далибор ѓошиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Sep 2022 11:27:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png далибор ѓошиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анета и група “Молика” со вас ќе споделат малку романтика во нивната нова песна – “Дари ми љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-i-grupa-molika-so-vas-kje-spodelat-malku-romantika-vo-nivnata-nova-pesna-dari-mi-ljubov-video/ Fri, 16 Sep 2022 11:27:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267375

За љубовта вреди секогаш да се пее…и кога сакаш и кога си сакан, и кога си бескрајно среќен и кога си тажен. Таа како неисцрпна инспирација раѓа најмногу музички хитови, ама отпеани од вистинските грла. И токму од едно такво грло и напишана од едно вистинско романтично срце какво што има познатиот македонски фолк изведувач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ, ни доаѓа новата песна реализирана летово, со наслов: “Дари ми љубов” во исполнение на Анета и групата “Молика”.  Даки го потпишува и аранжманот на песната, а истата е снимена во студиото “XL Момировски”. За видеото се погрижи “Арт студио” – продукција, кое го реализирал Дејан Ѓогиев, а истото е снимено на  сцената  на Домот на култура во Битола. Танцот кој секогаш оди заедно со љубовта и песната во изведба на членови на танцовото студио  “Ритам Плус” од Скопје. Ако сте вљубени, среќни и исполнети користете го секој слободен момент за дружење со музиката, онаа која ја храни или пак лечи нашата душа и го продолжува нејзиниот век. Заедно со убавите љубовни песни и оние кои знаат преку нив секогаш да допрат до својата публика… Како што тоа го прават Анета и групата “Молика” овој пат со најновата “Дари ми љубов”, која можете да ја проследите во продолжение (кликнете ТУКА) . ]]>

Елена Јовческа и Далибор Ѓошиќ во еден глас – „Љубовта не родила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-jovcheska-i-dalibor-gjoshikj-vo-eden-glas-ljubovta-ne-rodila-video/ Fri, 28 Jun 2019 12:01:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95217

Познатата фолк пејачка Елена Јовческа и нејзиниот колега Далибор Даки Ѓошиќ, го промовираа спотот за првата заедничка песна која носи наслов „Љубовта не родила“.
Спотот се снимаше на неколку локации во селото Прибилци, а го изработи ИН продукција. За периодот кој следува тие најавуваат и нови дуетски песни, но и заеднички настапи и патувања надвор од земјава.
Далибор не го криеше задоволството од соработката со ИН продукција и вели дека е презадоволен од крајниот резултат.
„Презадоволен сум и мислам дека направив добар потег во смисла на дуетот со мојата колешка. Мислам дека песната ќе вроди плод, навистина е прекрасна, љубовна, македонска песна со преубав спот. Очекуваме позитивни критики и доста настапи“  - искрено вели пејачот.
Далибор за следниот период најавува уште една дуетска песна со Јовческа, но во помодерен стил со што би се опфатиле сите генерации.
„Најпрво да помине овој дует, да го промовираме заедно со Елена за Македонците насекаде во светот да слушнат за што станува збор, а за понатаму ќе оставам да ја стокмам песната до крај,  за да оставам квалитетен готов производ“ - заклучува Ѓошиќ. https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=SWwGE6ofOQw]]>

Снеже Радичевска – „На сред село, чешма шарена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-radichevska-na-sred-selo-cheshma-sharena-video/ Mon, 12 Feb 2018 12:35:59 +0000 http://vistina.mk/?p=12470

Македонската фолк пејачка, тетовчанката Снеже Радичевска, со песната и спотот „На сред село, чешма шарена“ го најавува и својот прв солистички албум насловен  „Желбо моја“ . Видеото инаку е снимено на внимателно избрани локации, за реално да се  долови суштината на песната, која е само уште еден показател дека имаме непресушен извор од каде „излегуваат“ навистина убави македонски таленти и фолк музика.
Спотот се снимаше на две локации: во кругот на „Лешочкиот манастир“ и во селото Беловиште, тетовско, и се надевам дека навистина  ќе наиде на убави коментари од публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана, бидејќи сите ми се посебно драги“ - вели Снеже.
На албумот „Желбо моја“ ќе се најдат девет, новокомпонирани, новосоздадени македонски песни, со фолк, етно, па дури и поп-фолк призвук, а поголемиот дел се работени во студиото „Гранд“, заедно со Далибор Ѓошиќ.
Освен Далибор и неговото „Гранд студио“, на албумот како соработници се потпишуваат и Дејан Момировски, Борче Нечовски, Љупчо Павлоски, Љупче Василев…
Наскоро Снеже, ја очекува и турнеја надвор од Македонија, каде оди заедно со Далибор Ѓошиќ, а песните од нејзиниот нов албум први ќе ги слушнат нашинците кои живеат во Шведска, Данска, Австралија и Америка. https://www.youtube.com/watch?time_continue=75&v=aDuGFqtqNRM]]>