дани димитровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Feb 2023 12:21:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дани димитровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пред 15 – тина или 22-три години ќе да беше…? Лила Филиповска објави хит фотографија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-15-tina-ili-22-tri-godini-ke-da-beshe-lila-filipovska-objavi-hit-fotografija-foto/ Sat, 18 Feb 2023 08:11:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287617

Многу жени стареат достоинствено, а токму таква е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска на која времето како да не и може ништо. Македонската водителката имаме прилика секој ден да ја гледаме на ТВ екраните во квизот „Сė или нешто“, кој  го  води повеќе од 10 години  и е доста активна и на социјалните мрежи, a речиси секојдневно објавува фотографии  со некој повод, рекламирајќи одредени козметички производи, позирајќи во некоја модна комбинација, од некое патување или снимање но, често и со некои нејзини најдраги личности или колеги. Овој пат таа се присети и не потсети на едно минато време,  па ископа стара фотографија на која позира заедно со Каролина Гочева, Бојан Маровиќ и Дани Димитровска. На фотографијата лесно може да забележиме дека Лила го задржала нејзиниот шарм и е истата онаа ведра дама со позитивна насмевка која ја краси до ден денес. Каролина откако ја виде Инстаграм приказната,  ја репостираше на нејзиниот профил и напиша дека фотографијата е стара и се случила пред 15 - тина година но, сепак со  прашалник и црвено срце ... Како доказ за младешкиот изглед на Лила говори и уште една постара фотографија  која е  направена токму на преминот на новиот милениум 2000 - 2001 - та година за Избор за ТВ лице на годината на тогашниот дневен весник „Вечер“, а овој пат на фотографијата позира заедно со ТВ водителот и новинар Антонио Димитриевски и пејачката Ребека Јанковска Ристевски. Лила не сака многу  да зборува за нејзините  години, но секогаш со доза на духовитост знае да се пошегува на сметка на нејзината возраст. Но, секако бројот на годините воопшто не е важен кога станува збор за било која дама, осбено не за неа,  поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска/Фејзбук/Антонио Димитриевски  ]]>

Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-dzvezdi-za-kraj-na-nasilstvoto-vrz-zeni-i-devojchinja-so-svoja-verzija-na-ochi-crni-video/ Fri, 10 Dec 2021 06:38:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230746

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое  Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“ Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени. Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“. Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска, песна со која македонските музички ѕвезди сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ! ]]>

На новите фотографии Дани Димитровска е значително ослабена и изгледа како друга жена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-novite-fotografii-dani-dimitrovska-e-znachitelno-oslabena-i-izgleda-kako-druga-zena-foto/ Wed, 15 Aug 2018 07:38:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43039

Пред извесен период македонската пејачка Дани Димитровска откри дека веќе неколку месеци води поинаков, поздрав начин на живот кога е во прашање исхраната и физичката активност. Таа во интервју за порталот „Женски магазин“ откри дека ослабела благодарение на протеински режим и дека нема повторно да ги врати килограмите.
Имено, како минува времето Дани изгледа сосема поразлично со новиот начин на исхрана, а на новите фотографии на социјалните мрежи може да се забележи, особено во летните парчиња облека дека таа изгледа совршено.

Скопје во лето ? #summertime

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska) on

Инаку, ова не е прв обид на Димитровска да ослаби, што и успевало и претходно, но не во константа. Овој пат и самата вели дека е посветена на ваквиот режим кој и одговара и на животниот стил и секако на здравјето. Дека тоа е така се гледа од надворешноста со која блеска.
Кога е музиката во прашање, Дани е актуелна со албумот „Град за љубов“, кој често го слушаме на радио станиците и телевизиите. фото:instagram]]>

Прилично комфорна: Дани по гаќички… без шминка и фотошоп! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prilichno-komforna-dani-po-gakjichki-bez-shminka-i-fotoshop-foto/ Fri, 06 Jul 2018 07:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36505

Музичките ѕвезди најчесто во јавноста се појавуваат со однапред дотерани фотографии по нивни вкус. Од позата, до фотошопот, изгледот мора да биде таков што пејачот или пејачката треба да си се бендисаат дека се „најубави на свет“, пред да одобрат фотографијата јавно да се појави.
Арно ама, социјалните мрежи и паметните телефони го направија своето, па се' почесто гледаме аматерски слики, селфија, папарацо фотки... што и не е така лошо, зашто народот има право да знае, како всуштност навистина изгледаат нивните идоли. Овие пак, како тоа полека да го прифаќаат, па знаат „да се истрчаат“ и со понекоја фотографија, што порано ни за жива глава не би ја пуштиле во јавност!
Така на пример, поп-рок пејачката Дани Димитровска реши да го овоековечи своето „удобно чувство“ во домашен амбиент, со неколку фотографии... без шминка и без фотошоп!
Пејачката максимално се опушти, па се фотографираше по гаќички... Бели, со црвен ластик и ситни црвени точки! Од половина нагоре во брендиран дуксер со качулка, веројатно заради спонзорски причини!  Од половина надолу - очигледно, прилично комфорна.
Дури ни стриите и набраната кожа околу стомакот, веројатно последица на наглото слабеење, пејачката не ги сокрила, па се гледаат на една фотографиите.
Ама ако! Ако веќе треба да е природно, нека е... максимално натурално!    ]]>

Ајнцер в рака наместо микрофон: Кога естрадата те служи, бакшишот сам ти излегува од џебот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ajncer-v-raka-mesto-mikrofon-koga-estradata-te-sluzi-bakshishot-sam-ti-izleguva-od-dzebot-foto/ Fri, 29 Jun 2018 07:58:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35223

Македонските пејачки најчесто може да ги видиме со микрофонот во рака и на сцена како ги забавуваат своите фанови. Овојпат  Елена Ристеска и Дани Димитровска заедно со актерката и водителка Весна Бејби Петрушевска се најдоа во кафуле, но во сосема друга улога. Наместо микрофонот во рака, тие се фатија за ајнцерот за да ги служат гостите. Ако помисливте дека ја смениле професијата, се лажете. Елена, Дани и Весна беа во улога на келнерки со хумана цел.
Имено, пејачките и актерката сношти служеа во еден познат ресторан, а 20% од приходите ќе се донираат за лица со посебни потреби. Меѓутоа, освен приходите познатите личности требаше да заработат и бакшиш, кој исто така ќе биде дониран за децата.
Покрај, Елена, Дани и Весна како хуманитарци се најдоа и Билјана Петровска, Горан Наумовски од „Ар ен си бенд“, водителката Анкица Стојановска како и Лена и Бојан Моротови.
Секоја чест за македонските јавни личности, а на овој пример треба да учат и други и секогаш да им излезат во пресрет на оние на кои им е тоа најпотребно. Дали навистина, кога естрадата те служи, бакшишот сам ти излегува од џебот - ќе покаже завршната сметка на крајот на вечерта! Фото:принтскрин/инстаграм]]>

Бубамара за подобар живот, Дани за подобар поглед: Пејачката во проѕирен фустан, како да е топлес на сцена! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bubamara-zapodobar-zivot-dani-za-podobar-pogled-pejachkata-vo-prodziren-fustan-kako-da-e-toples-na-scena-foto/ Mon, 26 Feb 2018 08:11:00 +0000 http://vistina.mk/?p=13876

И годинава „Златна бубамара на популарноста“ покажа дека е единствената по многу нешта сценско-забавно-музичка манифестација во земјава. Пејачи, спортисти, актери, водители, политичари... и на сцената и во публиката, меѓу обичниот народ.  Толку ѕвезди и толку публика на едно место-тешко дека некој друг денес може да собере.
А кога сме веќе кај сцената и настапите, едн од највпечатливите, оној на Дани Димитровска. Пејачката доби награда за нај албум на годината за нејзиното последно ЦД издание „Град за љубов“, па реши градот и сцената да ги „исполни со љубов“... за сите! Со песна и со погледи!
Така пејачката се појави на сцената облечена во црн долг фустан, со длабоко деколте до папокот, од кое ѕецло време љубопитно ѕиркаа нејзините гради, кои овој пат не беа сместени во градник. Оставени слободно да провејуваат под светлата на сцената, ги мамеа љубопитните погледи на публиката...
Најмногу на оние од машката популација, ама како во овој „град за љубов“ се' повеќе има место за „виножитните“ така и припадничките од истиот пол на пејачката, внимателно ја стрелаа со поглед!
Ниту белата роза и тетралноста на Кили не го засенија деколтето на Дани!
Особено не во моментите кога зраците на светлата на сцената го пробиваа тенкиот проѕирен материјал на фустанот под кој на виделина излегоа брадавиците на нејзините обло извајани гради.
Покрај музичкото и еротско доживување и моменти за визуелно уживање! Бубамара за подобар живот, пејачката за подобар поглед... за љубов! На својот град и публиката!]]>

Дани посакува – „Да заборавам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dani-posakuva-da-zaboravam-video/ Thu, 22 Feb 2018 11:02:48 +0000 http://vistina.mk/?p=13689

Македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска има нов спот. Видеото е за песната  „Да заборавам“, симната ако уште еден сингл од нејзиниот последен албум „Град за љубов“.
Музиката и текстот на песната се на  Весна Малинова - Бабамов, аранжманот на Кирил Бабамов, на неа инструментите ги свират: Зоран Костадиновски (гитара), Кирил Бабамов (бас гитара), Благоја Антовски (тапани), додека придружните вокали ги пее самата авторка  Весна Малинова-Бабамов.
Како звук инжињер е потпишан  Дејан Момировски - ХХЛ Студио, додека едноставното но мошне ефектно видео го релизирале: Дејан Матиќ - Део  кој ја потпишува режијата, а воедно ја изработил и монтажата, а тука е и  несебичната  и другарска поддршка од Чочо, како што наведува самата пејачка во постираната најава на социјалните мрежи за нејзиниот нов видеоспот.
Погледнете го видеото и уживајте во музиката и нејзината визуелизација: https://www.youtube.com/watch?v=E1MlE7yqaBQ
   
]]>

„Хуманитарна“ политика: Дани во нов дизајн од стара облека… од „Шарената револуција“! https://arhiva.vistina.com.mk/humanitarna-politika-dani-vo-nov-dizajn-od-stara-obleka-od-sharenata-revolucija/ Thu, 01 Feb 2018 08:13:28 +0000 http://vistina.mk/?p=11405

„Мрдни со прст“ ја покренаа својата нова хуманитарна акција „Сите стоплени во зима“, во чии рамки се одржа завршната вечер - големата хуманитарна модна ревија во МКЦ - Скопје. На неа 15 македонски модни дизајнери ги претставија своите модни креации направени од стара облека.
Во улога намодели и манекен(к)и пак, се појавија личностите од јавниот живот во македонија кои доброволно го прифатија предизвикот. Идејата - повеќе од добра: старата износена зимска облека која повеќе не ја носиме да им се најде на луѓето од ранливите категории на кои таа им е најпотребна! „Акција за нов живот“ - како што самите ја нарекоа организаторите.
За нов живот, како што замислуваа организаторите или за нова политичка кампања, која некој се обиде да ја протне или во најмала рака да не потсети на своето не така далечно, (не) славно „шарено минато“? Имено, меѓу сите „ѕвезди од модели“ кои ги претставуваа креациите се најде и македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска.  Креацијата ќе ја оценуваат модните критичари, ама она што на прва паѓа в очи на неа, дека наместо хуманитарната порака што треба да ја носи, таа како да ја носи онаа другата... политичката! Моделот кој го носеше пејачката веројатно ќе стопли некого во зима, ама очигледно некој со дизајнот, случајно или намерно се обидел да ги „стопли и срцата“ на своите политички истомисленици,  подметнувајќи политика и политички симболи и асоцијации на една одреден општествена групација и сето тоа под плаштот на хуманоста и модата.
Зашто од креацијата во која беше променета рокерката, ако е веќе стара облека во прашање,  јасно се гледа дека некој истата ја носел за време на големите протести од времето на политичката криза, односно сквернавењето и уништувањето на институциите и културните добра за време на таканаречената „Шарена револуција“!  Или дизајнерот можеби самиот отпосле ја исшарал? Па дури и да не е сето тоа така, посочениот модел несомнено многу наликува и асоцира на тоа, па акцијата наместо хуманитарен, добива политички колорит!
Можеби ова некому му годи и му оди во полза, па задоволно ги трие рацете, ама колку за потсетување... Со „шарените“ и нивното „шарено дивеење“ не се согласуваше повеќе од половина држава, а предизвиканата штета се брои во стотици илјади евра!
Затоа и е неумесно,  уште помалку етички и морално, а најмалку хумано,  воопшто политиката и нејзините симболи да се мешаат во хуманитарни цели. Особено ако само некому му одат во прилог, а останатите ги навредуваат! Ама очигледно, тешко ни оди... Затоа  веќе следниот пат, пред да мрднеш со прст, прво стави го прстот на чело и добро размисли: Што тоа правиш и кому му служиш?!    ]]>

(ФОТО) Ги собраа сите погледи: За убави почетоци во 2018-та – Дани и Кили заиграа среде маркет! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-gi-sobraa-site-pogledi-za-ubavi-pochetoci-vo-2018-ta-dani-i-kili-zaigraa-srede-market/ Thu, 28 Dec 2017 08:24:34 +0000 http://vistina.mk/?p=8025

Како и секоја година, така и оваа, тимот на радио „Бубамара“ го позиционираше својот работен пулт среде еден скопски маркет, од каде традиционално за Нова година ги реализираат интервјуата во живо со јавните македонски фаци. За импресиите, впечатоците, искуствата и желбите во Новата година зборуваа Дани Димитровска и актерот Кирил Поп Христов.
За Дани годината ќе заврши со задоволството дека го издаде албумот „Град за љубов“, а пак Кили повторно на свој терен како и секогаш доминираше со својата неповторлива енергија која не поминува како секојдневно клише.
Па така, одличниот тандем не само што ги забавуваше слушателите на радиото, туку направи вистинско шоу среде маркетот.
Кили ја покани на танц, а пак Дани секако не ја одби понудата и заедно заиграа за крај на старата и убав почеток на 2018-та година.
Направија да им биде интересно, забавно и да имаат уште еден драг заеднички спомен, а пак кај затечените предизвикаа насмевка и секако тема на разговор за тоа што виделе на пазарење.]]>

„Лево десно“ – најновото од Дани (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/levo-desno-najnovoto-od-dani-video/ Wed, 15 Nov 2017 12:29:20 +0000 http://vistina.mk/?p=3736

Дани Димитровска деновове направи голема промоција на својот најнов албум со наслов „Град за љубов”, на кој работеше долго време, но и со причина. Дани и нејзиниот тим на чело со Весна Малинова направија музика создадена со душа, позитивина енергија и музика со многу љубов. На него се најдоа осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови. На прмоцијата беше претставено и видеото за новата „Лево десно“, снимено во центарот на Скопје. Погледнете и слушнете како звучи и изгледа Дани во едно поинакво музичко светло, џезерско, модерно и урбано: https://www.youtube.com/watch?v=Xh0thB_tKt0  ]]>