данела арсовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 13:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png данела арсовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МКЦ повторно на мета на партиски мегдан: Директорот сменет зашто одбил да потпише вработување за Бени Шаќири? https://arhiva.vistina.com.mk/mkts-povtorno-na-meta-na-partiski-megdan-direktorot-smenet-zashto-odbil-da-potpishe-vrabotuvane-za-beni-shakiri/ Wed, 18 Jan 2023 12:19:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284832

„Почитувани, Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста. Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата“. Ова се вели во соопштението кое во вид на јавна објава од Програмскиот колегиум на МКЦ, денес осамна на нивната официјална Фејсбук страница. Дали и колку има вистина во целата приказна, дали е во прашање меѓупартиска пресметка или поточно одмазда, или има други мотиви за чинот на смената, на ред е да се изјасни  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на чија иницијатива се сменети и уште неколку други директори на јавни претпријатија во Скопје. Патем, против рокерот Бени Шаќири кога имаше најави за негово евентуално назначување за директор на МКЦ во 2019 година, имаше петиција во вид  на отворено писмо до тогашниот премиер Зоран Заев, наводно покрената од поединци од МКЦ за која се велеше дека е поддржана од дури 251  граѓани од културно-уметничката сфера. „Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде“ - беше меѓудругото тогаш наведено во отвореното писмо.    

Повеќе на vistina.mk]]>

„Почитувани, Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста. Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата“. Ова се вели во соопштението кое во вид на јавна објава од Програмскиот колегиум на МКЦ, денес осамна на нивната официјална Фејсбук страница. Дали и колку има вистина во целата приказна, дали е во прашање меѓупартиска пресметка или поточно одмазда, или има други мотиви за чинот на смената, на ред е да се изјасни  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на чија иницијатива се сменети и уште неколку други директори на јавни претпријатија во Скопје. Патем, против рокерот Бени Шаќири кога имаше најави за негово евентуално назначување за директор на МКЦ во 2019 година, имаше петиција во вид  на отворено писмо до тогашниот премиер Зоран Заев, наводно покрената од поединци од МКЦ за која се велеше дека е поддржана од дури 251  граѓани од културно-уметничката сфера. „Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде“ - беше меѓудругото тогаш наведено во отвореното писмо.    ]]>
На само неколку дена до Нова Година на скопскиот плоштад (не) се знае кој ќе настапува: Неофицијално – Елена Ристеска, Дупер, Саут парк, фолкерите од Мерак меана… https://arhiva.vistina.com.mk/na-samo-nekolku-dena-do-nova-godina-na-skopskiot-ploshtad-ne-se-znae-koj-kje-nastapuva-neoficijalno-elena-risteska-duper-saut-park-folkerite-od-merak-meana/ Tue, 27 Dec 2022 11:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281750

На само неколку дена пред Нова година, скопската градоначалничка Данела Арсовска не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромашно украсен, а далеку посвечено изгледаат дури и најмалите гратчиња во провинцијата.
Програмата за која се зборува само во кулоарите кој ќе настапува на скопскиот плоштад за Нова година исто така засега не е официјално потврдена. Извесно е дека главна ѕвезда е одбрана да биде поп пејачката Елена Ристеска, иако никој тоа од Град Скопје не го потврдил, ниту пак објаснил по кој критериум токму неа ја одбрале. Да не се пофалеше и не обзнанеше самата Ристеска на својот Инстаграм профил пошироката јавност не ќе знаеше дали воопшто нешто ќе се случува на плоштадот во македонската престолнина, вечерта за Нова Година.
„На 31ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена“ - напиша Ристетска на Инстаграм, меѓу редови најавувајќи дека покрај неа ќе настапуваат и други естрадни изведувачи и групи. Неофицијално се зборува дека покрај Елена Ристеска вечерта на 31-ви ќе настапат и скопските бендови „Дупер“ и „Саут парк“. За фолк забавата се зборува дека ќе се погрижи екипата од популарната ТВ емисија на Сител, „Мерак меана“ со настапи на познатите македонски фолк ѕвезди: групата Скопски боеми, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други. Прославата се планира да започне околу 21 часот со настапот на „Саут парк“ кои ќе изведуваат познати светки хитови, а во Новата Година да се влезе со настапот на Елена Ристеска. Ова засега се' уште се само неофицијални информации, кои ни градоначалничката Данела Арсовска, ниту било кој друг од  Градот Скопје, ниту ги негира, ниту ги потврдува. Со тоа мистеријата околу годинешниот дочек на новата 2023 година на плоштадот во македонската престолнина, се сведува на „предновогодишна дочек криенка“.


Повеќе на vistina.mk]]>

На само неколку дена пред Нова година, скопската градоначалничка Данела Арсовска не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромашно украсен, а далеку посвечено изгледаат дури и најмалите гратчиња во провинцијата.
Програмата за која се зборува само во кулоарите кој ќе настапува на скопскиот плоштад за Нова година исто така засега не е официјално потврдена. Извесно е дека главна ѕвезда е одбрана да биде поп пејачката Елена Ристеска, иако никој тоа од Град Скопје не го потврдил, ниту пак објаснил по кој критериум токму неа ја одбрале. Да не се пофалеше и не обзнанеше самата Ристеска на својот Инстаграм профил пошироката јавност не ќе знаеше дали воопшто нешто ќе се случува на плоштадот во македонската престолнина, вечерта за Нова Година.
„На 31ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена“ - напиша Ристетска на Инстаграм, меѓу редови најавувајќи дека покрај неа ќе настапуваат и други естрадни изведувачи и групи. Неофицијално се зборува дека покрај Елена Ристеска вечерта на 31-ви ќе настапат и скопските бендови „Дупер“ и „Саут парк“. За фолк забавата се зборува дека ќе се погрижи екипата од популарната ТВ емисија на Сител, „Мерак меана“ со настапи на познатите македонски фолк ѕвезди: групата Скопски боеми, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други. Прославата се планира да започне околу 21 часот со настапот на „Саут парк“ кои ќе изведуваат познати светки хитови, а во Новата Година да се влезе со настапот на Елена Ристеска. Ова засега се' уште се само неофицијални информации, кои ни градоначалничката Данела Арсовска, ниту било кој друг од  Градот Скопје, ниту ги негира, ниту ги потврдува. Со тоа мистеријата околу годинешниот дочек на новата 2023 година на плоштадот во македонската престолнина, се сведува на „предновогодишна дочек криенка“.
]]>
Скопје ќе добие улица со името на Аки Рахимовски https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-kje-dobie-ulica-so-imeto-na-aki-rahimovski/ Fri, 28 Jan 2022 10:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236662

Македонската престолнина Скопје ќе добие улица која ќе го носи името на легендарниот починат пејач на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, обзнани градоначалничката на главниот град, Данела Арсовска. „Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме“. „Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски“ - напиша та на својот фејсбук профил,споделувајќи видео од нејзината последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, каде пејачот гордо ги поздравил со македонските песни кои нему лично му беа најдраги. Градоначалничке... Данела... Скопје и скопјани „те држат за збор“!

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската престолнина Скопје ќе добие улица која ќе го носи името на легендарниот починат пејач на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, обзнани градоначалничката на главниот град, Данела Арсовска. „Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме“. „Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски“ - напиша та на својот фејсбук профил,споделувајќи видео од нејзината последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, каде пејачот гордо ги поздравил со македонските песни кои нему лично му беа најдраги. Градоначалничке... Данела... Скопје и скопјани „те држат за збор“! ]]>
Регионалните медиуми не престанаа да пишуваат: Која е Данела Арсовска – жената која преживеа „бугарска афера“ и го доведе Заев до оставка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/regionalnite-mediumi-ne-prestanaa-da-pishuvaat-koja-e-danela-arsovska-zenata-koja-prezivea-bugarska-afera-i-go-dovede-zaev-do-ostavka-foto/ Mon, 01 Nov 2021 13:54:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225467

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград. "</p Регионалните медиуми непрестанато пишуваат за Арсовска – жената која преживеа „бугарска афера“ и го доведе Заев до оставка! Сношти, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција. Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера“, а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години“ објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде“ пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми. Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ“ го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан. ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот“ и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија“. -Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ. Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава. Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан“, како и дека ќе дојде друг преставник од  Македонија.

Повеќе на vistina.mk]]>

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград. "</p Регионалните медиуми непрестанато пишуваат за Арсовска – жената која преживеа „бугарска афера“ и го доведе Заев до оставка! Сношти, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција. Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера“, а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години“ објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде“ пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми. Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ“ го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан. ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот“ и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија“. -Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ. Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава. Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан“, како и дека ќе дојде друг преставник од  Македонија.]]>
Скопски муабети: Данела Арсовска на средба со Бени Шакири (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/skopski-muabeti-danela-arsovska-na-sredba-so-beni-shakiri-foto/ Thu, 28 Oct 2021 12:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225079

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, Арбен Бени Шакир, кој отпадна во првиот круг на локалните избори. -Скопски муабети, напиша Арсовска на Фејсбук. Инаку, Шакири, неодамна при гостување во дневникот на ТВ Сител објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и кажа дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг. -Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител. Шакири исто така, по првиот круг од локалните избори, истакна дека нема коментар за изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.  

Повеќе на vistina.mk]]>

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, Арбен Бени Шакир, кој отпадна во првиот круг на локалните избори. -Скопски муабети, напиша Арсовска на Фејсбук. Инаку, Шакири, неодамна при гостување во дневникот на ТВ Сител објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и кажа дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг. -Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител. Шакири исто така, по првиот круг од локалните избори, истакна дека нема коментар за изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.  ]]>
ДНК на естрадно-градоначалничка средба со Данела Арсовска: „Мајка си е мајка, татко може да ти биде секој“! https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-na-estradno-gadonachalnichka-sredba-so-danela-arsovska-majka-si-e-majka-tatko-moze-da-ti-bide-sekoj/ Thu, 28 Oct 2021 07:50:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224924

Во екот на кампањартта пред вториот круг локални избори во трката за иден градоначалник на Скопје, меѓу многубројните средби со граѓаните, од обичните луѓе до познатит и јавни личности, независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска имаше и една естрадно-градоначалничка средба. Панчо и Андреј од ар ен би дуото ДНК се најдоа во разговор со Данела, за она што значи македонска естрада, условите во кои работат и егзистираат естрадните уметници, културните настани, градските културни институции, настаните, настапите, концертите, фестивалите... Со еден збор, уметничкиот живот на естраата, естрадните уметници и артисти. Панчо задоволен од разговорот и ветеното доколку Данела Арсовска стане идната градска „мајка“ на македонската престолнина - Скопје, рече дека ја држа за збор за сите нејзини ветувања, па се огласи со свој статус и фотографија на социјалните мрежи, во кој напиша: „Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена. Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалничка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено, место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни и најбитното дека будно ќе го следи и чува наше мило Водно и силно ќе се бори против урбаната мафија и неговото уништување. Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој“. ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои израснала и со кои и ден, денес комуницира.

Повеќе на vistina.mk]]>

Во екот на кампањартта пред вториот круг локални избори во трката за иден градоначалник на Скопје, меѓу многубројните средби со граѓаните, од обичните луѓе до познатит и јавни личности, независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска имаше и една естрадно-градоначалничка средба. Панчо и Андреј од ар ен би дуото ДНК се најдоа во разговор со Данела, за она што значи македонска естрада, условите во кои работат и егзистираат естрадните уметници, културните настани, градските културни институции, настаните, настапите, концертите, фестивалите... Со еден збор, уметничкиот живот на естраата, естрадните уметници и артисти. Панчо задоволен од разговорот и ветеното доколку Данела Арсовска стане идната градска „мајка“ на македонската престолнина - Скопје, рече дека ја држа за збор за сите нејзини ветувања, па се огласи со свој статус и фотографија на социјалните мрежи, во кој напиша: „Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена. Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалничка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено, место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни и најбитното дека будно ќе го следи и чува наше мило Водно и силно ќе се бори против урбаната мафија и неговото уништување. Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој“. ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои израснала и со кои и ден, денес комуницира.]]>
Данела Арсовска вратена од пред врата на зградата на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда: Шилегов и забрани влез? https://arhiva.vistina.com.mk/danela-arsovska-vratena-od-pred-vrata-na-zgradata-na-teritorijalnata-protivpozarna-edinica-avtokomanda-shilegov-i-zabrani-vlez/ Tue, 05 Oct 2021 12:49:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221849

Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица - Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје, информираат од нејзиниот прес центар. „Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на  противпожарната скала“, истакна Арсовска. Таа додаде дека била во неможност да  поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје. „Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска.


Повеќе на vistina.mk]]>

Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица - Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје, информираат од нејзиниот прес центар. „Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на  противпожарната скала“, истакна Арсовска. Таа додаде дека била во неможност да  поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје. „Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска.
]]>
Советник во кабинетот на премиерот Заев со погрдни зборови ја нарече Данела Арсовска, Перо – „Камиказа“ културно „го олади“ некултурниот владин чиновник (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sovetnik-vo-kabinetot-na-premierot-zaev-so-pogrdni-zborovi-ja-nareche-danela-arsovska-pero-kamikaza-kulturno-go-oladi-nekulturniot-vladin-chinovnik-foto/ Mon, 30 Aug 2021 09:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217192

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо - Камиказа е веќе обзнането дека е независен кандидат  за градоначалник на Град Скопје, поддржан од  партијата Левица на претстојните локални избори. Советникот во владата на премиерот Зоран Заев, Дејан Николовски на Фејсбук се обиде да го испровоцира Георгиевски, упатувајќи провокативни статуси до Камиказа, во кои при тоа со навредливи и крајно недолични зборови ја нарече Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, која ја има поддршката на ВМРО - ДПМНЕ . „Перо, у втор круг гласовите ќе му ги дадеш на имењакот или на спонзорушата на Грујчо. Нормално ако има втор круг“ - напиша недоветниот Николовски, на што Камиказа не остана рамнодушен, па возврати: „Имењакот со сигурност не влегува во втор круг, а за дама, без разлика на твоето мислење за неа, во најмала рака е недолично“, Камиказа културно го спушти на земја „некултурниот“ владин чиновник од редовите на СДСМ!

Повеќе на vistina.mk]]>

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо - Камиказа е веќе обзнането дека е независен кандидат  за градоначалник на Град Скопје, поддржан од  партијата Левица на претстојните локални избори. Советникот во владата на премиерот Зоран Заев, Дејан Николовски на Фејсбук се обиде да го испровоцира Георгиевски, упатувајќи провокативни статуси до Камиказа, во кои при тоа со навредливи и крајно недолични зборови ја нарече Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, која ја има поддршката на ВМРО - ДПМНЕ . „Перо, у втор круг гласовите ќе му ги дадеш на имењакот или на спонзорушата на Грујчо. Нормално ако има втор круг“ - напиша недоветниот Николовски, на што Камиказа не остана рамнодушен, па возврати: „Имењакот со сигурност не влегува во втор круг, а за дама, без разлика на твоето мислење за неа, во најмала рака е недолично“, Камиказа културно го спушти на земја „некултурниот“ владин чиновник од редовите на СДСМ! ]]>
ВМРО-ДПМНЕ застана зад кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/vmro-dpmne-zastana-zad-kandidaturata-na-danela-arsovska-za-gradonachalnik-na-skopje/ Sun, 29 Aug 2021 13:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217129

Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може надпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Данела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. „Жена која го предводи сојузот на стопснки комори на Македонија. Прогласена е за најдобар женски во деловниот свет во југоисточна Европа. Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот. Убеден сум дека Данела ќе победи во оваа трка најзначајна за Скопје“, кажа Мицкоски.

Повеќе на vistina.mk]]>

Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може надпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Данела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. „Жена која го предводи сојузот на стопснки комори на Македонија. Прогласена е за најдобар женски во деловниот свет во југоисточна Европа. Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот. Убеден сум дека Данела ќе победи во оваа трка најзначајна за Скопје“, кажа Мицкоски.]]>
Данела Арсовска – независен кандидат за град Скопје се сретна со Арбен Таравари и Беким Сали: Квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани https://arhiva.vistina.com.mk/arsovska-se-sretna-so-taravari-na-skopje-i-skopjani-neophodni-im-se-kvalitetni-i-efikasni-reshenija/ Sun, 29 Aug 2021 10:14:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217123

Данела Арсовска, независен кандидат за град Скопје оствари средба со генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Тарвари, при што беше заклучено дека неопходни се квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани. -Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани, објави на својата Фејсбук страница Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Повеќе на vistina.mk]]>

Данела Арсовска, независен кандидат за град Скопје оствари средба со генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар Арбен Тарвари, при што беше заклучено дека неопходни се квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани. -Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани, објави на својата Фејсбук страница Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје. ]]>