дамјан стојаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Aug 2020 08:17:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дамјан стојаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Војо Стојановски и негов музички наследник – Дамјан, стана татко (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-vojo-stojanovski-i-muzichki-naslednik-damjan-stana-tatko-foto/ Wed, 26 Aug 2020 07:41:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164606

Еден од најдобрите и најперспективни млади македонски фолк пејачи, Дамјан Стојаноски и неговата сопруга Елена Билеска станаа родители – добија машко чедо. За убавата вест и приновата кај синот на легендата на македонската изворна песна, покојниот Војо Стојановски, се пофали мајката на Дамјан, новинарката Евица Камберова-Стојаноска, која напиша дека од денеска има нова животна улога – баба. Фото: Фејсбук/Евица Камберова - Стојаноска За потсетување, Дамјан и неговата сакана Елена се свршија во месец февруари годинава. Во меѓувреме, младиот македонски фолк пејач полека ја гради сопствената кариера, продолжувајќи го патот на татко му, кој како и Војо, во своите песни длабоко ја негува македонската изворна традиција.]]>

Дамјан Стојаноски случка од својот живот преточи во емотивна фолк балада – „Останав сам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-stojanoski-sluchkata-od-svojot-zivot-ja-pretochi-vo-emotivna-folk-balada-ostanav-sam-video/ Thu, 23 Apr 2020 12:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146266

Најновата песна на наследникот на легендарниот Војо, неговиот син Дамјан Стојаноски, која носи наслов „Останав сам”, веднаш штом се појави наиде на многу позитивни реакции во јавноста. Се работи за еден вид емотивна фолк балада на која како автор на музиката и стиховите се потпишува самиот Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски, додека песната е снимена кај Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“. Доказ дека она што е добро народот самиот веднаш го прифаќа се бројните коментари на социјалните мрежи кои Дамјан ги добива секојдневно, но и коментарите на неговиот Јутјуб канал каде што е објавен спотот. “Ех само колкумина ќе се пронајдат во песната, но само луѓе со чисто и искрено срце можат да го почувствуваат тоа. Браво Легендо” ! “Секоја чест братче, ме наежи.” “Ежењее братче , ја испеа суровата реалност во денешниов свет. Да ми живејш !” Секоја чест... Ако не пее тој на мојата свадба, не се женам” - само некои од коментарите. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дамјан откри дека станува збор за емотивна балада во која што се опејува вистинска случка од неговиот личен живот. „Песната се вика 'Останав сам' и некој можеби ќе си рече: Како сам, тука му е семејството, но тоа 'сам' е малку метафорично кажано, бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома седејќи пред пред каминот. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето“- истакна Дамјан. Вие преслушајте ја ако до сега не сте ја слушнале и погледнете го видеото за новата песна „Останав сам“ на Дамјан Стојаноски: https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=igSn45KSjdg&feature=emb_logo  ]]>

Се сврши синот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски: Дамјан Стојаноски реши да донесе дома млада невеста! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-svrshi-sinot-na-makedonskata-folk-legenda-vojo-stojanoski-damjan-stojanoski-reshi-da-donese-doma-mlada-nevesta-foto/ Mon, 10 Feb 2020 08:18:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133349

Еден од најдобрите и најперспективни млади македонски фолк пејачи, Дамјан Стојаноски, ја побара својата девојка Елена Билеска за жена. Синот на легендата на македонската изворна песна, покојниот Војо Стојановски на својата мајка, новинарката Евица Камберова-Стојаноска и донесе неописива радост. Тој и неговата свршеничка официјално кажаа ДА и нивната љубов ќе биде крунисана со заеднички живот. И токму како што вели антологиската песна на неговиот татко Војо: „Ти донесов млада невеста, јас ја сакам од срце, деца мајко да ми изроди, родот да ми продолжи“... така некако отприлика чинот на одлука за заеднички живот и свршувачката на својот син ги доживеа и мајката на Дамјан, која сподели заедничка фотографија со младите, синот и идната снашка, па покрај неа и самата ја изрази својата огромна радост: „Дамјан и Елена официјално, кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа...Да се среќни и вечни!“ - се зборовите со кои ги благослови мајката и идна свекрва младите. Инаку Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога почина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол. „Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“ - вели Дамјан и додава: „Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“ - открива тој. Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија! Редакцијата на Вистина.ком.мк  на младите им посакува да се среќни и вечни и секако... многудетно семејство! https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/damjan-stojanovski-so-novata-pesna-kje-ve-naezi-nikogash-severna-audio/]]>