамДомаза… Еве како изреагираа Тамара, Лозано, Миа, Кики, Вера, Дани, Ана, Лидија, Кнез, Малинкова, Гарванлиев… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javnite-lichnost-go-prifatija-predizvikot-na-svesta-i-sovesta-sedamdomaza-eve-kako-izreagiraa-tamara-lozano-mia-kiki-vera-dani-ana-lidija-knez-malinkova-garvanliev-foto/ Sat, 21 Mar 2020 08:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140714

Во овие тешки денови, кога времето ни е единствен сојузник во глобалната борба со невидливиот непријател, не ни преостанува ништо друго освен да седиме, чекаме и истото тоа време „да го купуваме“ од дома, за ситуацијата од алармантна, да не прерасне во катастрофална и трагична. Предизвикот на совеста од која зависи кога и колку брзу ќе се избавиме од билошкото зло на 21-виот век што го нападна човештвотото, е предизвик на кој треба да сериозно се одговори, а всушност треба само малку да се стори, толку малку да се направи: Да се остане дома.  Така најдобро се штитиме и себе си и своите најмили, најблиските, најсаканите, најдрагите, најпочитуваните, ги штитиме сите... и познати и непознати. Со седењето дома во карантин, во изолација, всушност и ја спуштаме рампата на заразата. Во ред, можеби си ја спуштаме и себе си, на динамиката на својот довчерашен живот кој ни го наметнува модерната цивилизација, на своите навики, желби и потреби... И работни и физички и духовни, но... Што се мора - не е тешко. Се разбира, само треба да се сака, да се верува и истрае. После дождот, сонцето секогаш одново изгрева... А тогаш грее уште посилно и посветло! Покрај многуте поединечни и групни апели, препораки, упатства, укажувања... на разни единки и институциии порталот „Женски магазин“ поведе уште еднаш иницијатива за покренување на свеста да се остане дома, како најдобра заштита и пред се превенција од вирусот Ковид 19. Предизвикот на свеста и совеста наречен: #седамДомаза... јавните личности го прифатија со обете раце. Ѕвездената македонска естарада, модниот свет, водителите, актерите, писатите... уште еднаш покажа дека не само што умеат да пеат, глумат, водат, позираат и да ве забавуваат, туку уште повеќе умеат да се справат со проблемите, давајќи и позитивен пример и на својата публика, на своите сограѓани и на целото население, што е најдобро да се направи во моментов и за кого тоа најмногу го прават! Најпознатите и најпопуларни македонски пејач(к)и како Тамара, Лозано, Дани, Наташа Малинкова, Васил Гарванлиев..., потоа манекенките и топ модели Катарина Ивановска - Кики и Вера Мештеровиќ, модните креаторки Ивана Кнез и Лидија Георгиева, водителката Миа Костова, писателката и музички текстописец Ксенија Николова, нејзината колешка Ана Бунтеска, актерката Драгана Левенска... и се приклучија на иницијативата, па секој од нив одделно, на големо парче хартија напишал зоштои заради кого седи дома, праќајќи силна порака и апел, зошто и Вие треба да го направите истото. Тие, вие, сите НИЕ... да бидеме херои од дома во пижами и тренерки, за доброто на сите нас, за поддршка на белите мантили и униформите, лекарите, војската, полицијата и сите оние кои се на првите борбени линии на фиртуелниот фронт во борбата со невидливата аждаја. Да седиме дома за заштита на здравјето на најмилите, за чување на нацијата, спас на човештвото... Затоа... седете дома! За ваше добро и доброто на сите!]]>

Фрики по неа е – „Забеган од љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/friki-po-nea-e-zabegan-od-ljubov-video/ Mon, 11 Nov 2019 13:46:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117824

Новите  музички ветришта кои дуваат од соседството не ја заобиколуваат ниту Македонија. Ако регетон звукот и модулираниот вокал се во последно време во мода, а Раста, Јала Брат, Буба Корели... и останатите од „новокомпонираната раста банда“ растураат низ регионот, тоа е добра причина и кај нас да почнуваат да никнуваат нови имиња во тој или сличен „фазон“, на кои новиот звук им е правецот кој го одбрале. Едно од новите имиња е и тој, младиот тинејџер кој се претставува под името „Фрики“. Засега не сака да го открива својот идентитет. Решен е да се појавува во медиумите и да настапува под маска! Не дека е тоа не е познато и во светот и во соседството, но сепак кај нас е нешто што досега никому не му успеало. Не барем да стане популарен, а да остане анонимен на подолг рок. Затоа токму таму Фрики и ја гледа својата шанса да биде првиот кој ќе успее, вакво нешто да му појде од рака. „Забеган“ по новиот звук, неговата прва песна носи наслов „Забеган од љубов“. Музиката и текстот се на Сашко Сале Андриески, попознат како „Сале - рокер“ (Просаунд продукција), кој и самиот е музичар, но во еден сосема поинаков жанр за кој зборува и неговит прекар, додека аранжманот е на Драган Ристовски. Тој и неговата „ДРД видеопродукција“ го изработиле и провокативниот видеоспот во кој главната ролја ја има старлетата која се претставува под уметничкото име Дани, македонски модел која во моментов живее и работи во Бугарија. Разголени кадри, сексапил на тацна, бујни атрибути и многу еротска провокација за целата нација нуди токму видеото, кое изобилува со секвенци кои ги будат сите сетила... Особено, кај машката популација. Попусто стопати кажано, ако барем еднаш не е слушнато и  видено... Затоа проследето го видеото на момчето под маска - „македонскиот  анонимус - Фрики“, само добро внимавајте гледајќи и вие да не забегате... од љубов! ]]>