дамир розман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2017 07:57:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дамир розман – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Розман дипломираше и еве кому му ја посвети дипломата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-diplomirashe-i-eve-komu-mu-ja-posveti-diplomata-foto/ Thu, 23 Nov 2017 07:57:53 +0000 http://vistina.mk/?p=4471

Таа важи за една од најубавите девојки во Македонија, барем кога се јавните личности во прашање. Впрочем, не попусто е манекенка, топ модел и мисица која освоила безброј домашни и меѓународни награди, признанија, ленти, дијадеми...
Но, во исто време Емилија Розман која важи и за една од најскромните девојки во шоу-бизнисот, ако тој во Македонија воопшто така може да се нарече,  отсега е и една од наједуцираните манекенки.
Имено, убавата Емили неодамна дипломираше на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Но и покрај сите пофалби и честитки кои ги доби за дипломирањето, при овој свечен чин Емилија не заборави на една многу важна работа... Не заборави дека ќе беше многу посреќна, а чинот многу посвечен да беше покрај неа тука и тој... нејзиниот неодамна починат татко, Дамир. Затоа во тие мигови на поделена радост и тага, на среќа и празнина во душата Емилија се реши на потег кој ретко кој го направил: Јавно да му се заблагодари и на еден начин да му ја посвети дипломата на татка си!
„ЗА ТЕБЕ ТАТО. Дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија односно специјална едукација и рехабилитација при Филозофски Факултет. Се надевам дека гледаш од некаде и се смееш. Те сакам“ - напиша таа во постот покрај фотографијата на која се гледа како овој свечен чин го посветува  во спомен на нејзиниот покоен татко, на нејзиниот Дамир!
]]>