дамир пух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Mar 2024 13:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дамир пух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ve-nosi-niz-ognot-na-lubovniot-pekol-vo-inferno-video/ Fri, 01 Mar 2024 13:36:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340843

Измина една година од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, по што Наташа Миха се враќа на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото музичко парче, песна во која доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив, песна која беше пуштена во радио етерот и виделината на денот премиерно ја здогледа објавена на 27 февруари заедно со видеозапис. Инспирацијата за „Инферно“ лежи во стилот на музицирање и музиката од 90-тите кога светот беше опсипан и со најголем број квалитетни хитови. „Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ-листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и се рефлектираат во она што сум денес“. Високиот стандард што го поставија со "Мерлин Монро" е задржан и надграден така што македонската музичка сцена доби нов врвен музички тандем! „Ова e песна на која заедно со Дамир Пух посветивме многу труд и време за секој детаљ да си дојде на своето место. Ако „Мерлин Монро“ е песната за се што не сум, "Инферно" е сублимат на се' што сум“ - ќе каже пејачката. Зад музиката на „Инферно“ се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа, а аранжманот на Дамир. Освен учеството во креативниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје. За видеозаписот на песната бил задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. К ако звучи и изгледа нивниот „оган во срцето на светот“ во „Инферно“, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski/ Thu, 09 Nov 2023 12:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326222

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали. Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита. спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“. Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски. Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ - воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло. Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Новиот албум “Divergence” на Дамир Пух достапен на сите стриминг платформи: Слоевита, интензивна и бескомпромисна гитарска музика (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-album-divergence-na-damir-puh-dostapen-na-site-striming-platformi-sloevita-intenzivna-i-beskompromisna-false-negative-audio/ Fri, 18 Nov 2022 12:04:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276504

„Со големо задоволство сакам да споделам дека мојот нов соло-албум „Divergence” од денес е достапен на сите големи стриминг платформи за музиката да допре до пошироката публика“ - вели во своето неодамнешно соопштение македонскиот музички артист  и гитарски виртоуз, Дамир Пух и појаснува:. “Поминаа повеќе од 5 години од издавањето на мојот деби-албум “Recollection”, и сметам дека “Divergence” совршено го отсликува овојпериод на зреење, еволуирање и дефинирање како комплетен музичар и артист. Во овие 5 години имав привилегија да работам на музика што припаѓа и на комерцијалната и на алтернативната сцена, како и да соработувам со одлични музичари од Македонија и од странство. Дел од тоа искуство е преточено на овој албум, спакувано во естетска рамка која мене лично ми нуди најголема слобода во музичкиот израз“ Инаку, албумот содржи девет песни, од кои осум се нови и досега необјавени дела. Стилски, албумот се наоѓа во рамките на модерниот, инструментален прогресивен метал, со силни електронски влијанија, сепак задржувајќи гостилот и уникатниот печат на Дамир како гитарист и продуцент. Освен дигитално, албумот е издаден и како физичко издание (CD) во лимитиран тираж. Музиката која ја сработив е слоевита, интензивна и бескомпромисна. Зад неа се потпишувам како целосен автор, изведувач и продуцент и истата е реализирана на највисоко свирачко и продукциско ниво. Искрено се надевам дека љубителите на овој тип на музика ќе уживаат во ова издание и дека ќе ги инспирира музичарите од помладата генерација да продолжат да творат и да ја збогатуваат македонската алтернативна сцена“ - заклучува Пух. Слушнете како звучи ова најново албумско издание насловено “Divergence” на македонскиот гитарски виртоуз Дамир Пух (КЛИКНИ ТУКА):   ]]>

Наташа Миха до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот во музичка трансформација како – „Мерилин Монро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-do-site-koi-drzat-do-svoeto-i-uzivaat-vo-zivotot-vo-muzichka-transformacija-kako-merilin-monro-video/ Tue, 15 Nov 2022 10:22:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275831

Наташа Миха неодамна издаде нова песна со наслов „Мерилин Монро“ со која го најавува новиот албум што треба да се појави во средината на декември. За синглот е снимен и видеоспот со атрактивна содржина. За новата песна, Миха вели дека има порака и е своевидна поддршка до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот. „Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.“   Новиот сингл „Мерилин Монро“ е комплетно авторско дело (музиката и текстот) на Наташа, а на аранжманското обликување заедно работеа со Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир ги изработи миксот и мастерингот. Видеозаписот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во видеото како модел се појавува Калтрина Круезиу, која ја има улогата на современата Мерилин Монро. Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски . Наташа, која на македонската сцена се наметна како впечатлив и моќен вокал е академски образуван музичар. Кариерата ѝ започнува во 2020 година со објавувањето на песните: „Кругот“ и „Пеперутка“, а по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“. Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот „Station: Innermost“ со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови. Соработувала со повеќе музичари, меѓу кои и клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper …). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а меѓу последните настапи беа предгрупа на „Deep Purple.“ Како звучи и изгледа нејзината музичка трансформација во „Мерлин Монро“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Македонскиот гитарски виртуоз Дамир Пух го претстави својот „звучен неонски оган“ во – „Neon Flame“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-gitarski-virtuoz-damir-puh-go-pretstavi-svojot-zvuchen-neonski-ogan-vo-neon-flame-video/ Thu, 22 Sep 2022 12:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268288

Познатиот македонски гитарски виртуоз од помладата генерација Дамир Пух го објави својот нов сингл „Neon Flame“. Се работи за инструментална нумера, на која Дамир се потпишува и како продуцент и композитор, а го има изработено и миксот и мастерот на песната. „Друштво, со задоволство ви го претставувам новиот сингл Neon Flame, кој воедно е најава за мојот нов соло албум "Divergence", кој излегува на 17ти ноември“ - напиша Пух на својот Фејсбук профил. „Neon Flame“ е енергична и модерна композиција, со уникатен спој на стилови, која внесува свежина на прогресивната сцена. Со својата слоевитата ритмичка и хармонска структура, обоена со храбра експресија на електрична гитара, Neon Flame сеопфатно го отсликува времето во кое сите живееме. „Neon Flame“ е визуелизирана со видеоанимација која е изработена од артистот под псевдоним Aiplague, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење врз зададени параметри од кои се креира сцена и движење. Сето ова резултира со анимација со моќен современ печат која придонесува за несекојдневно аудио-визуелно доживување на песната. Инаку, најавениот албум „Divergence” е продолжение на авторскиот опус на Дамир, после деби-албумот „Recollection”, издаден во 2017-та година. Освен како соло-артист Дамир е активен како продуцент и гитарски инструктор на престижната светска платформа JTC Guitar. Дамир е и основач на прогресивниот рок бенд „Station: Innermost“, со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови, остварено соработки со артисти како Derek Sherinian (Billy Idol, Allice Cooper, ex-Dream Theater) и настапувано како предгрупа на Deep Purple. Во продолжениње, проследете како звучи и визуелно е обоена најновата пилот тема „Neon Flame“ на Дамир Пух (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Мијата во соработка со Теда ви ја претставува најновата песна – ,,Враќање дома” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-vo-sorabotka-so-teda-vi-ja-pretstavuva-najnovata-pesna-vrakjanje-doma-video/ Wed, 25 May 2022 09:48:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251842

Наташа Мијатовиќ попозната како Мијата има нова песна. Музиката е на Александар Пешевски, текстот на Весна Малинова, додека за аранжманот задолжени беа Дамир Пух, Наташа Миха, MIYATTА. Мијата самата е режисер на видео записот за “Враќање дома“. Во оваа песна покрај неа вокално ја надополнува и Теда, чиеполно име и презиме е Теодора Гошева Капсарова, инаку кантавторка и пејачка од помладата генерација. „Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја“ - вели Мијата. Во продолжение проследете ја „Враќање дома“ на Мијата: ]]>

 Наташа Миха има победничка формула во – „Winning Every Game“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-pobednichka-formula-vo-winning-every-game-video/ Tue, 22 Mar 2022 06:39:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243941

„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во  GreenRoom Sound студио во Скопје. „Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка“ -  јавно се заблагодари пејачката на екипата која соработувала со неа во комплетната реализација на новата песна и видеото за неа во која покрај Дамир Пух уште учествувале: Стефан Рајхл - како снимател и режисер на видеото,  во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој бил задолжен за монтажа на видеото. Испеана на англиски јазик, темата звучи зрело и модерно и содржински и музички продукциски... Поп-рок со цврст гитарски призвук и извонреден вокал, што е денес  вистинска реткост да се слушне дури и во европски рамки, а камо ли кај нас. Вистинско оригинално освежување во морето од „компјутерски трап лигавштини“ и некреативни и бледи поп копии. ]]>

D’reamers feat Наташа Миха – „Да исчезне се’“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/d-reamers-feat-natasha-miha-da-ischezne-se-video/ Mon, 31 Jan 2022 13:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236952

Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект „D’Reamers“ ексклузивно ја промовираат своја трета песна „Да исчезне се”. Самата композиција доби и видео запис, кој ви го преставуваме, а истата е снимена во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија. Музиката и текстот за оваа песнасе дело на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го создал аранжманот, ја продуцирал, снимал и го направил мастерингот за песната. Вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот. ]]>

Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-iljada-prichini-i-samo-eden-plan-ti-davam-se-shto-znam-video/ Tue, 23 Nov 2021 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228504

По пауза од една година од излегувањето на нејзината „Пеперутка“, поп пејачката Наташа Миха има нова песна, насловена „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.
„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни„ - вели младата пејачка и додава:
„Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина… „Сé што знам“ е снимена во Green Room Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир. Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев. „Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“ - ви порачува Наташа канејќи да го проследите нејзиното најново остварување во продолжение. ]]>

Дуото „Ние“ ве носат на музичка пловидба по -„Езеро од чај“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duoto-nie-ve-nosat-na-muzichka-plovidba-po-ezero-od-chaj-lirik-video/ Wed, 21 Jul 2021 12:35:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212020

„Ние“ е всушност музичко дуо кое го сочинуваат Стефан Столевски и Марија Штерјовска. Нивната нова песна „Езеро од чај“ е на некој начин музичка автобиографија или како што вели Марија: "Душите ни се најдоа. За нас е всушност песнава, ако подобро размислам. Во езеро од чај се најдовме“ - ќе напише на својот Фејсбук, како што носи и име нивното ново остварување: „Езеро од чај“ на кое автори се самите - Стефан (музика) и Марија (стихови), додека аранжманот го направил виртуозот на гитара Дамир Пух.
Жанровски, песната звучи како зрела амбиентална, езотерична поп балада, на моменти обоена со етно-ворлд призвук и емеотивен лирски текст кој ја отвора душата и допира до најдлабоките емоции. Деталите за соработниците, мулирик видеото и луѓето без кои ниту дуото ниту пеаната немало да се случат, Марија во еден пост ги опишала на својот Фејсбук профил: Не се сеќавам точно која година го напишав текстот (можеби деценија помина), но дефинитивно кога сега би го пишувала, "сродната своја" би стоело во множина зашто во нашево Езеро од чај ни се допреа душите со многу други прекрасни и сродни кои имавме привилегија да работат на овој финален продукт. Свесна сум дека ќе биде подолг постов, но повеќе од значајно ми е да ви ги споделам сите: 1. Мојот нероден брат кој ја напиша оваа езотерична, вонземска музика и кој реши со нејзиното снимање да ми го даде еден од најпосебните роденденски подароци. Фала ти Стефан! 2. Нашата посебна наставничка по соло-пеење која цело време од мене се труди да го извади мојот и само мојот глас, но пред се чиста емоција уважувајќи го уметникот во мене повеќе и од она што јас си го уважувам. Фала ти Наташа! 3. Нашиот аранжер и продуцент кој направи Езеро од чај да звучи многу блиску до она што си го замислувавме, но и заедно со Нате која вмеша прсти, да ни овозможат уникатно искуство во нивното GreenRoom Sound Studio. Фала ти Дамир! 4. Нашата сакана и обожавана особа Надин која заедно со Стефан ме изненади со нејзиното уметничко дело кое сум почестена да ни го краси спотот и која без никакво сугерирање ја погоди во центар нашата визуелизацијата за Езеро од чај. Фала ти Надо! 5. Нашиот вреден креатор на lyrics видеото кој имаше трпение и отвореност да ни ги услиши сите сугестии иако беше во ек на претсвадбени подготовки. Фала ти Александар! 6. Нашиот фотограф кој ни фаќаше убави, во допир со природата кадри на едно од најживописните места во Скопје (Матка) при што ние уживавме и се забавувавме во целиот процес. Фала ти Марко! 7. Нашите драги и сакани луѓе кои се заедно со нас во животното езеро и кога е разбранувано и кога е мирно и кои ни дадоа огромна поддршка за новава песна за која независно едни од други се изјаснија дека ја доживуваат како созреан музички израз на НИЕ. Проследете ја  во продолжение „Езеро од чај“ на дуото „Ние“:
]]>