Дане Јованов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Mar 2020 11:56:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Дане Јованов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонското вино е најдобриот бренд амбасадор на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskoto-vino-e-najdobriot-brend-ambasador-na-makedonija/ Tue, 03 Mar 2020 11:42:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137233

Македонските винарии ја започнаа успешно 2020та година со овојување на рекордни 42 награди на „Мундус вини“ На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус вини“ кој по 26ти пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18ти до 23ти Февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат од 45 земји.
Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени.
Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија. Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија“ во рамките на „Мундус Вини“ на 22ри Февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата Вранец, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од МЗШВ преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари. На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои: Винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и 1 сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz  и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна  марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia. Винарија Стоби освои 6 златни и 1 сребрен медал пред сè за вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia. Винарија Камник се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker's selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016. Винарија Тиквеш со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското вино Terrasse à l'Ombre 2018 од Château de Gourdon која е под истиот бренд. Винарија Попов исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од винариите Венец, Сопот и Лазар, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на Винарија Бовин и 2 вина на Винарија Имако. Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата Вранец, а 10 вина се купажи од  Вранец со други сорти. Вранецот е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.]]>

Нова винарска визба во неготинско Дисан https://arhiva.vistina.com.mk/nova-vinarska-vizba-vo-negotinsko-disan/ Thu, 16 May 2019 11:07:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88278

Словенечката винарија Пуклавец отвора „бутик“ винарска визба во Неготино. Со оваа вредна инвестиција Пуклавец го проширува својот асортиман со производството на црвени вина од македонско грозје. Вината што ќе се произведуваат во неготинската винарија, новиот бренд на Пуклавец, ќе бидат класифицирани во три квалитативни сегменти и на пазарот ќе се пласираат под името Инстинкт. Достапни за продажба ќе бидат до крајот на годината.
„Со инвестицијата во винарската визба во Неготино, само ја прошируваме целта и визијата што ја имаме воопшто во Пуклавец, а тоа е производство на вина кои можат да се натпреваруваат со најдобрите светски вина на меѓународните пазари. Македонското виногорје е познато по црвените раси, а македонските црвени вина се познати по богатството на вкусот, зрели и комплексни ароми. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари и токму тоа ќе го понудиме. Нашата првична амбиција, да бидеме меѓу најдобрите производители на вино во светот, расте и се засилува токму со винаријата во Северна Македонија, што ќе ни овозможи дополнително растење, развивање и збогатување на портфолиото на Пуклавец“, изјави Владимир Пуклавец, сопственик на семејната винарија.
Семејната винарија Пуклавец веќе присутна на меѓународните вински пазари, имаше потреба од развој на производство на црвено вино, бидејќи во Словенија климатската состојба не е толку податлива за производство на црвени вина. Одлуката да се инвестира во производство на црвени вина во Македонија, стана активна во 2011 година. На локалните лозја Пуклавец има засадено Мерло, Каберне Совињон и локалното Вранец.
„Винаријата Пуклавец има долга традиција и знаење за производство на квалитетни вина. Успехот го постигна применувајќи специфичен пристап во работата со поддржување на природниот начин на производство на вино, со минимални интервенции врз грозјето и многу внимание во развојот и созревањето на виното. Македонското виногорје совршено се вклопува во ваквиот начин на производство. Тиквешкиот регион, каде што се наоѓа винаријата, со сувите, топли и долги лета, релативно студените зими, ридскиот пејзаж, лоциран помеѓу 250 и 400 метри надморска височина и уникатниот тероар богат со минерали нуди совршени услови. Сето тоа создава уникатни услови за производство на премиум црвени вина“, вели Дане Јованов, менаџер на винаријата во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го поздрави успешно завршениот циклус на инвестиции и отворањето на винаријата:
„Особено ми е драго што со Владата на Република Словенија имаме навистина одлична институционална соработка, којашто покажа и потврди во периодот дека имаме сериозна поддршка во нашите мерки, планови и политики што ги креираме. Минатата година бевме и земја партнер на еден од најзначајните саеми во Република Словенија, бевме и во Ормож и ја посетивме токму и оваа винарија, а денеска сме тука во Дисан, во Неготино, каде што отвораме една нова приказна.”
Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра, а почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно. Семејната винарија Пуклавец е познат и почитуван вински бренд од Словенија, каде што досега се произведуваа најмногу бели и пенливи вина. Семејството Пуклавец се врати во винската приказна, започната од Мартин Пуклавец во 1934 година, пред точно десет години и континуирано расте и се проширува. Со спојувањето на винарските визби Ормож и Љутомер, семејните вина Пуклавец почнаа да пишуваат ново поглавје фокусирано на производство на високо квалитетни вина. Брендовите на Пуклавец се присутни на бројни светски пазари, вклучувајќи Велика Британија, Бразил, Полска, Холандија, Хрватска, три пат по ред се наградени како Винарија на годината во Словенија, а поседуваат и други многубројни реномирани вински признанија, како што се Decanter Platinum за најдобро словенечко бело вино.
 ]]>