дами – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Nov 2023 13:26:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дами – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Спас за дамите Оваа смеса ги отстранува несаканите влакна, а рецептот не може да биде поедноставен https://arhiva.vistina.com.mk/spas-za-damite-ovaa-smesa-gi-otstranuva-nesakanite-vlakna-a-retseptot-ne-mozhe-da-bide-poednostaven/ Wed, 08 Nov 2023 13:26:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326035

Нема ништо поубаво од негувана и мека кожа, но патот до таков резултат не е лесен. Уште повеќе, често е болно, особено кога станува збор за депилација. Сепак, постои рецепт со кој вашата кожа ќе биде мазна, а влакната полека ќе ви растат. Тајната е во смесата со лушпи од орев! Рецепт: Она што треба да направите е да испечете лушпи од ореви и да ги сомелете во прав. Добиената количина треба да одговара на една лажица. Потоа, тој прав измешајте го со еден литар вода и оставете го да отстои 24 часа. Кога ќе помине тој период, промешајте ја течноста, земете памук, натопете го и премачкајте ги деловите од телото од кои сакате да ги отстраните влакната. Оваа постапка треба да се применува 3 пати на ден, додека не ги добиете посакуваните резултати. Во зависност од дебелината на влакната, некои жени ќе доживеат драстично проретчување, додека на други ќе им биде целосно отстранета. Забелешка: Пред да се одлучите за овој тип на отстранување на влакна на телото, консултирајте се со вашиот дерматолог за да дознаете дали вашиот тип кожа може да се справи со тоа. Извор: Курир]]>

Провокацијата колективен дрес-код на роденденот на „Убавина и здравје“: Познатите Македонки која од која посекси, а Вера Мештеровиќ заедно со широката насмевка ја сподели и долната облека (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/provokatsijata-kolektiven-dres-kod-na-rodendenot-na-ubavina-i-zdravje-poznatite-makedonki-koja-od-koja-poseksi-a-vera-meshterovik-duri-i-ja-pokazha-dolnata-obleka-foto/ Thu, 18 May 2023 09:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302587

Перманентноста и истрајноста во медиумскиот простор во земјава е тешка, напорна и макотрпна упопорност и стремеж кон успехот. „Убавина и здравје“ успеаја во тоа дури и повеќе од деценија. Вчеравечер во еден ноќен клуб во градскиот парк во Скопје се славеа два родендени, односно два во едно, 15 години за магазинот „Убавина и здравје“ и уште 10 јубилејни за порталот „Убавина и здравје.мк“. Горди на успехот што го постигнале и приканата што досега ја испишале, пратија покани до колегите, естрадата, соработниците... Доделија и награди за општествено одговорни компании, групи и поединци - филантропи. Роденден е свеченост, па како што е редот, славениците треба да се испочитуваат со честитка и желба за многу повеќе од гостите кои дојдоа дотерани од глава до петици и со најважниот аксесоар – насмевката. Дамите секако беа во фокус, а иако немаше одреден дрес – код, провокацијата суптилно излезе дека била најчестиот избор на повеќето од познатите Македонки кои дојдоа да ги испочитуваат славениците и да им честитаат за досегшаното и да им посакаат уште многу повеќе, да се дружат меѓу себе ама и да бидат видени. Пејачки, новинарки, водителки, манекенки, секоја во свој моден филм од стајлиг што мислеле дека е вистинскиот за нив и приликата. Лила секогаш расположена за позирање пред фотообјективите го покажа својот избор на ултра кусо коктел фустанче во металик нијанса и асиметрични пресеци и истакнат макси детаљ кај рамото. Комбинацијата ја заокружила со високи потпетици на платформа во истата нијанса. Дополнителен и најважен аксесоар од целосниот визуелен приказ беше статуетката што Лила ја држеше во рацете, а и припадна за неодамнешната “Најинспиративна приказна” од исповедта за борбата со опаката болест која ја победи. Секоја дама беше маркантна и посебна на свој начин, но ТВ водителката и модел, Вера Мештеровиќ како да издоминира над сите дами. Нејзиниот избор беше транспарентен комбинезон од провидна тантела под кој се гледаше црната долна облека. Гаќичките ниту суптилно немаше намера да ги сокрива, но генерално таа изгледаше префинето без да биде вулгарна, туку напротив доминантна секси дама со наметката како завршеток кој открива онолку колку што треба. А, на моменти и малку повеќе од тоа. Во редот на највпечатливите беше и нејзината колешка, водителката Милена Антовска- Станковска со изборот на црно коктел фустанче со деколтиран корсет од кој во фокусот беа градите, а црните дамски ракавици и високите потпетици дадоа доза на елеганција и гламур. Александра Пановска- Илиевска беше нешто поумерена со комбинацијата од широки свилени принт панталони споени со црно сако под кое имаше тантела, а под неа се гледаше градникот кој и доведе до минимална провокативност. Пред фотообјективот беа и водителките и колешки од утринската програма на ТВ Алфа, Ирена Спировска, Ивана Јаневска, Анастасија Богдановска, и водителката на „Срце на дланка“, Оливера Петрушевска која доби награда за хуман ТВ проект. Четворката од Алфа за разлика од останатите беа умерени и елегантни со избор на едноставни и безвременски парчиња. Русокосата трендсетерка Агнеса Органџиева сакаше да покаже дека брендираното е нејзин избор, овој пат комплет на „Долче и Габана“ со цветен принт од кежуал панталони со висок ластик струк и топ од кој го истакната бујното деколте. Пејачката, модел и мисица Кристина Димитриевска е секаде каде што е забавата, а за неа стајлингот веќе разбирливо мора да биде сексапилен и провокативен. Изборот сега и беше на трико црн шорц комбинезон со пресеци кој ја истакна нејзината совршена градба. Едноставна, но ефектна и впечатлива! Се’ на се“ роденденска забава и моменти кои и тоа како му требаат на јавниот живот во престолнината и цела Македонија. Повод за хумано и убаво, мерак за покажување, а и уважување. Нека е честит роденденот и со годините да се множат уште многу вакви пригоди за сатисфакција, поттик, па и модна парада. Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Топ 6 романтични бикини за дамите со облини: Во нив ќе се чувствувате како кралици на плажата https://arhiva.vistina.com.mk/top-6-romantichni-bikini-za-damite-so-oblini-vo-niv-kje-se-chuvstvuvate-kako-kralici-na-plazata/ Wed, 07 Jul 2021 12:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210120

Време е на годишни и летни одмори, затоа треба да изберете костим за капење во согласност со вашата фигура. Ако сте украсени со вистински женски облини, не мора да се одлучите исклучиво за едноделни костими за капење – можно е и бикини. Ова лето, костими за капење со цветен дезен се полн погодок, но и со мали исечоци, како и светло обоени. Доколку имате малку поизразен стомак, успешно ќе го покриете со избор на бикини со длабок долен дел, а различните тропски дезени, како и контрастот на боја се хит. Скријте ги посилните раце Варијантата со карнери околу рамената може да послужи и како летна маица. Долниот дел од костимот за капење убаво ќе ги прегрне малку пошироките колкови. Темните гаќи и топ со животински принт се добитна комбинација Заедно со темниот долен дел, добар животински отпечаток ќе изгледа одлично. Дополнителен бонус со ова бикини е тоа што го крие салото на грбот. Нагласете ги градите, скријте го стомакот Костим за капење во една портокалова боја ќе одговара на тенот. Засилувањата под градите и ременот кој е лесно врзан за половината, ќе направат да изгледате модерно. Ако имате посилни надлактици и стомак … Комплетен хит оваа сезона е дводелниот костим за капење во боја на сонцето со интересен горен дел. Длабоките гаќички го покриваат стомакот, а спуштените карнери на горниот дел од бикини ги маскираат пошироките надлактици. Тропска кралица Тропски мотиви на горниот дел со маслинесто-зелен длабок долен дел се одличен избор за ова лето. Накитот дополнително ќе ја нагласи оваа комбинација. Половината и градите во преден план И, конечно, секогаш привлечен костим за капење во цветен дезен со мали исечоци ќе ја покаже вашата романтична природа. извор: попара.мк ]]>

Оваа модна комбинација е полн погодок: Вака облечена, секоја дама изгледа витко и женствено https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-modna-kombinacija-e-poln-pogodok-vaka-oblechena-sekoja-dama-izgleda-vitko-i-zenstveno/ Wed, 13 Jan 2021 13:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184986

Пејачката Ешли Робертс нѝ даде одличен предлог за следниот стајлинг. Денеска ви претставуваме идеална модна комбинација која изгледа апсолутно шик и која ги сокрива вишокот килограми. Ваквите кроеви стануваат сѐ попопуларни, а комбинацијата на длабоко здолниште и пократок топ изгледа многу моќно. Освен што се во тренд, овие парчиња визуелно создаваат фигура на песочен часовник. Ваквото здолниште, поради подлабокиот крој, ги сокрива сите недостатоци на струкот, а облините доаѓаат до израз. Токму затоа, вака облечена секоја дама изгледа женствено и послабо. Поради дезенот, целата комбинација изгледа поинтересно, а од друга страна тој е доволно суптилен и нема да направи фигурата да изгледа покрупно. Без дилема, овој стајлинг вреди да се ископира. Доколку не сакате да го истакнувате стомакот, можете да облечете само црна маица одоздола и пак ќе изгледате одлично. извор:точка.ком.мк]]>

Познатите естрадни дами во регионот збудалеа по овој бизарен тренд: Трпат болки, им остануваат дупки, а за тоа даваат 3.000 евра!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-estradni-dami-vo-regionot-zbudalea-po-ovoj-bizaren-trend-trpat-bolki-im-ostanuvaat-dupki-a-za-toa-davaat-3-000-evra-foto/ Thu, 01 Oct 2020 10:47:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169441

Последните месеци вистинсколудило кај познатите и славни девојки предизвика новиот естетски тренд кој во светот популарно се нарекува „мачкини очи“. Комплетната постапка се изведува под локална анестезија, со подигнување и засекување на аглите на очите и веѓите во „мачкин изглед“, т.е. темпоралното кревање вклучува подигнување и затегнување на кожата и поткожното подрачје на темпоралниот регион. Ова го решава проблемот со спуштени веѓи, дел од челото и спуштени надворешни агли на окото, и на тој дел од лицето му дава сосема поинаков изглед. Овој третман главно е наменет за жени кои се во доцните триесетти и четириесетти години, но тоа го прават и многу помлади девојки, токму затоа што сакаат да ги искосат очите што е можно повеќе, за  да изгледаат што поегзотично. Многу имиња од регионалната поп сцена ја извршиле оваа постапка, а меѓу нив се: Љупка Стевиќ, Сораја Вучелиќ, Ивана Шопиќ, Андрена Чекиќ, Станија Добројевиќ, Ана Кораќ, Драгана Митар, Миљана Кулиќ, Драгица Златиќ, Маја Маринковиќ, Јулија Стевановиќ , хрватската старлета Кристина Мандарина... и ред други. Но, она што е можеби голем проблем кога станува збор за оваа интервенција, е тоа што по интервенцијата, може да се забележи дека на кожата остануваат дупки од постапката. Резултатите исчезнуваат по неколку месеци, а повредите се видливи. На  страницата на еден познат пластичен хирург, цената на овој третман, кој вклучува лифтинг и третман на закосени очи и веѓи, цената изнесува  3.000 евра.]]>

Најефикасниот начин за слабеење за дамите над 45 години- Особено корисно по празниците https://arhiva.vistina.com.mk/najefikasniot-nachin-za-slabeenje-za-damite-nad-45-godini-osobeno-korisno-po-praznicite/ Fri, 10 Jan 2020 13:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128331

Со сигурност сте слушнале за т.н монодиети. Станува збор за исклучително ефикасен начин да се ослободите од вишокот килограми, што е особено корисно по празничниот период. За оние што за првпат се запознаваат со терминот на монодиета, потребно е да знаат дека се работи за диета при која се консумира само еден производ во текот на неколку дена. Слабеењето на овој начин се смета за навистина тешко, но пак со видливи резултати. Денес ќе ве запознаеме со најефикасната монодиета, која е особено корисна за дамите над 45 години. Диета со млеко Потребно е на секои 2-3 часа да се храните со млеко, а 15 минути пред секое хранење се препорачува да испиете чаша топла вода или билен чај. Планирајте го вашиот ден, така што вечерата да не биде покасно од 3 часа пред спиење.

Мени за 7 дена

Понеделник: За целиот ден треба да испиете 600 мл нискомаслено кисело млеко и да изедете 6 варени компири, без сол и зачини. Вторник: Поделете ги во неколку оброци количеството од 600 мл нискомаслено млеко и 900 гр нискомаслена урда. Среда: Потребно е да консумирате 600 мл кисело млеко и изберете од вашите омилени зеленчуци (со исклучок на компирите). Четврток: Испијте 600 мл млеко и консумирајте не повеќе од 400 гр варено пилешко месо. Петок: Практикувајте го истото мени како за Среда. Сабота: Ден за детоксикација. Може да пиете млеко, билни чаеви и чиста вода колку и да сакате. Недела: Повторно применете го менито за Среда. извор:нане.мк]]>

Дарко Спејко со својот впечатлив изглед ги засени дури и дамите на „Influenser Awards 2019“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-so-svojot-vpechatliv-izgled-gi-zaseni-duri-i-damite-na-influenser-awards-2019-foto/ Tue, 03 Dec 2019 08:38:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121874

Во еден познат скопски ресторан, вчеравечер се одржа настанот „Influencer Awards 2019“, каде на исто место се собраа нашите познати личности кои преку социјалните мрежи работат и се промовираат како инфлуенсери. Иако во светот ова е професија која носи голема заработка, кај нас полека станува тренд и можност за дополнителен финанскиски прилив за неколкумина. Македонските водителки и манекенки беа најприсутни, како едни од најактивните на ова поле. За овој настан секој се потруди да изгледа впечатливо, особено дамте, но со својот ултра ефектен стајлинг, овој пат се издвои припадник на посилниот пол. Станува збор за кумановецот, ријалити учесник и инфлуенсер, Дарко Спејко,  кој се појави во модерна и елегантна комбинација од карирано елече споено со бела ролка и панталони во истиот дезен. Нема сомнеж дека Спејко со впечатливата црвена боја и храбриот спој на парчињата облека, отскокнуваше дури и од дамите. Иако можеби очекувавте Лила Филиповска како највлијателна инфлуенсерка повторно да ја добие главната награда, истата сепак отиде во рацете на Стефанија Кржеска. Настанот го организираше „Убавина и здравје“ и „Колор медиа плус“, а домаќин, иако не  инфлуенсер, беше водителот Марко Новески. Како што е редот, на сите мобилните им беа во рацете, и за своите следбеници кои ги донесоа до тоа место, споделија неколку моменти од атмосферата. ]]>

Она што сите жени го обожаваат им е забрането на дамите во кралското семејство https://arhiva.vistina.com.mk/ona-shto-site-zeni-go-obozavaat-im-e-zabraneto-na-damite-vo-kralskoto-semejstvo/ Tue, 01 Oct 2019 11:10:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110120

Протоколот на кралското семејство налага дека дамите не смеат да имаат маникир или педикир во боја. Затоа ноктите на жените од кралското семејство секогаш се негувани и уредни, но никогаш излакирани во боја. Единствената боја која им е дозволена се “нуд“ тоновите, а едниствениот лак за нокти кој кралицата Елизабета го користи е „Ballet slipper“ од брендот „Essie“, многу дискретна нијанса на розова која ја користи од 1989-та година. Единствената членка од кралското семејство која не се придржува до овој протокол е Меган Маркл која во една прилика се прошетала со црна боја на лак на ноктите. Кејт Мидлтон пак, ги почитува правилата па така носи такви бои на лак за нокти кои се многу дискретни - розови нијанси, а делуваат целосно природно. Доколку и вие сакате да го постигнете кралскиот изглед на нокти треба да користите протеинска база која ќе ги храни вашите нокти. Треба да ја нанесете како лак за нокти, по можност во два слоја и за само еден месец вашите нокти ќе изгледаат уредно и природно како да сте член на кралското семејство.]]>

За една ноќ во хотел платиле 1 200 евра: Еве колку пари потрошиле познатите дами за луксузен одмор https://arhiva.vistina.com.mk/za-edna-nokj-vo-hotel-platile-1-200-evra-eve-kolku-pari-potroshile-poznatite-dami-za-luksuzen-odmor/ Tue, 10 Sep 2019 10:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105961

Иако календарски се уште е лето, летните одмори речиси завршија, освен за оние кои се одлучиле во септември да заминат на некоја дестинација. Познатите дами оваа години не се штедеа да се почастат со некое патување за кое платиле неколку илјади евра. Меѓу нив и пејачката Наташа Беквалац која ова лето беше на Миконос, а престојуваше во една луксузна вила. „Не само што апартманот се наоѓаше на плажа туку бил и комплетно уреден со сопствен двор и базен. Наташа на плажа ужива во најскапите коктели кои чинат околу 50 евра. Ми кажа дека потрошила 10 000 евра на сместувањето, превозот и уживањето“ вели извор. Марина Вишковиќ не штедела за летно патување, па така крајот на јули го помина во Америка каде ги посети Њујорк, Мајами и Лас Вегас каде што била сместена во еден од најлуксузните хотели. „Марина ја обожава Америка, а отсекогаш сакаше неколку дена да помине во Лас Вегас и да ги посети сите знаменитости, но и да посети некои обложовалници. Таа за овој одмор мораше да издвои неколку илјади евра“ вели извор. Николина Пишек и нејзиниот сопруг крајот на пролета го поминаа на Сејшели каде што една ноќ во хотел чини 1 200 евра. Николина одлучи крајот на летото да го помине на Ибица. „Таа во Шпанија замина со ќерките. Иако е познато дека Ибица е едно од најскапите места во светот посебно во август, на Николина тоа не и е проблем.Таа не гледа дали ќе јадете во ресторан каде за вечера ќе мора да платите и до 500 евра или да купи нешто од улица, туку им ги исполнува желбите на децата. Исто така, за лежалките и пијалок на плажа ќе издвои и до 100 евра“ вели извор.]]>

Како треба вистинските дами да се однесуваат на социјалните мрежи? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-treba-vistinskite-dami-da-se-odnesuvaat-na-socijalnite-mrezi/ Thu, 11 Jul 2019 11:30:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97211

Фактите од типот: Кога сте станале од спиење, колку време поминавте во тоалет, што сте зготвиле, дали партнерот се напил во кафана или ви подарил нови чевли, дали децата ви се најубави или не, како сте го преуредиле станот, дали сите мажи се завртеле по вас денес, се факти кои, драги мои, не мора да ги расфрлате пред поширок аудиториум. Со појавата на интернетот, она што се чуваше зад затворени врати, она што се коментираше на кафе со најдобрата другарка или она што се подразбираше како секојдневен дел од животот, денес стана еден вид на статус. Отворањето на профил на социјалните мрежи многумина го поистоветија со добивање на членска карта во здружение на новинари или друштво на писатели. Убаво ми велеше мајка ми… Се сеќавате, мајките нѐ учеа дека своите радости и таги треба да ги споделуваме со најблиските. Тие нѐ учеа да бидеме дами – затоа што гардеробата и парите не се работи кои создаваат една дама. Дама е онаа која од куќата умее да направи дом, достоинствено да го носи секое парче облека на себе, да ги сочува семејните тајни, да воспита скромни и образовани синови и ќерки кои ќе дојдат до углед во општеството преку својата работа и убави манири. Тоа е подолгиот, но и посигурниот пат. Ова се моите 5 минути Кога ќе помислам да објавам нешто, прво помислувам: Дали се ова моите 5 минути? Дали поради тие неколку минути виртуелна слава треба моите пријатели, семејство и колеги да сносат последици за цел живот? Дали поради сликите во костим за капење ќе бидам одбиена на некое работно место? Дали моето дете во училиште ќе биде мета на исмевање поради тоа што јас сум ставала слики од него во неговото нокширче? Дали мојот сопруг ќе биде исмејан и понижен поради статусот во кој се обидувам да ја подигнам мојата самодоверба со муабети за тоа како млади дечки се вртат по мене? Дали тие 5 минути вредат за сѐ што навистина вреди во нашиот живот? Џентлменски/дамски договор Мажите зборуваат за сѐ. Се фалат со своите успеси и „улови“. Мажот кој освојува е фраер, мажите и кризата на средновечни години – тоа се стереотипи со кои сме растеле. Џентлменски договор секогаш подразбирал дека за приватноста не се зборува. Дамскиот договор никогаш не постоел, но изгледа треба да се состави. За нашите успеси другите треба да зборуваат, затоа што дури тогаш она што сме го правеле добива на вредност. Успехот на нашите деца е нивен успех. Нашето задоволство е од нив да создадеме вредни и чесни луѓе и да се гордееме со нив. Кризата на средновечни години ги погодува и двата пола и лечењето на стравот од стареење не треба да биде јавна тајна – насмевката на маж во проаѓање, убав збор и комплимент, тоа се работи само за нашата душа. Мелем за сив ден, пеглање на душата со уште една брчка настаната од насмевнување, средената фризура и нокти треба да бидат само за нас, новата гардероба, машина за перење садови и автомобил – тоа се работи кои и треба да си ги дозволиме во средновечните години, затоа што можеме да си ги дозволиме, но не и да се фалиме со нив и со тоа да повредуваме луѓе кои не можат да си го дозволат тоа. Размислете два пати Да бидеме искрени, секогаш постоел феноменот на ширење приказни. Но, драги мои, тие приказни на крајот се како прашина која по топлото лето исчезнуваат носени од есенскиот ветар. Денес сѐ што објавувате станува јавна сопственост, датуми, лица, дури и она што сте го јаделе и пиеле тој ден останува како доказ против вас. Не можете да го порекнете она што сте го запишале. Следниот пат кога ќе посакате да објавите приказна од приватниот живот прво помислете на тоа дали со тоа го кршите дамскиот договор. Размислете дали некој од вашите блиски ќе биде компромитиран со вашето пишување, дали некој ќе се почувствува повикан, дали тие неколку зборови кои сакате да ги напишете се повредни од вашето семејство, дом и деца? Сетете се и на своите мајки и запрашајте се: што би рекла мајка ми кога би го прочитала ова? Дали би била горда на вас или би ви рекла дека не ве воспитала на тој начин? Почитувајте го дамскиот договор: луѓето нема да помислат дека не сте интересни ако умеете да ги чувате и своите и туѓото достоинство. Размислете два пати пред да објавите нешто. Верувајте дека вреди. извор: курир.мк]]>