дамјан пејчиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дамјан пејчиновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Силви бенд“, Џон Апелгрен и Дамјан Пејчиновски со заедничка латино смут џез балада ќе ве внесат – „Како во сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-dhon-apelgren-i-damjan-pejchinovski-so-zaednichka-latino-smut-dhez-balada-ke-ve-vnesat-kako-vo-son-video/ Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332811

Влатко и Силви или обајцата попознати како „Силви бенд“ со децении упсешно опстојуваат на македонската естрадна сцена. Токму на ова брачно - музичко дуо, во нивната семејна хармонија им се приклучија уште две познати имиња. Најдобриот македонски џез изведувач Џон Апрелгрен и гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиновски,па сите здружени дадоа секој свое парче умешност и душа во нивната заедничка тема во вид на  латино смут џез балада „како во сон“ со која полека ќе ве внесат во новогодишното расположение пред дочекот на Новата 2024 година. Автор на оваа ненаметливо, а сепак толку слушливо музичко парче е Бобан Мучиќ, текстот е на Силвана Мучиќ  Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш. Покрај несомнено маестралната свирка, Силви и Џони уште еднаш ги потврдуваат своите вонсериски вокални можности, со својот сугестивен ненаметлив, а толку впечатлив вокал, која за ваков тип на музика бара посебно умешна изведба. Се разбира тука се и гитарските делници, особено забележливи во акустичното латино џез соло на Пејчин, кој по кој знае кој пат ја потврдува својата гитарска класа. Пеењето по принципот малку соло, малку дует, малку на македонски малку на англиски и дава необична нота и дополнителна доза на шарм на темата која бргу влегува во уши и го освојува срцето. Кога  сето тоа ќе се naдополни со визуелизацијата во која покрај споменатите изведувачи главни протагонисти се младата латино танчарска двојка која и дава доплнителен шарм и топлина на целокупната атмосфера создадена од  звучната слика која го милува слухот, станува јасно дека имаме можеби за овие времиња нетипична музичка тема, но затоа иден евергрин класик кој останува засекогаш. Како сето тоа звучи и изгледа кога Силви, Влатко, Џон, Пејчин и младите танчари ќе се обидат да ве внесат „Како во сон“ кој ќе посакате уште неколку пати „на repeat да го сонувате“ без сомнение, проследете од видеото во продолжение... ]]>

На зајдисонце во Хрватска: Дамјан Пејчиновски и Roberto Tiranti со безвременска анплагд изведба на „Caruso“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-zajdisontse-vo-hrvatska-damjan-pejchinovski-i-roberto-tiranti-so-bezvremenska-anplagd-izvedba-na-caruso-video/ Mon, 25 Sep 2023 12:07:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319586

Познатиот македонски гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски, заедно со еден од најдобрите вокали во Италија Roberto Tiranti, кој што има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti и Gianni Morandi, на зајдисонце на островот Шолта во Хрватска снимија безвременска изведба на незаборавната „Caruso“ од Lucio Dalla. „Caruso“ – една од најубавите италијански песни во Martinis-Marchi марината. Беше вистинско задоволство да се настапува овде два дена со мојот пријател и неверојатен пејач Roberto Tiranti. Тој е еден од најдобрите гласови во Италија, со неверојатен опсег на гласот. Има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti, Gianni Morandi, прогресив рок бендот Labyrinth и многу други“, изјави Дамјан Пејчиновски. Италијанскиот пејач и автор Lucio Dalla ја напиша „Caruso“ во 1986 година и е посветена на познатиот италијански тенор Enrico Caruso. Во продолжение, проследете ја оваа фасцинантна изведба на безвременската „Caruso“. ]]>

Никола Мицевски со ново музичко ремек дело во вонвременската – „Time” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-micevski-so-novo-muzichko-remek-delo-vo-vonvremenskata-time-video/ Fri, 25 Feb 2022 13:44:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240805

По првиот сингл „Круг” нашиот  композитор Никола Мицевски, денес го промовира и својот втор  сингл насловен „Time” кој е дел од неговиот албум „Nеw Era”. Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески. „Time” е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика“  -  вели  Мицевски. Музиката и аранжманот ги потпишува самиот Никола Мицевски. Како гостинво темата се појавува веќе споменатиот гитарист  Дамјан Пејчиноски, а целат ем звучи фасцинантно потсетувајќи на тврештвото на најголемите мајстори во овој музички жанр, како што се грчките компоитори и инструменталисти Вангелис или Јани. Музиката е снимена во студиото „XL Момироски“, каде оваа музичка тема е и продуцирана. Темата „Време“ е визуелизирана со уште едно одлично видео а кое како комплетен автор (режија, сценарио и камера) се потпишува  Даниел Јовески. Како звучи и изгледа вонвременста изведба на „Време“ (Time) на Николче Мицевски, проследете во продолжение: ]]>

Дамјан Пејчиноски со џипси-џез варијација на евергринот „Еден бакнеж“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-pejchinoski-so-dzipsi-dzez-varijacija-na-evergrinot-eden-baknez-video/ Mon, 15 Apr 2019 11:22:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83046

Македонскиот евергрин Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја Зоран Георгиев и Нина Спирова, е една од најпознатите и најпреработувани македонски песни, за која текстот го напиша Христо Крстевски, музиката Петар Пешев, а аранжманот го направи легендарниот Драган Ѓаконовски Шпато.
Освен вокалните интерпретации на бројни македонски изведувачи, исто толку воодушевуваат и инструменталните верзии, како што е и штотуку објавената од нашиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски, овој пат во џипси-џез стил.
За новото руво на „Еден бакнеж“, тој ги здружи силите со колегата Емир Хот, со кого соработува веќе подолго време, а на виолина гостува Љубомир Толумбаџиев. Во создавањето учествуваа уште и Горан Гешовски на контрабас и Николче Мицевски на перкусии, а аудио-миксот и мастерингот ги направи Микјал Хванастајн во студиото „Мајк“ на Фарските Острови.
Еден бакнеж“ е дел од новиот проект кој Пејчиноски го подготвува со Емир Хот, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=yks0SBcXqPE Извор:РадиоМК]]>

Дамјан Пејчиноски со Малдиви џез сесија – „Daphne“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-pejchinoski-so-maldivi-dzez-sesija-daphne-video/ Wed, 13 Mar 2019 13:32:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77439

Македонскиот гитарски виртуоз  Дамјан Пејчиноски зимава претстојуваше на егзотичните Малдиви, каде што уживањето под жешкото сонце на песочните плажи не би било целосно без добра музика, па одлучи да ни прати топли поздрави со пет музички видеа што ги објавуваше изминативе денови на неговиот канал на Јутјуб.
Талентираниот охриѓанец, кој настапува и собира награди ширум целиот свет, во рамките на оваа „Малдиви-џез сесија“ и во џипси-џез стил ни ги претстави темите: „Bellevilee“, „Swing 42“, „Limehouse Blues“, „Minor Blues“ и „Daphne“, заедно со колегите како „Дамјан Пејчиноски квартет“.
За миксот и мастерингот на аудиото се погрижи Горан Гешовски, зад камерата беше Ивана Чинговска, а видео-монтажата ја направи Борче Димоски.
Како изгледа и звучи дел од оваа егзотична музичка анплагд приказана, дознајте во продолжение од темата „Daphne“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=37&v=OFhU8K5M5QE .]]>

Заеднички концерт на Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/zaednichki-koncert-na-damjan-pejchinoski-kvartet-i-dzon-ilija-apelgren-vo-ohrid/ Mon, 06 Aug 2018 11:50:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41685

В четврток, 9 август, на плажата „Куба либре“ во Орид заеднички концерт ќе одржат Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен, а специјален гостин ќе им биде бугарскиот виолинист Љубомир Тулумбаџиев.
Заедно со нив ќе свират и Иван Петровски на ритам-гитара и Горан Гешовски на бас-гитара. Концертот е отворен за сите љубители на музиката на овие виртуози, а почетокот е закажан во 22.00 часот. https://www.youtube.com/watch?v=V0xeo39x9Vs&app=desktop  ]]>